post

Започнување на бизнис: Фактори на кои треба да се внимава

Претприемач новогодишно 2012

Претприемач новогодишно 2012

Постојат одреден број на фактори на кои треба да се внимава при започнување на нов бизнис, за да може бизнисот успешно да функционира.

Иако постојат многу фактори кои можеби ќе предизвикуваат главоболки во оваа фаза, сепак треба да се обезбеди фокусот на претприемачот на најважните од кои можеби и ќе зависи иднината на бизнисот.

Да ги разгледаме оние фактори на кои треба да биде посветено посебно внимание од страна на претприемачот.

#1 Пазарна студија

Пред да се превземе некаков чекор во врска со отпочнување на нов бизнис, потребно е да се испита пазарот и неговите можности.

Потребно е да се утврди каков пазар имало пред пет години, а врз база на тоа и врз база на сегашни истражувања, да се утврди каков пазар ќе има во наредните пет години. Дали пазарот ќе се прошири или ќе се намали? Каква е економската можност на пазарот? Каква е конкуренцијата на пазарот?

#2 Локација

Без оглед дали се работи за производство, услуги или трговија, локацијата претставува клучен фактор при реализирањето на секоја деловна идеја.

При тоа е потребно да се анализираат следниве фактори: 

  • Трошочни фактори (земјата, работната сила, материјалите, транспортот).
  • Фактори на побарувачка (големината на пазарот, локација на конкурентите, потенцијалот на продажбата).
  • Невидливи фактори (склоност кон посебно опкружување, сигурност, други лични и семејни размислувања).

#3 Финансиски барања

Финансиите претставуваат клучен фактор при реализирање на секој бизнис. Тие се потребни како на почеток, при стартување на бизнисот, така и во понатамошниот тек.

Доколку финансиите не се обезбедат во потребната мерка, бизнисот може да згасне.

#4 Правни барања

Кога се отпочнува со новиот бизнис, секогаш мора да се води сметка за правните аспекти во работењето.

Правни совети се потребни во почетната фаза: кога се регистрира претприатието, за прибавување на финансиските средства, за вработување на работниците, за заштита на патенти и друга интелектуална сопственост, при склучување на бизнис-зделка со цел да се оневозможи каква било манипулација од страна на партнери со кои се соработува.

Доколку нема добра правна заштита, можни се судски спорови, а резултат на тоа е најчесто уништување на бизнисот. Доколку сите договори се склучени со почитување на целокупната правна регулатива, тогаш судот ги штити интересите на претприемачот, кога истите се загрозени од други лица.

About Илија Чубровиќ

Speak Your Mind

*