post

6 Знаци дека треба да прекинете со тековната визија

Вашата визија претставува една од најкруцијалните делови од вашиот претприемачки пат која ги става сите ваши погони на максимална моќност за да ве донесе до толку посакуваната дестинација опишана во визијата. Но, што доколку треба да прекинете со вашата визија?

Можете да имате визија за да станете милијардер. Но, што доколку не можете да станете милијардер поради објективни причини?

Веќе знаете дека ќе имате различни препреки на вашиот пат за реализација на визијата. Тие препреки можат да бидат објективни и субјективни.

Понекогаш едноставно ќе откриете дека не можете веќе да ја следите вашата визија што значи дека ќе треба да запрете и започнете одново со нова визија. Но, кои се знаците кои ќе ви кажат дека треба да прекинете со тековната визија и започнете со нова?

Да разгледаме некои од нив.

  1. Имате подобра визија. Кога ќе станете сигурни дека вашата визија е застарена и имате подобра тоа е знак дека ќе треба да запрете со тековната визија. Зошто да го губите вашето време на нешто погрешно или застарено кога можете да работите на нешто што може да биде подобро. Колку побргу ќе прекинете со тековната и ќе започнете со новата визија, толку подобро за вас.
  2. Веќе не се гледате себеси во тековната визија. Понекогаш вашата визија може да стане застарена доколку веќе не се гледате себеси во неа. Во вашата визија мора да бидете и вие присутни. Зошто да го губите времето доколку со реализација на визијата нема нешто за вас. Едноставно запрете и започнете одново со нова визија.
  3. Откривате дека вашето знаење и талент не ви дозволуваат реализација на визијата. Кога вашиот личен потенцијал не ви дозволува да ги завршите основните задачи за реализација на вашата визија, тогаш е вистинското време да прекинете. Едноставно вашето искуство, вештини, знаење или талент не можат да ви помогнат, точка.
  4. Откривате дека времето за вашата визија не е вистинско. Понекогаш вистинскиот тајминг за визијата е важен фактор. Погрешен тајминг ќе значи многу грешки од ваша страна. Доколку времето за реализација на вашата визија не е вистинското време, едноставно прекинете.
  5. Едноставно чувствувате дека се измачувате себеси. Понекогаш работење на реализација на вашата визија ќе ве стави во ситуација да не бидете доволно време со вашето семејство или пак со вашите пријатели. Доколку реализацијата на вашата визија бара премногу време за инвестирање од ваша страна, а вие не сте целосно сигурни за крајните резултати, подобро е да прекинете.
  6. Брзината за да стигнете до крајната дестинација опишана во вашата визија е преспора. Понекогаш брзината може да биде навистина спора. Доколку не можете да најдете забрзувачи кои ќе ја зголемат вашата брзина тоа е знак дека треба да прекинете.

Зошто да имате визија која нема да ви го обезбеди онаа што го сакате? Понекогаш е подобро да прекинете со реализацијата и започнете одново. Но, доколку можете, а сигурно ќе можете, обидете се да ги искористите достигнувањата со вашата претходна визија.

Запомнете дека не е крај на светот, туку нов и подобар почеток за вас.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*