post

Жени претприемачи – Воведни забелешки

Овој пост е напишан од страна на м-р Илија Чубровиќ и Проф.Д-р Тодор Кралев за книгата Менаџмент на претприемничкиот бизнис, а е доработен со нови статистички податоци од страна на м-р Драган Шутевски.

Жени претприемачи

Жени претприемачи

Жените претставуват еден голем и значаен дел од светската популација, со несомнено големо влијание во сеопфатното општество. Ако мажите претставуват кров на една куќа, тогаш несомнено жените претставуваат темел на таа куќа. Нивното влијание на сите нас ни е потполно јасно, но ние тука ќе се позанимаваме со однесувањете на жените во професионална смисла – претприемништвото.

Доколку жените се набљудуваат во професионална смисла, може да се забележат големи постигнувања во секоје подрачје. Па, мора да се констатира дека во светските рамки влианието на жените континуирано расте. Одредени сектори кои до вчера како да беа резервирани само за машките се повеќе ги заземат жените. Да ги анализираме неколку позначајни сегменти во општеството:

  • Науката. Има се повеќе жени кои се јавуваат како добитниците на нобеловата награда од сите области на науката како: физика, литература…, што представува големо признание во светот на науката.
  • Спортот. Жените постигнуваат се позначајни резултати во различните спортски дисциплини. Освојуваат и спортови кои до вчера беа резервирани за машките (фудбал, кошарка…). Нивните натпревари стануваат се поинтересни. Се јавуваат повеќе гледачи, како на натпреварите така и пред екраните, што привлекува повеќе спонзори. Со поголеми спонзорства се очекуваа поголеми финансиски резултати, а со тоа се отвара перспектива за уште поголем развој на женскиот спорт.
  • Политика. Во овој сегмент жените влегувале внимателно. Како прво им било потребно да добијат право на гласање. Потоа истакнувале по некоја кандидатка за политичка функција, што во некои случаи се работело повеќе за маркентиншки трик отколку за реална желба да се вклучат жените во политика. Понатаму жените се повеќе ја согледуваат своја моќ која ја имаат како гласачко тело (бидејки популацијата на жените во голем број на земјите е поголем од мажите, што може да се должи на загуби на машката популација во одредени војни или од некоја друга причина, а исто така жените се подисциплинирани и имаат поголема излезност на изборите) па се кандидираат се поголем број на жени дури и за најодговорни позиции во државата. Па, сега веќе има жени кои станале претседатели на држави, премиери, министри… Почнувајки од канцеларката на Германија, секретарките во Стејт Департментот, потпреседателката на Кинеската влада . Ова претставуваат едни од поугледни позиции кои жените ги завземат во најмоќни држави на светот. Секако дека има и други влијателни жени на функциите но ние како пример наведовме неколку.
  • Бизнис. Се поголем е бројот на жените претприемачи, кои успешно работат и остваруваат приход во до вчера машкиот сектор бизнис.

Со ово заклучуваме дека жените не се само предодредене да бидат мајки, сопруги… туку континуирано влегуват во сите пори на општеството. Секако дека овие светли примери не се однесуват на секоја земја во светот. Има држави кои ги стават жените во много неповолна положба, дури од наш агол гледано во положбата на робови, каде им се скратени сите права од едукација, политика, спорт, музика…

Што доведува до волкав подем на жените?

Како прво жените по својата интелегентност, способност, снаодливост… во никој случај не заостануваат зад мажите. Значи тие реално ги заслужуваат тие позиции (а практично веќе се докажани). Веројатно разните претходни стереотипи се виновни зошто порано не дошло до поголем пробив на жените во сите пори од општеството.

Жените и нивната улога во претприемништвото добиваат се поголема актуелност како во развиените земји, така и во земјите во транзиција. Во развиените економии се следат сите фактори кои можат да придонесат за развојот и тие фактори се користат максимално. А во овој случај го анализираме значењето на жените во бизнисот, а и воопшто. Во светот континуирано се појавуваат поволни услови за развој на женското претприемништво, политика, наука… За тоа многу придонесуваат разните лоби групи. Сметаме дека и падот на наталитетот игра големо влијание на се поголемото значење на жените во светот. Доколку некој банкар има една ќерка секако дека ќе инвестира големи средства во нејзината едукација па со текот на времето тие ќе станат моќни фигури за бизнисите. Тие ќе увидат дека нема ништо лошо во тоа жените да се занимаваат со бизнис па понатаму ќе ги форсират свои ќерки, и други жени а ќе дадат и пример како треба да се однесува и на други луѓе што се на се резултира со женскиот прогрес во секоја смисла (наука, политика, спорт, бизнис…).

