post

Животен циклус на производи

Животни циклуси на производи

Животни циклуси на производи

Животен циклус на производите претставува концепт кој особена популарност доживува во 1960-тите години. Немора да значи дека овој концепт се ограничува само на производи, туку сосема е применлив и за услугите и за оној најнов вид на производи електронски производи.

Она во што навлегува овој концепт е дека секогаш ќе постои раѓање и умирање на еден производ и/или услуга. Меѓу тие два процеса са наоѓаат останатите фази низ кои поминува тој еден производ. Едно нешто е јасно, денес и најиновативниот производ брзо добива своја конкуренција (дури може да се каже и подобрена конкуренција).

За разлика од минатото кога овој циклус можеше да биде подолготраен денеска се повеќе и повеќе се намалува, особено поради фактот на иновацијата која е се поприсутна и подоминантна во денешниот бизнис свет. Од друга страна тука се и купувачите чии навики се сосема променети и секогаш очекуваат нешто ново, нешто повеќе…

Дефинирање на животниот циклус на производите

Прв истражувач кој дава дефиниција на концептот на животниот циклус на производите е Robert D. Buzzell чија дефиниција и денеска е доста користена во научните кругови. Тој овој концепт го дефинира како:

генерализиран модел на продажен тренд за класи или категории на производи во определен временски период и на поврзаните промени во конкурентското однесување.

Очигледно е дека на животниот циклус на производите влијаат продажбата и конкуренцијата. Колку повеќе се намалува продажбата станува јасно дека е потребен нов производ. Колку побргу конкуренцијата воведе нов производ толку побргу ќе треба да се возврати ударот.

Фази во животниот циклус на производите

Најчесто и наједноставно претставување на животниот циклус на производите се претставува како состав од 4 фази:

  • Воведување на производот
  • Раст
  • Зрелост
  • Пропаѓање.

Но, тука може да се забележи дека недостасуваат неколку елементи. Првин, ниеден животен циклус не започнува со воведување. Ајде да го земеме човекот. Тој не го започнува процесот на својот живот со раѓањето. Пред да се роди има цела една фаза која допринесува раѓање на едно бебе. Кога станува збор за производи и/или услуги исто пред да се воведе тој производ и/или услуга се наоѓа фазата на развој.

Во претставените фзи недостасува и завршеток. Можеби вечно ќе се намалува инкрементално продажбата и ќе се наоѓаме во фазата на пропаѓање. Но, одлуката мора да се донесе, а тоа е да се прекине со тој производ и/или услуга.

По фазата на зрелост доаѓа еден подолг период во кој стагнација претставува основна карактеристика. Тоа е периодот кога тој производ и/или услуга се наоѓаат на врвот од својот животен циклус. Но, токму овој период во последно време е се помал и помал.

Па така, наместо 4 фази ќе имаме 7 фази:

Во наредните постови подетално ќе навлеземе во секој од овие фази.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] недела ја отворив темата за концептот на животниот циклус на производите. Секој производ и/или услуга започнува со развојот. […]

  2. […] нов производ и/или услуга е една од најважните фази од животниот циклус на производите. Не дека останатите не се важни, но некако успешното […]

  3. […] Овој пост се однесува на втората фаза од животниот циклус на производите. Воведување на нов производ и/или услуга е една од најважните фази од животниот циклус на производите. […]

  4. […] до фазата раст од животниот циклус на производите. Досега го поминавме развојот на […]

  5. […] до фазата зрелост од животниот циклус на производите. Досега го поминавме развојот на […]

  6. […] до фазата зрелост од животниот циклус на производите. Досега го поминавме развојот на […]

  7. […] до фазата стагнација од животниот циклус на производите. Досега го поминавме развојот на […]

  8. […] опаѓање е предпоследна фаза од животниот циклус на производите. Досега го поминавме развојот на […]

  9. […] елиминација е последна фаза од животниот циклус на производите. Досега го поминавме развојот на […]

  10. […] извесен период завршивме со серијалот за животни циклуси на производите. Како што можевте да забележите од тој серијал вие […]

Speak Your Mind

*