post

10 изговори од страна на купувачите за да не купат од вас

Кога нешто не сакаме да направиме, секогаш можеме да изнајдеме стотици, па дури и илјадници изговори. И кога купуваме и ни се нафрла упорно здодевен продавач кој едноставно само гледа да ни „натрапи” нешто исто така бараме изговори за да не купиме бидејќи едноставно не сакаме да купиме.

промени чекори

Повторно, нешто што најдов во архивите на старите хард дискови префрлајќи ги од тие стари хард дискови на Time Capsule и повторно документ кој е резултат на работа со еден од моите клиенти уште во 2009 година. Една од моите задачи беше да дојдам до листа на можни приговори кои ќе претставуваат препрека за неговите купувачи да донесат одлука за купување во било која фаза од продажната инка.

Резултатот на таа работа беше листа од над 30 (поточно 34) можни изговори зошто некој потенцијален купувач не би купил од него. Тука ќе презентирам 10 од тие 34 за кои сметам дека се важни.

  1. Сакам подобра цена.
  2. Да размислам малку за да споредам цена со други бизниси.
  3. Вашиот производ има карактеристики кои не ми требаат.
  4. Вашиот производ не е толку добар.
  5. Едноставно вашиот производ не ми треба.
  6. Производите или услугите кои ги нудите се застарени.
  7. Не ги сакам продавачите.
  8. Зошто треба да купам токму од вас?
  9. Можам да го набавам производот и од друго место.
  10. Не можете да ми го испорачате на време.

Не навлегувам во подлабоко објаснување на овие изговори бидејќи сметам дека се доволно јасни. Едноставно целта ми е да ве поттикнам да размислувате посистематично.

Што значи тоа?

Тоа значи дека сега редот е на вас. Фаќајте се за работа. А тоа е:

  • Бреинстормирајте ги сите можни причини кои ги знаете и кои не ги знаете а кои се валидни за вашите купувачи.
  • Направете стратегија за справување со тие причини со што во секоја можна ситуација ќе имате опции за да ги елиминирате тие изговори како такви.
  • Започнете со имплементација на стратегијата.

Прашање: Дали како еден претприемач или продавач сте искусиле некои изговори и кои се најчестите со кои сте се сретнале? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*