post

Зошто не можете да се организирате?

Колку пати сте се обиделе да се организирате, а резултатите не се разликуваат многу од претходното искуство?

Сте си кажале ли некогаш: “Кога само би можел да се организирам?”. Веројатно, одговорот е: многу пати. Тогаш зошто не можете, или едноставно сакате да го избегнете организирањето на вистински начин?

Оваа реченица, само ако успееме да се организираме ќе постигнеме се што сакаме да постигнеме е постојано околу нас. Но, имаме премногу одвлекување на вниманието, премногу неочекувани работи, премногу различни начини за решавање на проблеми, премногу различни пристапи, премногу различни работи …

Организираните луѓе се попродуктивни луѓе, бидејќи тие знаат што треба да направат, зошто тоа треба да го направат и како треба да го направат. Тоа знаење ќе им овозможи да го направат она што треба да го направат побрзо отколку лицата кои не знаат што треба да направат, зошто треба да направат и како треба да го направат тоа нешто.

Тука, сакам да споделам една од моите листи со 33 причини (изговори) зошто понекогаш едноставно не можеме да се организираме.

  1. Немате доволно време за да се организирате.
  2. Имате премногу работи кои треба да ги направите пред да почнете да се организирате.
  3. Вие не може да си дозволите да бидете организиран.
  4. Има премногу неочекувани работи што ќе ја уништат мојата организација.
  5. Вие сте природно неорганизирани и немате желба за промени.
  6. Вие не знаете што сакате.
  7. Не знаете од каде да почнете.
  8. Сакате да останете во удобноста на сегашната статус кво ситуација.
  9. Оддолговлекувате, или едноставно си велите ќе се организирате утре.
  10. Ќе се организирате подоцна.
  11. Не знаете кои се инпутите за посакуваните резултати.
  12. Не знате какви треба да бидат резултатите.
  13. Не знаете што треба да направите.
  14. Се плашите да се организирате и да ја завршите работата.
  15. Не сте фокусирани доволно.
  16. Не сте го работеле тоа порано.
  17. Немате знаење.
  18. Не знаете за што имате пасија.
  19. Подобар сте во размислување отколку во спроведување.
  20. Премногу е тешко.
  21. На никого нема да му е гајле.
  22. Вашата средина не е подготвена да слушне за тоа.
  23. Вашето семејство нема да дозволи да се организирате.
  24. Нема повраток на инвестиција.
  25. Не е доволно важно.
  26. Не сте подготвени за успех.
  27. Доколку успеете, вашата одговорност ќе се промени.
  28. Неможете доволно да се посветите во моментов.
  29. Не сакате да се обврзете со распоред.
  30. Веќе сте се обиделе, и ништо.
  31. Немате соодветна просторија за вашата работа.
  32. Не можете да престанете да го правите она што го правите во моментов.
  33. Сè е совршено онака како што е сега.

Некои од речениците во листата можат да се гледаат како вистинска реалност, но тие не се тоа, и неможат да се користат како оправдување за нашите неуспешни обиди при организирање.

Дали имате некои од овие причини за избегнување од својата организираност?

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*