Но, прашањето е како можете да го создадете најдобриот процес на вработување кој нема да толерира грешки? Ја нагласувам 0 толеранција за грешки бидејќи знам дека грешките во процесот на вработување ќе ве чинат премногу. Доколку ви е дозволено да правите грешки во другите процеси како дел од вашето претприемачко учење, кога вработувате немате некој голем простор за грешки.
Тука, сакам малку да зборувам за 6 важни прашања за кои ќе треба да размислите кога сакате да изградите ваш процес за вработување во вашиот бизнис.
1. Дали навистина имам потреба за вработување?
Да, првото прашање е тука за да ве поттикне да размислите за реалните потреби кои ги имате кога станува збор за вработување, односно градење на тим.
Дали навистина имате потреба да вработите некого?
Или уште подобро е да се запрашате дали навистина имате потреба да вработите специфично лице за специфични задачи.
Многу пати имам видено како претприемачите прават грешка кога станува збор за оваа прашање. Едноставно, тие вработуваат бидејќи сакаат да помогнат некому од семејството, сакаат да ги вклучат во нивниот бизнис тим нивните пријатели итн.
Но, што е со нивниот бизнис? Дали бизнисот навистина бара некого?
Вработување само заради вработување не е нешто што ќе додаде вредност за вашиот бизнис, а процесот на вработување треба да обезбеди поголема вредност за вашата компанија.
2. Што навистина ми треба од процес на вработување?
Следното прашање се однесува за вашите потреби како еден претприемач и потребите на вашиот мал бизнис.
Што навистина ви треба од процесот на вработување?
Дали е тоа дополнително знаење за специфични задачи?
Дали е потребна специфична вештина за специфична задача?
Дали е потребно искуство за специфична задача?
Мора да бидете начисто со себеси за вашите вистински потреби како еден претприемач и пред да започнете со градење на процесот на вработување да знаете што навистина ви треба денес и што ќе ви треба утре во вид на знаење, вештини и искуство.
3. Каде ќе ги барам кандидатите за вработување?
Третото прашање се однесува на местата каде ќе ги барате најдобрите кандидати за вработување за вашиот бизнис.
Бидејќи веќе знаете што ви треба, во овој чекор вашата задача е да дефинирате колку што можете повеќе места каде се наоѓаат идеалните кандидати за вашиот бизнис.
Можете ли да ги најдете на универзитетите?
Дали тие се кај конкуренцијата?
Што е со агенции за посредување при вработување? Дали тие може да ви помогнат?
Размислете за овие прашња и вклучете ги одговорите во вашиот процес за вработување. Но, бидете сигурен дека местата каде ќе ги барате кандидатите за вработување ќе ви ги обезбедат најидеалните опции за вашата компанија.
4. Кои лични и професионални карактеристики ќе ги ценам најмногу?
Оваа прашање ќе бара од вас да ги вклучите личните и професионалните карактеристики на идеалниот кандидат кои најмногу ќе ги цените при избор на еден за вашиот бизнис.
Иако, оваа е цврсто поврзано со специфична работа или задача која најменото лице ќе треба да ја изведе, сепак овие информации треба да се содржани во вашиот процес за вработување.
Важно е да имате систематски пристап за тоа што е важно да поседува едно лице за да биде еден од можните избори на вашиот процес.
5. Како ќе изгледа вашиот процес на вработување?
Сега, кога веќе знаете што ќе ви треба од вашиот процес на вработување, каде ќе ги барате кандидатите и што ќе барате тие да поседуваат, ќе можете да започнете со исцртување на процесот.
Што ќе биде почеток на процесот?
Кои резултати ќе бидат како крај на процесот?
Кои елементи ќе бидат содржани во процесот?
Овие прашања се важни прашања кога работите на дизајнирање на вашиот процес за вработување. Запомнете дека вие градите систем кој ќе го поддржи растот на вашата компанија.
6. Како ќе ги мерам перформансите и ќе го подобрувам процесот на вработување?
Оваа прашање се однесува на перформансите на вашиот штотуку креиран процес на вработување. Многу е важно да имате процес во кој ќе биде содржан елементот на самоподобрување во себе.
Како ќе знаете дека вашиот процес на вработување ги дава резултатите кои што вие ги сакате?
Како ќе ги следите и мерите резултатите постигнати од најменото лице како еден аутпут од вашиот процес?
Како ќе ги поправате грешките доколку се појават?
Мора да размислите за оваа прашање и да бидете сигурни дека вашиот процес на вработување ќе ги има вистинските одговори.
Кога ќе ги има одговорите, лесно ќе ги вметнете и процедурите за елиминирање и поправка на грешките.
Прашање: Дали имате искуство во грешки кога сте вработиле некој во вашиот бизнис? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.
Speak Your Mind