post

4 Клучни претпоставки на кои ќе се базира вашиот бизнис

Денес живееме во светот на претпоставки, а не на планови. Денес живееме во крајно неизвесен свет каде плановите во зависност за кој период се однесуваат можат само да не закочат. И денес грешките ни се потребни повеќе од кога и да е.

Бидејќи знаете дека планот нема многу да ви помогне во гарантирање на вашата успешност, туку едноставно ќе ви одземе драгоцено време и пари за што пишував во претходниот пост насловен како планирање на нешто што не може да се испланира.

Таму е мојата шкработина, односно график во кој ги базирам основите на оваа мое тврдење. Но, еве го повторно тука за да не мора да се префрлувате на тој наслов.

вообичаен претприемачки процес

Знаете и дека неизвесноста не може да се елиминира, но може да се биде дел од неа, преку пробувања и решки при што постојано ќе учиме и ќе се подобруваме.

Знаеме и дека успехот на бизнисот ќе се базира на постојана акумулација на мали предности.

Но, за да успееме во тоа ни треба процес. Процес кој ќе обезбеди постојано генерирање на претпоставки, но и постојано тестирање на тие претпоставки и прилагодување согласно резултатите од тие претпоставки.

Тоа е факт. Нема побрз начин да дојдете до успешноста на бизнисот во днешни услови.

Затоа е важно прашањето кои се клучните подрачја во кои ќе ви требаат постојани претпоставки кои ќе бидат предмет на тестирање.

Постојат четири критични подрачја за да успее вашиот бизнис, и затоа тие четири критични подрачја ќе бидат основа за вашите претпоставки.

Кои се тие 4 продрачја?

1. Претпоставки за пазарот

Пазарот никогаш не може да се проучи предвреме и да се познава врз база на тоа проучување. Ако имате искуство со бизнис планот сигурно знаете дека и во него се користат претпоставки за кои непотребно барате докази од историски информации и податоци за што сигурно сте свесни дека губите многу време.

Кога станува збор за овие претпоставки клучни се два вида на претпоставки:

  1. Купувачите – кои се тие, што прават, како живеат, каде се наоѓаат…
  2. Проблеми на купувачи – кои се нивните проблеми, потреби, болки…

На овие претпоставки ќе се базира целиот ваш бизнис.

2. Претпоставки за производот

Второто подрачје каде постојано како еден претприемач ќе реба да претпоставувате се производите. Оваа се претпоставки во однос на решението, ако со претходните претпоставки го претпоставувате проблемот, со овие го претпоставувате решението.

Но, тука претпоставувате и за вредноста која ќе ја понудите и предностите кои ќе ги има вашиот производ или услуга во однос на другите.

3. Претпоставки за поврзување со купувачите

Сега кога веќе сте претпоставиле кои се купувачите, кои се нивните проблеми, кои решенија ќе ги понудите за нивните проблеми како и вредноста и предноста на тие решенија, можете да работите на претпоставки за тоа како таа вредност ќе стигне до купувачите.

Тука создавате претпоставки за каналите и продажниот процес кој ќе го користите.

4. Претпоставки за парите

И четвртото подрачје на значајни претпоставки за вашиот бизнис претставуваат парите.

Овие претпсотавки се однесуваат на трошоци за стекнување на купувачи, вредноста на купувачите, приходите…

Сите овие претпоставки се дел од детално образложение со создадени алатки за нивно разработување во модулот 1 на премиум претприемач 2.0.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*