Праксата покажува дека повеќето стартапи иако се базираат на многу добра идеја од страна на претприемачот, сепак не успеваат.
Причините за неуспехот може да бидат различни. Тие може да доаѓаат од суштината на бизнисот преку целниот пазар на кој се насочени (на пример, различно е за постоечки пазар и за креирање на нов пазар), може да биде различно и за видот на производот – сосема нов високо-технолошки производ или подобрен постоечки производ…
Ова се само два случаи во кои комбинациите на две карактеристики на еден стартап (пазар и производ) може да креираат различни опасности на патот кон успехот. Но тие не се и единствените. Тука може да биде претприемачот, начинот на дизајнирање на бизнисот, користење на технологија…
Тука би сакал да наведам 10 причини кои не навлегуваат во целост на односите на пазарот и производот (можеби само малку), а кои влијаат на успехот на еден стартап.
1. Недоволна упорност, истрајност и трпеливост од страна на претприемачот
Оваа причина е една од најчестите причини. Процесот не е лесен и не се завршува за еден ден. Потребно е да се поминат повеќе препреки, а за тоа е потребно претприемачот да биде навистина истраен, упорен и трпелив.
2. Затоа и се откажуваат пред да се почувствуваат првите благодети
Немање на истрајност, без упорност и трпеливост претприемачот често пати се откажува пред да се почувствуваат првите благодети од неговата работа (креирање на стартапот).
3. Губење на премногу време во развој на карактеристики за кои сеуште не се знае дали се потребни
Во процесот на креирање на еден стартап се вложува премногу време во дизајн на карактеристики на производот или услугата за кои сеуште не се знае дали се потребни или барани од страна на купувачите.
Кога станува збор за стартапи, времето е многу важна карактеристика, и колку побргу се исфрли производот на пазарот, односно колку побргу тој производ дојде во контакт со купувачите, толку побргу ќе се знае што понатаму.
4. Идеите се вредни, но сами по себе не креираат успешен стартап, само помагаат
Освен вас, многу е мала веројатност дека никој друг ја нема истата или пак сличната идеја.
Разликата ја прават процесите и системите кои ги градите. Затоа преголемото базирање на квалитетот на идејата доведува без соодветен процес доведува до неуспех на стартапот.
5. Купувачите не се вклучени во процесот на градење на стартапот
Стартапите градат производи или услуги за купувачи. Тие се “шефовите” кои кажуваат што сакаат и што понатаму треба да обезбеди еден стартап.
Игнорирање на купувачите претставува сигурен чекор кон неуспех.
6. Стартапот се дизајнира да решава сосема погрешни проблеми
Секој стартап е цврсто поврзан со одреден проблем на пазарот или потреба на членовите на тој пазар. Погрешен проблем и дизајн врз основа на тој проблем претставува пат кон неуспех.
7. Претприемачот не се вклучува во процесот на развој на купувачи
Често пати може да се случи претприемачот да се фокусира кон дизајнот на производот или услугата, а да остави развојот на купувачите за тој производ или услуга да го спроведе некој од неговиот тим.
Сепак, најдобро е претприемачот да биде тој кој ќе контактира директно со купувачите, бидејќи едноставно тој е оној кој ги носи клучните одлуки.
8. Уште во фазите на дизајнирање на стартапот не се дизајнира и начинот на стекнување на купувачи
Дизајнирање на бизнисот значи и јасно дизајнирање на начинот на стекнување на купувачите.
Доколку уште во оваа фаза на еден бизнис не се дизајнира и инката на стекнување и движење на купувачите низ таа инка севкупниот бизнис процес ќе биде некомплетен.
9. Се започнува со градење без соодветна визија на основачот
Дали може да се гради нешто без да се знае што треба да се добие во иднина?
Се започнува од визијата на основачот на бизнисот. Таа е водилка за иднината. Од неа се креираат целите, стратегиите, плановите и конкретните чекори.
10. Недостаток на тим кој е дизајниран за победи
И секако како последна причина ја издвоив недостаток на еден тим во стартапот кој ќе го движи истиот низ сите фази и препреки на патот.
Без соодветен тим на луѓе кои ќе го поддржат растот и развојот на нооформираниот бизнис не може да се очекува успех на истиот.
Speak Your Mind