post

Зголемувајте ја продажбата преку следниве чекори

Како еден претприемач, вашата секојдневна задача е да ја зголемувате продажбата.

Како можете да ја зголемите продажбата на вашиот бизнис? Постојат три начини:

  1. Зголемување на број на купувачи.
  2. Зголемување на просечниот износ на вредноста на продажбата од еден купувач.
  3. Комбинација на првиот и вториот начин.

Нема кој не ги знае овие начини. Сепак, едно прашање кое си го поставував во изминативе 5 години е што е разликата помеѓу просечни и надпросечни бизниси кога станува збор за продажбата, а кои се исти по големина и моќ и ги знаат и двата начина на зголемување на продажбата.

Сите одговори, проучувања и тестирања ме доведоа до една силна констатација за таа разлика на просечност и надпросечност, а тоа е стратегија, односно стратешки пристап во дизајнирање и управување со продажниот процес во еден бизнис.

Оние со стратешки пристап имаат подобра продажба во однос на оние кои не користат стратешки пристап. Сепак, повеќе на оваа тема и некои резултати од моето истражување и анализи ќе бидат презентирани во друга прилика.

Тука сакам да потенцирам еден процес за зголемување на продажба како основа на еден стратешки пристап.

1. Конструирајте ја вашата продажна инка

Стратешкиот пристап кога станува збор за продажбата како основа ја користи продажната инка. Таа мора добро да се дизајнира доколку сакате да иградите еден квалитетен продажен процес кој ќе може постојано да се подобрува.

Вашата продажна инка го отсликува движењето на купувачите се до конечно купување, обезбедување на повторување на купување и зголемување на износ на купеното.

2. Анализирајте ја сегашната состојба

Кога веќе имате дизајнирано продажна инка, лесно можете да ги анализирате сите фази во целиот процес.

Целта на анализата е да ги откриете тесните грла, да ја знаете стапката на конверзија меѓу сите фази и да определите чекори за можни подобрувања на самата инка и целиот процес базира на таа инка.

3. Што сакате да постигнете?

Многу е полесно да се дизајнира и редизајнира нешто доколку се знае точно што се сака да се постигне.

Бидејќи го имате дизајнот на продажната инка, лесно можете да тргнете од крајот на истата преку она што сакате да го постигнете и да се враќате наназад од фаза до фаза преку редизајн се до почетокот, односно влезот во инката.

4. Каква е конверзијата?

Прашањето кое постојано ќе треба да си го поставувате како еден претприемач (можеби и секојдневно) е како се движи стапката на конверзија.

Но и тоа не е доволно. Сакате од тоа знаење да произлезе акција. А, акцијата ќе следи кога на сите промени позитивни и негативни ќе си го поставите прашањето зошто.

5. Овозможете повеќе можности

Процесот на продажбата не претставува праволиниски процес. еден неуспех не значи и крај за еден потенцијален купувач во вашата инка. Ќе значи крај доколку не обезбедите повеќе можности како во производите/услугите, така и во самата продажна комуникација која ја изведувате.

6. Влечи ги постојано потенцијалните купувачи низ инката

Задачата на продажната инка е да обезбеди постојано влечење на потенцијални купувачи од фаза во фаза во самата инка.

Сепак, повторно да напоменам дека треба да сметате на тоа дека оваа не е праволиниски процес, ќе имате различни јазли и циклуси кои ќе го претставуваат севкупниот процес. Важно е да постпи постојано влечење, како во Kanban процесот.

Доколку сакате да прочитате повеќе за темава тука ќе најдете повеќе наслови за продажба и купувачи.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. hellassteel says:

    Не чекајте купувачите да ви дојдат на врата, ВИЕ одете кај нив! …лично искуство и далеку поефективно одколку само седење во канцеларија и чекање муштерии.

Speak Your Mind

*