post

Заштита на купувачите

Продажна локација Државата е должна да обезбеди заштита на купувачите. Нивото на заштита на купувачите, од страна на државата, варира од држава до држава и не е секогаш адекватно ниту правично, но скоро секаде постои.

Компанијата при работењето во една земја, мора на таа заштита да смета. Лошо е кога купувачите нагласуваат дека компанијата со своите маркетинг активностите ги навела на погрешен заклучок. Некогаш купувачите и не се свесни за одредени придобивки кои ги нуди производот, па менаџерите со промотивните акции овозможуваат да се дознаат одредени корисни особини на производот.

За да ги одбегнат оптужбите за манипулација, компанијата најмногу сака другите корисници претходно да ги објаснат сите предности на производот или услугата. Купувачите тогаш доаѓаат потполно информирани за сите карактеристики на производот/услугата, па не можат да дадат приговор дека се изманипулирани.

Паралелно со државата, како фактор за заштита на купувачите се јавуваат и здруженијата, чија задача е заштита на купувачите од штетни маркетинг активности на компаниите. Собраните информации за сите проблеми кои се јавуваат во комуникацијата меѓу компаниите и купувачите, здруженијата ги доставуваат до државните органи, кои се должни понатаму да ги заштитат правата на купувачите.

Купувачите се штитат од неетичкото однесување на оделните компании, но во заштита влегува и поширокото општество кое се штити од:

  • еколошки загадувања,
  • преголеми искористувања на природните ресурси и
  • монополско однесување.

На прво место, државата е должна да го заштитува здравјето и сигурноста на купувачите, а потоа треба да спречи постоење на можност за измама од страна на команијата, како: недоволен квалитет на производите, лоша услуга, преголеми цени, монополско однесување и слично.

Доколку се утврдат недостатоци, државата мора да обезбеди надомест за претрпената штета. За остварување на овие активности, државата има свои инспекцииски служби, кои се должни да ја спроведуваат пропишаната политика.

Главно оружје за работење на здруженијата за заштита на купувачите се токму овие институции. Доколку во одредени случаи државните органи не преземат ништо, поради недоволната грижа или поради нечии лични интереси, тогаш здруженијата излегуваат во јавност со собраните информации. Судот на јавноста значи многу за секоја компанија, па во најголем број на случаи компанијата ги исправа девијантните однесувања.

Експертите од определени компании се во состојба да ги прикажат и штетните производи, пример, цигари и алкохол како пожелни, за да ја зголемат продажбата на овие артикли. Па задача на државата е да ги ограничи овие маркетинг активности на компаниите, за да се заштити здравјето на купувачите. Поради овие активности, компаниите кои произведуваат цигари се должни да ги информираат купувачите за сериозните здравствени проблеми кои ги предизвикува пушењето. Како резултат на акциите за заштита на купувачите, дојде до воведување на низа технолошки решенија, кои овозможија зголемување на сигурноста на купувачите како: воведување на сигурносни каиши, воздушни перничиња, појаки конзоли на автомобили, посигурни материјали во индустријата и слично.

Производот не смее да ја загадува околината, доколку после употребата се фрли (доколку материјалите тешко се разлагаат или доколку производот содржи радиоактивни делови и слично), бидејќи се загрозува здравјето на поширока заедница. Потребно е, да може производот да се рециклира. Поради тоа државата пропишува правила за фрлање и рециклирање на тие производи, како и типови на материјали кои мораат да се вградат во определен производ, доколку е тоа потребно. Меѓународните компании најчесто се информирани за овие барања, па сами, во текот на конструирањето и на производството, применуваат голем број на стандарди со што ги одбегнуваат понатамошните можни проблеми.

Купувачот мора да биде информиран за перформансите на производ. Доколку не е задоволен, тој има можност да се обрати директно кај државните органи или во здруженијата за заштита на купувачите. Пријавувањето на проблемот во инспекцијата или во здружението е едноставно, а нивна должност е да ги проверат наводите на приговорот, бидејќи има купувачи кои сакаат да ги злоупотребат овие институции, за постигнување на лична корист. Доколку има приговор на нивниот производ или услуга, компанијата треба позитивно да го реши секое реално барање. Во спротивно може да се вмешаат државните органи, како и медиумите, па да се создаде негативен публицитет. Можни се и законски казни што, никако не е во интерес на компанијата, ни во случај да е во право, бидејќи треба да одвои додатно време и да ангажира стручњаци да го објаснат проблемот, а во некои случаи мораат да се ангажираат и правници, кои би ги бранеле интересите на компанијата. Од друга страна позитивното решавање на реалните поплаки на купувачите, допринесува до позитивна реклама на компанијата, бидејќи на секој купувач кому му е помогнато, своето позитивно искуство го пренесува на уште најмалку 5 луѓе.

Некогаш може да дојде и до нереално барање од страна на купувачите. Во тие случаи компанијата треба внимателно да постапува и доколку штетата не е голема може да се излезе во пресрет дури и на некои нефер барања. Но, доколку е тоа невозможно, треба да се даде реално и рационално толкување за причините поради кои не се исполнети барањата на купувачот, за да се му се објаснат работите и тој да се смири, бидејќи се јавуваат купувачи кои сакаат да даваат приговори и кога се во право, но и кога не се во право. Пример: Може купувачот при нестручно ракување, монтажа или употреба да се повреди или да го оштети производот, а потоа од компанијата да бара да му се надоместат штетите.

Пример од пракса: Во компанијата може некој да краде гориво или масло, ставајки гориво и масло со непропишан квалитет, па потоа да ја обвини производствената компанија дека му продала неисправен автомобил. Да бара големи одштети поради некористење на автомобилот, доколку е превозник и слично. Процесот на докажување е мачен. Во проценката се вклучуваат голем број на фактори, пример роднински и пријателски врски, па спорот може да добие големи и несакани последици.

Законодавството има обврска да ги штити купувачите, но има задача и да ги штити интересите на компанијата, од нечесно однесување на купувачите. Со законот еднакво се штитат интересите и на компаниите и на купувачите. Доколку би се докажало дека купувачот нема право во врска со приговорот, тој едноставно може да се брани со тоа дека немал доволно сознанија и мислел пинаку. Но, доколку е создаден негативен публицитет во јавноста преку средства за јавно информирање или доколку компанијата неоправдано имала проблеми или судски завршници, во зависност од големината на нанесената штета, истата одлучува дали да покрене судска постапка против таквите купувачи, здруженија, а некогаш и држави, заради нанесената штета.

About Илија Чубровиќ

Comments

  1. Неформално Образование says

    нагласуват, доаѓат, компаните, одштети (оштета), непоштеното (неправилно)

  2. Sutevski says

    Исправено освен неправилно кое всушност се однесува на нечесно

Speak Your Mind

*