Но, кога зборуваме за промените мора да напоменам дека ќе се појават многу препреки и работи со кои ќе се соочите на вашиот трансформационен пат.
На пример, вашите промени ќе бараат добар план, ќе мора да се справите со потенцијалниот, односно можниот отпор кон промени, ќе мора да го водите целиот процес доста прецизно, ќе мора да обезбедите дека се што е планирано ќе биде и имплементирано, ќе мора да проверите дали резултатите од напорите кои вашата компанија ги вложува во процесот на промени ги даваат посакуваните резултати и се навистина вредни, ќе мора да имплементирате различни прилагодувања во текот на самиот процес… И оваа е само дел од работите со кои ќе се соочувате при имплементација на процес на промени.
Тука ќе презентирам 10 чекори кои може да ви помогнат од почеток до крај на еден процес на промени, нормално доколку можеме да кажеме дека еден ваков процес има крај.
- Погледнете во иднината. Ќе мора да погледнете во иднината колку што можете појасно и да видите каде ќе се наоѓа вашиот бизнис, што ќе прави и како ќе изгледа во таа иднина. Постојат многу фактори или извори на промени кои ќе ви кажат што ќе треба да направите, но најдобриот начин за да ја подготвите вашата компанија за неизвесната иднина е да работите на креирање на таа иднина.
- Учете од минатото. Колку станувате поискусни и колку поискусен станува вашиот бизнис, толку повредни информации ќе имате за да креирате подобра иднина за вашиот пазар и секако за вашиот бизнис. Мора да учите од минатото и да го „измиксате” тоа искуство со визијата доколку навистина сакате да имплементирате важни промени во вашата компанија.
- Користете го знаењето вон вашата индустрија. Постојат многу успешни примери кои покажуваат како знаењето од една индустрија која воопшто не е поврзана со вашата индустрија може да доведе до значајни промени во вашата индустрија. Кој ќе биде првиот во имплементацијата, тој ќе биде лидерот во индустријата. Затоа, не се ограничувајте себеси за да ја базирате целата ваша работа на информации и знаење само од вашата индустрија, погледнете многу пошироко околу вас, вашата компанија и вашата индустрија и ќе најдете извонредни можности кои може да бидат имплементирани во работата на вашиот бизнис.
- Почнете да ги прашувате вашите купувачи. Уште еден извор кој може да има големо влијание на вас во иницирање на промените во вашата компанија претставуваат вашите купувачи. Не смеете да започнете да градите нешто пред да ги прашате купувачите за нивното мислење и нивните препораки. Бидејќи на крајот, вашата цел е да го подобрите вашиот бизнис и на таков начин да изградите системи кои ќе им служат на вашите купувачи.
- Планирајте што ќе треба да направите. Иако понекогаш можеби ќе чувствувате дека немате доволно време за да го планирате процесот на промени, сепак мојата препорака е да потрошите дел од вашето време и да го планирате процесот на промени кој ќе треба да го имплементирате. Процесот на промени е доста комплексен процес и без план лесно ќе се најдете разочарате затоа што процесот нема да ги даде очекуваните или посакуваните резултати.
- Изградете чувство на ургентност. Знам дека мислите оти вие сте претприемач или менаџер и вие ја имате моќта за да планирате и иницирате промени. Но, вие во тој процес не сте сами. Можете да се промените себеси, но не можете толку лесно да ги промените другите доколку тие не сакаат да се променат иако во најголем број на случаи процесот на трансформација ќе бара промени и на други луѓе во вашата компанија. Од друга страна, процесот на промени ќе бара поддршка од целиот персонал во вашиот бизнис и доколку не поттикнете вистинско чувство на ургентност дека нешто треба да се преземе, поддршката нема да биде на посакуваното ниво.
- Предвидете го можниот отпор кон промени. Мора да бидете свесни дека секогаш ќе постои отпор без разлика дали ќе биде јавно искажан или не. Лицата со високо ниво на отпор кон промени може да имаат моќ да му наштетат на вашиот процес на промени. Затоа, вие како еден претприемач или менаџер ќе треба да го предвидите можниот отпор кон промени.
- Работете на справување со отпорот. Кога ќе ги откриете сите можни извори на отпор кон промени, во овој чекор ќе треба да работите на справување со истиот. Имплементацијата на процесот на промени ќе биде многу поедноставна без отпор.
- Не запирајте, имплементирајте се што сте испланирале да имплементирате. Сега, кога сте сигурни дека ги треба да ги спроведете вистинските промени, го имате вистинскиот план и веќе ги имате отстрането можниот отпор кон промените можете да започнете со имплементација на процесот. Но, можете и да го прилагодувате во текот на имплементацијата доколку има потреба од прилагодување.
- Прославете и презентирајте го следниот циклус на промени. Последниот чекор е да го прославите успехот на имплементацијата на процесот. Кога ќе стугнете до овој чекор значи дека вашата компанија е многу подобра отколку кога започнавте со првиот чекор, но тоа не значи дека сте го постигнале нивото на перфекција (ако може некогаш да се постигне). Да, завршување на еден циклус на промени значи дека треба да започнете со нов и затоа треба да се енергизирате себеси и вашиот тим прославувајќи го успехот на овој проект и најавувајќи го новиот проект на промени.
Speak Your Mind