post

Завршете ја работата без да ја работите

Како еден претприемач сигурно имате многу работа. Многу цели, активности, задачи… Секојдневно…

Во секој случај не е лесно.

Прво треба да се обидете да ја завршите сета работа која треба да се заврши. Сепак нема се ист приоритет. А, понекогаш може да се случи и се да има ист приоритет и да не знаете со што како прво да започнете. Повеќе можете да прочитате во можете ли да приоритизирате кога се е приоритет и кој проект да има приоритет.

Сепак суштината на претприемништвото не е само да се започне бизнис. Суштината на претприемништвото не е само изработка на бизнис план или процес на бизнис планирање. Претприемништвото не е само финансиски аспект на работење и на функционирање на бизнисот.

Претприемништвото е многу повеќе од тоа – градење на еден жив организам, кој ќе продолжи да расте и да се развива и без вас како претприемачи.

Во изминатиот период работевме на новата верзија на премиум претприемач (работно како верзија 2.0) која всушност претставува надополнување на основните 9 модули кои се основните технички аспекти од започнување до успешно водење на бизнисот во неговите главни аспекти како бизнис идеја, планирање, маркетинг… Новата верзија ќе има дополнителни 11 модули (барем кои што се досега скицирани и за кои во моментов ги изработуваме слајдовите и материјалите) кои ќе ве водат чекор понапред од она во првата верзија, а тоа е градење на вистински бизнис и негово водење низ клучните фази на раст истовремено обезбедувајќи ви да го живеете животот од соништата. Во голем дел она што го обработуваме таму се базира на девизата: завршете ја работата без да ја работите.

Што ви треба за да ја завршите работата без да ја работите?

  • Прво ви треба вистински бизнис.
  • Потоа системи (структури и процедури) кои ќе обезбедат рапиден раст и развој на бизнисот кои ќе овозможат соодветно делегирање и аутсурсинг.
  • Променети улуги на вас како претприемач во различни фази.
  • Претприемачки карактеристики на кои ќе треба да работите (овие се надополнети од основните 15 кои ги имаме презентирани тука, но ќе ме извините што дополнителните 10-тина карактеристики кои се резултат на моето долгогодишно теоретско и практично истражување нема да бидат презентирани тука бидејќи едноставно гледам дека со првите 15 многумина се повикуваат без да наведат или цитираат извор што едноставно ме наведе на еден ваков потег).
  • Тим кој победува.
  • Технологија која ви олеснува.
  • Комуникација која го поддржува растот на бизнисот…

Оваа е основата, сепак процесот е нешто што треба да ви обезбеди да создадете навистина жив организам – бизнис кој расте и се развива и без вас по фазата на стартап.

Подетално за верзијата 2.0 на премиум претприемач во некоја друга прилика.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*