post

Знаете ли кој ви е неконтролиран ризик?

Неконтролиран ризик

Неконтролиран ризик

Кога станува збор за ризикот веќе во неколку наврати пишувавме на претприемач. Она што е интересно е што во најновата верзија на процес на бизнис планирање како дел од бизнис планот додадовме посебен наслов кој се однесува на менаџирање на ризикот и тоа се со цел да се подобри севкупниот процес на планирање.

Но, дали знаете кој ви е контролиран, а кој неконтролиран ризик?

Секој бизнис се соочува со два вида на ризици: контролиран и неконтролиран ризик.

Контролиран ризик

Контролиран ризик е оној ризик кој иако не може да биде во целост предвидлив сепак на некаков начин може да се контролира со што би се намалил неговиот ефект. На пример, за ризик од пожар или некои незгоди преку осигурување се намалува таков ризик.

Неконтролиран ризик

Неконтролиран ризик е оној ризик кој може да има огромно влијание врз бизнисот, кој тешко се предвидува, но и кој тешко се контролира и кога ќе се предвиди. Како неконтролиран ризик кој често се појавува може да биде:

  • економска рецесија
  • појава на нова силна конкуренција
  • нова технологија
  • ценовна војна со конкуренцијата
  • крупни промени кај потрошувачките навики

Во зависност од самиот бизнис, или пак индустријата и пазарот во кој оперира тој бизнис ќе постои и различен неконтролиран ризик.

Она што е важно е дека вие како претприемач мора да се обидете да ги опишете можните чекори кои би ги превзеле доколку се појавив некој ризик од типот на неконтролиран ризик.

На пример, доколку постои веројатност дека ќе дојде до промена на потрошувачките потреби и навики, вие како претприемач ќе имате план како да одговорите на тој можен ризик. Можеби со подготвен нов производ или услуга кои ќе бидат во согласност на тие нови потреби и навики. Можеби со намалување на цените. Можеби со посилни маркетинг активности заради задржување на потребата. Во секој случај таков план ќе ви помогне да не се “изгубите” кога ќе се појави една таква ситуација туку цврсто да газите на патот за решавање на истата.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*