Како еден претприемач дали сте се обиделе да обезбедите вашиот бизнис да се разликува од конкуренцијата?
Доколку одговорот е да, сигурно веќе знаете дека тој процес не е лесен, понекогаш навистина болен и бара вложување на голем труд.
Мора да ја следите конкуренцијата. Да знаете што тие прават. Мора да ги слушате купувачите за да знаете дека сите промени кои ќе ги преземете во обезбедувањето на разликата е нешто што тие го сакаат. Мора да имплементирате промени во вашиот бизнис кои ќе бараат многу промени на навики и однесувања во вашиот бизнис.
Тоа се еден вид на крупни организациски промени кои отвораат прашања поврзани со самиот процес на промената, но и прашања поврзани со отпорот кој ќе се појави при имплементација на истите.
Сепак, основата да се разликувате од конкуренцијата е постојано подобрување. Никогаш не треба да се задоволувате со тековната состојба во која се наоѓате иако можеби сте број еден на пазарот. Секогаш ќе постои некој кој ќе ви дише во вратот и ќе се обидува на секое ваше застанување или навлегување во длабок сон да поентира и да ве симне од тронот кој што го држите во моментов.
Подолу се дадени некои чекори кои доколку ги следите ќе ве воведат во процесот на континуирано подобрување во вашиот бизнис и воедно ќе направат секогаш да сте поразлични од вашата конкуренција, но во позитивна смисла на зборот.
1. Постојано разгледувајте ја вредноста која ја нудите
Првото нешто со кое вашиот бизнис конкурира на пазарот претставува вредноста. Вие нудите вредност за купувачите, но и конкуренцијата нуди некаква редност за купувачите и тоа на истиот пазар.
Битката е околу вредноста.
Победникот е оној кој ќе има подобра вредност и ќе обезбеди купувачите да препознаат дека таа вредност е поголема од остатокот на понудувачи на таквата вредност.
Затоа постојано разгледувајте ја вредноста која ја нудите и доколку треба, не бегајте од одговорноста за нејзиното редефинирање.
2. Иновирајте, иновацијата обезбедува долгорочна предност
Редефинираната вредност претставува основа за иновација. Треба нешто да промените во однос на самите производи/услуги или пак процеси за обезбедување тие производи/услуги да стигнат до купувачите.
Доколку не иновирате, некој друг ќе го направи тоа место вас, а вие како еден претприемач сакате да бидете предводник, а не следбеник на пазарот. Тоа е разликата која лесно се воочува од купувачите.
3. Со едното око следете ги купувачите
Купувачите се оние за кои што постои вашиот бизнис и логично е тие да бидат основниот двигател на иновацискиот процес во вашиот бизнис, но и за процесот на обезбедување на долгорочна конкурентска предност.
Едноставно ќе мора да ги слушате вашите купувачи, да го следите нивното однесување, да ги следите нивните се почесто променливи барања и потреби и врз основа на тоа да излезете во нивниот пресрет.
4. Со второто око постојано следете ја конкуренцијата
Иако не треба да бидете преокупирани со овие активности, сепак мерките кои ги преземаат вашите конкуренти се мерки за тие да станат подобри од вас и секако да се разликуваат во позитивна смисла на зборот од вас и вашиот бизнис.
Овој процес бара постојано да го следите однесување на конкурентите. Информациите се добар сигнал за тоа дека нешто треба да преземете и што треба да преземете.
5. Не заборавајте да размислите и за потенцијални конкуренти
Но, освен конкуренти постојат и потенцијални конкуренти, оние кои се подготвуваат да навлезат на вашиот пазар или пак оние кои сеуште не се подготвуваат, но имаат можност или потенцијал да навлезат во иднина.
6. Но, тука се и потенцијални, односно идни купувачи
Освен за сегашните купувачи, вашиот бизнис ќе се бори и за нови купувачи доколку сака да обезбеди долгорочна успешност.
Не смеете да ги заборавите и потенцијалните купувачи, нивните проблеми, потреби и решенија кои што ги користат.
7. Следете го развојот на технологијата
Технологијата постојано се развива. Тоа пак не ви дозволува комоција. Новата технологија претставува инивација која ќе бара постојана иновација од вас.
8. Користете нови технологии
Новите технологии обезбедуваат подобар квалитет, зголемена продуктивност, подобри процеси, зголемена ефективност и ефикасност…
Новите технологии се нешто што постојано ќе обезбедуваат да бидете чекор пред конкуренцијата, затоа користете ги.
9. Имплементирајте промени
Сите чекори бараат или пак се основа на промени. Но, доколку не имплементирате промени, не можете да очекувате ниту дека ќе бидете подобри, ниту дека ќе се разликувате од конкурентите.
10. Бидете трпеливи
Сепак чекориве претставуваат само еден процес кој на долгорочни стази ќе даде резултати. Не можете да очекувате дека од утре ќе можете да ги уживате благодетите на плодовите кои сте ги засадиле со претходните чекори.
Мора да бидете трпеливи и да продолжувате со процесов или подобро кажано со циклусов.
Ови 10 чекори се само една основа. Вашите може да бидат 15, или пак 20 или пак било која друга бројка. Бројката не е важна, важен е процесот и резулатите од него. Работата е постојано да имплементирате нешто ново во вашата компанија и секако самиот овој процес да биде предмет на постојано подобрување
Доколку ве интересира повеќе за оваа тема, можете да прочитате за организациски промени, купувачи или конкуренција.
Speak Your Mind