post

15 Причини за страв – најголемиот претприемачки непријател

Најголемиот претприемачки непријател претставува страв да се започне со нешто за да се стане претприемач. Тоа нешто е започнување на нов бизнис.

Страв

Честопати стравот е оправдан, но сепак доколку дозволите тој да надвладее и да донесува одлуки наместо вас нема сигурно да станете претприемач, нема да можете и нема да го започнете бизнисот од вашите соништа.

Онаа што е поважно е дека можете да ги најдете одговорите на сите прашања и можете успешно да го менаџирате стравот и да биднете успешен претприемач само доколку навистина сакате да направите разлика во светот во кој што живеете. Мора да го менаџирате стравот и да не дозволите тој страв да надвладее со вас.

Тука ќе презентирам една листа од 15 работи кои ќе имаат влијание на зголемување на стравот. Понекогаш тоа се прашања, и понекогаш тоа се некои ваши размислувања. Оваа листа не е конечна листа, но доколку успеете да се справите со овие прашања и размислувања лесно ќе станете безстрашна личност и потенцијален успешен претприемач.

  1. Дали имам доволно знаење да започнам бизнис?
  2. Морам да научам повеќе за претприемништвото.
  3. Имам ли доволно вештини за да започнам и менаџирам бизнис?
  4. Морам да стекнам повеќе вештини пред да започнам.
  5. Што доколку не успеам?
  6. Што доколку ги загубам вложените пари?
  7. Не можам да најдам најдобар начин или чек листа која ќе ме води низ процесот на започнување на бизнис.
  8. Не можам да видам дека успехот ќе дојде брзо.
  9. Мојата идеја сеуште не е перфектна.
  10. Морам уште да работам на редизајнирање на мојата идеја.
  11. Што ќе кажат други луѓе.
  12. Што ќе кажат моите купувачи, односно потенцијални купувачи?
  13. Што доколку другите луѓе и купувачи ми се смеат?
  14. Што доколку ја загубам мојата тековна работа и сигурноста која оди со неа?
  15. Што доколку не можам да работам под притисок?

Добро, оваа листа како што кажав не е конечна, но сепак овие прашања и мисли, односно размислувања кои може да се каже и дека во одреден степен се оправдани, имаат големо влијание на вашата одлука за иднината. Во следниот период сите овие прашања и мисли ќе ги претворам во посебни наслови на претприемач со можни одговори и препораки.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*