post

Зошто некои бизнис идеи не успеваат

На прашањето зошто некои бизнис идеи не успеваат веројатно повеќе пати сум давал одговор тука на претприемач. Но сепак, не можам да кажам дека со 100% сигурност го знаеме ниту пак дека го применуваме онаа што како информација и знаење може да се најде на сајтов.

кога бизнис идеи не успеваат

Зошто повторно едно слично прашање и можеби слични одговори? Затоа што секогаш е актуелно и секогаш се поставува многу повеќе пати од оние кои ја искусиле горчината на неуспех на некоја идеја која изгледала сосема надежна и со неверојатно добра иднина.

Но сепак… Тагата останува…

Се одлучив повторно да ја поттикнам темава од пред некој ден, особено поради фактот што забележав нешто интересно. И можеби оваа што ќе го зборувам тука повеќе ќе се однесува за ИТ базирани бизнис идеи бидејќи сите идеи кои се вткаени во знаењето за овој наслов се токму од тој сектор, сепак во голем дел може да се интегрираат и во други сектори.

Во изминативе неколку години имав добиено 6 различни апликации сеуште во фаза на развој (не од Македонија, туку од САД) со цел да ги пробам и да кажам мое мислење во однос на тоа дали се ОК или не, и доколку не се да кажам препораки за понатамошен развој или подобрувања или дополнителни карактеристики кои би требало да ги содржат.

По проверка и користење од неколку денови, а некои можеби и неколку недели бев искрен, кажав многу забелешки кои не ми се допаѓаат, кажав многу работи кои ми требаат како на еден потенцијален купувач и воочив некои карактеристики или сосема нови или пак подрачја за подобрување на истите.

Но, најголемата искреност, дури и брутално безобразна искреност ми беше „благодарам но нема да ја користам вашата апликација”. По еден таков одговор мојот email инбокс беше преполн со прашања зошто, како, што не е во ред, еве ви ја бесплатно… Едноставно не бев убеден дека треба сегашното решение кое го користам да го заменам со нивното решение.

Можеби моето решение не беше складирано во една апликација, можеби не беше најдоброто, но сепак во тој момент сметав дека онаа што го имав и користев како решение е подобро од онаа што ми се нуди од тие нови стартапи. И се би било ОК, доколку моите препораки беа имплементирани и добиев нешто што ќе биде вредно на мојата мака да се префрлам од едно решение (еден веќе развиен систем на секојдневни навики) кое претставува активен дел од мојот систем на едно сосема друго решение кое ќе биде подобро.

И сега е прашањето што забележав пред некој ден во врска со тие стартапи?

Нешто најстрашно за секој стартап! 5 од 6 веќе не постојат. Ги нема! Ентузијазмот на тимот на кој се сеќавам го нема.

Јас знам дека тоа се брилијантни идеи, знам дека се брилијантни програмери (техничари), знам дека постои огромен потенцијален пазар за нивната идеја, но кај нив недостасуваше нешто сосема друго, а тоа е дека сеуште не се претприемачи. А, претприемачи во таа фаза на развој на идејата (производот) го слушаат не купувачот туку потенцијалниот купувач, а потоа и купувачот.

Па, кој е одговорот на прашањето од насловот? Едноставно, техничкото знаење е да се добие некој облик на производ или услуга, но сепак не е доволно за да гарантира успех. Потребно е да се интегрира купувачот во процесот.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*