post

7 Совети за да ја зголемите продуктивноста кај вашите вработени

Зголемување на продуктивноста во вашиот мал бизнис е еден од најголемите императиви за вас како еден претприемач. Попродуктивен бизнис значи подобар бизнис за вас, но и за вашите купувачи.

Продуктивност на вработени

Продуктивноста на вашиот бизнис во целина ќе зависи од продуктивноста на вас како еден претприемач, продуктивноста на вашите вработени и продуктивноста на вашите системи кои вие ги креирате и на кои ќе се базира нормалното функционирање на бизнисот. Затоа и секое подобрување во едно од овие три подрачја ќе доведе до подобрување на севкупната продуктивност на вашиот бизнис.

На пример, можеме да користиме математичка равенка за да го објасниме оваа:

Бизнис продуктивност = Продуктивност на претприемачот + Продуктивност на вработените + Продуктивност на системитe

Сега, ајде да видиме што можете да направите за да го зголемите износот на продуктивноста на вработените. Еве седум совети кои можете да ги имплементирате.

  1. Секогаш бидете сигурни дека целите кои ги имате поставено и кои треба да се постигнат од страна на вработените се јасни цели. Нејасни цели ќе доведе до несигурност и конфузија кога вашите вработени работат на нивните секојдневни работни задачи. Сигурно не сакате оваа несигурност и конфузија да донесат негативни последици за вашиот мал бизнис, бидејќи доколку тоа е случај, продуктивноста на вашите вработени ќе биде на најниско можно ниво.
  2. Направете ја работната околина колку што може повеќе да биде продуктивна. Најблиското работно опкружување каде вашите вработени работат и ја завршуваат секојдневната работа во вашата компанија може да има многу голем ефект на нивната продуктивност. Мора да размислите за сите можни прекинувања, бучност, соодветно организирано работно место и секое место кое што служи за изведување на работата од страна на вашите вработени.
  3. Обезбедете ги сите неопходни алатки кои ќе им требаат на вашите вработени за обезбедување на максимално продуктивен работен тек. Сега кога сте сигурни дека целите се целосно разберени од страна на вашите вработени и нивната работна околина е една од најпродуктивните работни околини, можете да размислувате за прилагодување на останатите елементи поврзани со работата која се изведува како што се алатките кои ќе треба да ги користат на секојдневна основа за да ги изведат работните задачи. Како прво, бидете сигурни дека секоја можна алатка која е потребна за изведување на работата ќе ја има на вистинското и најсоодветното место и ќе биде лесно достапна од страна на вработените кои ќе ја користат.
  4. Наградете ги најпродуктивните вработени, а не најзафетените. Овој четврти совет се однесува на мотивација. Сигурно веќе знаете дека мотивацијата е нешто што може да има силно влијание на продуктивноста. Но, треба да бидете внимателни кога станува збор за мотивација, и особено за наградите како дел од процесот на мотивирање. Секогаш наградувајте ги најпродуктивните вработени, а не најзафатените. Зафатени лица не се продуктивни лица.
  5. Помогнете им да ја разберат нивната улога во вашиот бизнис. Јасните цели ќе им го покажат патот кој ќе треба да го поминат, но сепак вие сте претприемач, вие сте лице кое е одговорно за ефективно менаџирање на вашите вработени. И затоа вие сте одговорни да им помогнете да ја разберат нивната улога во вашиот мал бизнис.
  6. Користете состаноци само кога тие навистина се неопходни. Состаноците претставуваат еден важен начин на комуникација во вашиот бизнис, но често може лесно да станат најнепродуктивен процес кога станува збор за продуктивноста.
  7. Користете напредни комуникациски системи за комуникација помеѓу членовите на вашиот работен тим. Денешниот начин на завршување на работите во секој мал бизнис во голем дел се базира на комуникација помеѓу сите членови на вашиот работен тим. Зошто да не користите технологија која ќе помогне во подобрување на севкупниот комуникациски процес во вашата компанија? Постојат повеќе алатки, најдете ги најсоодветните за вашиот бизнис и имплементирајте ги во секојдневната работа.

Прашање: Како се справувате со зголемување на продуктивноста на вашите вработени. Можете да оставите коментар кликнувајќи тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*