post

6 Совети за да ги најдете најдобрите одговори на вашите прашања

Бидејќи вашиот претприемачки пат ќе биде опфатен со илјадници прашања кои ќе треба да ги одговорите доколку сакате да успеете со вашиот бизнис, ќе мора да користите стратешки пристап за оваа намена.

Вистински прашања

Ќе имате еден тон прашања за вашите купувачи, конкуренција, технологија, човечки ресурси, правни аспекти на вашата компанија и многу други важни подрачја за вас и вашиот мал бизнис.

Како прво нешто е што вие треба да ги поставите вистинските прашања, а потоа да ги најдете вистинските одговори. Како ќе знаете дека поставувате вистински прашања, односно најважни прашања за вашиот бизнис и во исто време ги имате вистинските одговори кои ќе ви овозможат да ги носите одлуките кои ќе ве доведат до успехот?

Тука сакам да споделат шест совети кои можете да ги користите за да ги најдете вистинските прашања со најкорисните одговори.

  1. Поставувајте прашања за специфични најважни подрачја за вашиот бизнис. Користете го 80/20 правилото за да се фокусирате на вистинските прашања. Бидејќи 20% од најважните подрачја ќе ви донесат 80% од успехот, зошто да губите време на 80% неважни работи кога едноставно можете сиот ваш напор да го насочите на останатите 20% за да постигнете 80% од успехот. Затоа, бидете систематичен, бидете стратешки ориентиран кога размислувате за најважните подрачја во вашиот бизнис. Како едно правило, секогаш ќе постојат важни прашања за вашите купувачи, конкуренција, човечки ресурси, технологија и легислативата која може да го обликува вашиот бизнис.
  2. Поставувајте прашања кои ќе генерираат дискусија. Имам видено повеќе претприемачи кои ги избрале навистина вистинските подрачја за псотавување на прашања, но кога го постават прашањето на состанокот или на нивните бреинсторминг сесии нивните прашања едноставно не поттикнуваат дискусија. Запомнете дека вистинските одговори ќе резултираат само доколку постои навистина една отворена дискусија за темата на прашањето.
  3. Користете 5W методологија на сите ваши одговори. Зошто вашите одговори се такви какви што се? Ако скаате да бидете сигурни дека ги имате вистинските одговори на вашите прашања и дека тие ќе доведат до навистина важни одлуки за иднината на вашиот бизнис користете 5W методологија што значи да поставите и одговорите на 5 дополнителни прашања со зошто (Why).
  4. Не стравувајте да ги вклучите сите членови на вашиот тим во обезбедување на вистински одговор. Повеќе луѓе од различни позиции и различни погледи имаат потенцијал за многу подобар придонес во откривање на вистинските одговори. Користете го потенцијалот на членовите на вашиот тим доколку сакате да успеете.
  5. Користете бреинсторминг сесии за да дојдете до најдобрите можни одговори. Бреинсторминг сесии се навистина од голема помош за да се поттикне подобра дискусија и да се стават на маса различни погледи од различни лица во вашата компанија. Користете ги за да го подобрите процесот на наоѓање на вистинските одговоти на вашите прашања.
  6. Обидете се да ги базирате вашите одговори само на факти, а не на шпекулации. Некој ви кажал дека тоа ќе се случи. Но, дали тој некој е вистинскиот извор на информацијата, или пак е некој кој исто така слушнал од некој друг за тоа, и повторно тој некој друг слушнал од некој трет… Не можете да си го дозволите луксузот да ги базирате вашите одговори на шпекулација. Затоа, користете ја 5W методологијата која ја препорачав претходно и секогаш проверувајте дали вашите одговори се базираат на факти.

Прашање: Како еден претприемач како ги користите прашањата и одговорите во својство на подобрување на вашиот бизнис? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*