Сите имаме одредени видови не навики. Некои навики си ги носи е од детство, некои сме ги научиле во образовниот систем, некои сме ги наследиле од родителите, а некои ни се од нашето сопствено искуство.
Навиките во многу случаи се добри! Тие создаваат чувство на сигурност кога нешто работиме и честопати со нивна помош воопшто не треба да се змараме и да ги размислуваме кога ги користиме. Навиките обезбедуваат работите да ги изведуваме по автоматизам, и во многу случаи тие навики и тој автоматизам обезбедуваат да бидеме попродуктивни.
Но, проблемот не е во добрите навики, проблемот е што постојат и сигурно имаме и лоши навики. Лоши навики се оние навики кои не прават понепродуктивни, кои не обезбедуваат додадена вредност на онаа што го правиме и кои едноставно имаат потенцијал да ни наштетат.
Како да ги промените лошите навики во нови, подобри навики кои ќе ве направат попродуктивен и подобар претприемач?
Како одговор на оваа прашање ќе ги презентирам следниве чекори.
- Откријте ги и бидете свесни за лошите навики. За да започнете со процесот на промена на лоши навики мора прво да знаете дека имате лоши навики. Многу е опасно да имате некои лоши навики, а да воопшто не сте свесен за тоа. На пример, се додека пушењето цигари не го класифицирате како навистина лоша навика првин во вашиот мозок, нема ни да помислите за некаква промена.
- Приоритизирајте ги лошите навики од најмногу лоши до најмалку лоши. Како и во се останато секогаш ќе постојат различни приоритети и во однос на лошите навики. Некои ќе бидат поважни од други, некои поургентни, а пак некои поважни и поургентни. Започнете дека доколку идентификувате повеќе лоши навики, нема да биде паметно да започнете со промена на сите нив. Мота да започнете со оние најлошите.
- Идентификувајте нови процеси кои ќе ги заменат лошите навики, започнете со најлошите. Навиките претставуваат одреден вид на процеси. Затоа како добра појдовна основа е да ги подготвите новите процеси кои ќе ги заменат тековните кои претставуваат лоши навики.
- Направете план за имплементација на нови навики во вашата секојдневна рутина. Не е мала работа да ги менувате сопствените навики. Добро е да се подготвите преку креирање ма еден план за имплементација на процесот на промени. Обезбедете временска рамка во планот, но сепак дајте си доволно време за имплементација на промените.
- Користете технологија во креирање и користење на нови навики. Технологијата може да ви помогне во креирање на нови навики. На пример, кога започнав да ја користам апликацијата Mailbox едноставно се навикнав да оперирам со палците лево и десно а да имплементирам некоја функционалност. Се најдов себеси како истото го правам и при користење на други апликации кои немаат таква функционалност а сметам дека ни била добро. Уште еден пример со технологија и навиките од моето искуство. Практикувам еден ден во неделата (обично сабота) да ги подготвам сите овие постови за следна недела. Затоа сакам да создадам навика да создавам драфт материјали постојано во текот на целата недела како еден вод на белешки, но во време кога не работам – пијам кафе, пушам цигара (лоша навика)… За таа цел пробувам разни технологии и овој пост скоро во целост е напишан во Byword на iPhone едноставно додека пушам цигара. За технологија и промена на навики веќе пишував на претприемач.
- Откриете ги причините за отпорот во вас за промена на некои навики. Доколку не сакате да ги смените лошите навики тешко дека ќе ви промените. Причината е отпорот за промена во вас. Идентификувате ги причините за отпорот и креирајте стратегии за надминување на тој отпор. Само така ќе обезбедите поголема веројатност за имплементација на промените.
- Обврзете се на промените и користење на новите навики. И секако како и кај секоја промена доколку навистина не се обврзете за спроведување нема да ка спроведете. Знам дека е лоша навика пушењето, но сеиште не сум се обврзал за да ја променам таа навика. Кога ќе се обврзам ќе го откријам потенцијалниот отпор во мене, ќе создадам стратегии за надминување на тој отпор и ќе го имплемнтирам планот за промена.
Во голем број на случаи овој процес во 7 чекори може да ви помогне. Сепак секој е различен и различна навика бара различни процеси. Но, добро е да се обидете.
Speak Your Mind