Многу банкари беа скептични кога се работеше за жените претприемачи и потешко им одобруваа кредити, не ги сваќаа сериозно, но поради докажаните резултати и вроденото внимание на жените тој однос секојдневно се менува. Тука се и фондовите на владите за развој на женското претприемништво, како и финансирање од разни профитни или непрофитни организации. Како главен проблем во работењето се јавува финансирањето и фактот дека не биле сериозно прифаќани како сопственици на претпријатија. Во САД постојат специјализирани оддели во банките кои се задолжени за финансирање на жените претприемачи. Повеќе финансиери се мажи и тие имаат стереотипни размислувања за тоа што жените можат да направат.

Во САД за да се елиминираат пречките на жените во пристап до капитал, се развиени повеќе програми за заеми и кредити. Има и непрофитни организации кои ги финансираат потребите на жените за отпочнување и развој на бизнисот, при што се нудат краткорочни заеми.

Што ги мотивира жените се повеќе да влегуваат во бизнис? Еве неколку фактори:

  • Обезбедување на егзистенцијата,
  • Желбата за независност,
  • Желба за самодокажување,
  • Желба за самостојност во однос на мажот,
  • Желба децата да го наследат бизнисот,
  • Обезбедување на сигурност за староста,
  • Желба за успех и независност,
  • Потреба од сатисфакција во работата,
  • Економски потреби…

На жените претприемачи потребна им е посебна помош во однос на едукацијата, стекнување на специфични способности и знаења, финансирање, техничка помош, влевање на самодоверба преку различни обуки, практична настава и слично.

Едно истражување од Goldman Sachs Group објавено во еден текст покажува дека приходот по глава на жител во Бразил, Кина, Индија, Русија и другите новопојавени пазари може да се зголеми за 14% доколку жените имаат подобри менаџерски и претприемнички вештини. Па затоа компанијата одвои 100 милиони долари за наредните 5 години за едукација на жени претприемачи од земјите во развој кои се сопственици на бизниси кои ќе се квалификуваат за програмот. Уште еден показател за тоа како се гледаат жените претприемачи е и тоа што Светската Банка обезбеди 100 милиони долари до 2012 година како комерцијални кредити за жените претприемачи.

Бизнисите што ги поседуваат жените би растеле многу побргу доколку се овозможи еднаков пристап до капиталот каков што имаат мажите. Жените почнуваат бизнис со многу помалку пари. Тоа е затоа што најчесто започнуваат бизниси во услужните дејности.

Жените најчесто сакаат да работат во малопродажба, домашните ракотворби, шиењето и други услуги, како и работи кои можаат да се извршуваат од дома при што ќе обезбедат соодветна независност и сигурност, но и нема да ги заборават своите обврски дома како жени и мајки. Поседување на сопствена фирма овозможува постоење на флексибилно работно време бидејќи е важноколку ќе се сработи, а неколку се работи. На овој начин жените го добиваат она што го посакуваат, а тоа е од една страна обезбедување на приходи, а од друга страна добиват флексибилно работно време за да можат да се посветат на себеси и на семејството. Корпоративниот живот претставува проблем за жените, бидејки не обезбедува флексибилност на работно време, што на жените им е неопходно, бидејки имаат изразени семејни потреби.

Но, каква е статистиката во однос на жените претприемачи. Во Македонија не се води некоја посебна статистика во однос на бизнисите поседувани од жени. Дури и во западните земји доцна се отпочнало со водење статистички податоци околу работењето на жените претприемачи. Статистичките податоци од САД зборуваат дека пред 1970 година жените биле сопственици на помалку од 5% претпријатијата. Во 1985 поседувале 28%, додека 2006 година имало 40,2% што ни кажува дека 2 од 5 бизниси се поседувани и водени од жените.

Има случаи кога жените земаат помала плата од мажот за иста работа, додека во ниедна литература и истражување не се наведуваат обратни примери кога жената е газда да плаќа помалку за вработените мажи. Што може да биде комплимент за женското однесување.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] треба или не треба да се пишува и зборува за жени претприемачи. Мое лично мислење е дека нема и не треба да постои […]

Speak Your Mind

*