Вашиот бизнис треба да биде поразличен од вашите конкуренти. Затоа и треба да работите постојано за да го направите вашиот бизнис секогаш да биде поразличен од останатите на пазарот. Но, оваа задача не претставува задача која се спроведува и завршува еднаш и само еднаш. Правње на вашиот бизнис поразличен од конкурентите ќе бара од вас постојано откривање и подобрување на секој можен аспект на работата на вашата компанија.
Во овој наслов, сакам малку да зборувам за оваа тема и да споделам 6 прашања чии одговори ќе ве однесат до можни идеи за диференцијација на вашиот бизнис во однос на сите останати на пазарот кои конкурираат со вас за истите целни купувачи и нудат производи и услуги кои решаваат ист проблем кој вашиот бизнис го решава за вашите купувачи.
- Што сакаат вашите купувачи? Секогаш започнувајте со вашите купувачи, тие се најдобриот извор на информации за вас и вашата компанија. Започнете да ги прашувате вашите купувачи што тие сакаат од вас и како можете да им помогнете за да успеат во нивните намери и реализација на нивните цели. Потоа, кога ќе откриете кои се посакувањата и желбите на купувачите едноставно можете да започнете со работа во вашата компанија за да им го испорачате токму тоа што тие ви го кажале. На таков начин, доколку имате изградено силни односи со вашите тековни и потенцијални купувачи секогаш ќе можете да испорачате и повеќе од нивните очекувања што пак ќе претставува најдобра можна диференцијација на вашиот бизнис.
- Кои индустриски стандарди во моментов функционираат? Секоја индустрија си има свои сопствени стандарди кои едноставно се следат од страна на компаниите кои ја сочинуваат таа индустрија. Но, зошто да не се обидете да ги подобрите стандардите, да испорачате и повеќе од онаа што тие стандарди го бараат или пак едноставно да ги промените стандардите, да ги направите повисоки од досегашните. Доколку успеете во овие намери, ќе бидете лидер во индустријата во која се наоѓате, некој кој е поразличен од сите останати.
- Каде вие и вашите конкуренти сте исти? Оваа трето прашање е поврзано со вашите конкуренти и едноставна споредба помеѓу вас, вашиот бизнис и вашите конкуренти. Не можете да се разликувате од конкуренцијата доколку сте исти. Одговарајќи го оваа прашање ќе ви даде една листа на онаа што ќе треба да го подобрите во вашиот бизнис за да се разликувате од нив.
- Кој вид на проблеми ги игнорирав во минатото? Сигурен сум дека имате еден куп на проблеми кои сте ги игнорирале во минатото. Веројатно затоа што и вашите конкуренти исто така ги игнорирале. Зошто да не се обидете да ги решите, да го подобрите вашиот бизнис и на таков начин да го направите поразличен од конкурентите.
- Што можам да подобрам во мојата компанија? Петото прашање е поврзано со вашата способност постојано да работите на подобувања на вашиот мал бизнис. Доколку имате секојдневни подобрувања, ќе бидете лидер, некој кој е поразличен од останатите на пазарот.
- Што е онаа што моите конкуренти го прават, а јас можам подобро да го правам од нив? И како последно прашање сакам да размислите повторно за вашите конкуренти и онаа што тие во моментов го прават за да бидат подобри од вас. Кога ќе откриете што прават, размислете за можните начини како да започнете да го правите истото, но во подобрена верзија.
Мислам дека овие прашања и нивните одговори никогаш нема да ве остават без можни идеи за да се разликувате од останатите. Користете ги секојдневно и ќе направите разлика во вашата индустрија.
Прашање: Што е онаа што вие го правите за да го разликувате вашиот бизнис од останатите? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.
Speak Your Mind