post

7 Важни прашања за продуктивноста

Кога зборуваме за нашата продуктивност, зборуваме за нашите лични и бизнис цели како и нивното остварување.

Доколку успеете да ги постигнете тие цели во времето кое што сте си го поставиле, слободно можете да кажете дека се продуктивна личност.

Едноставно започнуваме со нешто. Работиме за да ги реализираме нашите цели и ги валидираме крајните резултати согласно тие цели.

Затоа, мислам дека треба да одговориме на седум важни прашања кои ќе имаат големо влијание на нашата продуктивност. Доколку имаме јасни одговори, ќе успееме во менаџирањето на нашата работа за да бидеме попродуктивни.

Кои се тие 7 прашања?

  1. Што сакам да постигнам? Секогаш започнувајте со дестинацијата во умот. Мора да знаете како ќе изгледа дестинацијата доколку сакате да го пронајдете вистинскиот пат до таа дестинација.
  2. Што треба да направам за да го постигнам она што сакам да го постигнам? Кога ја знаете дестинацијата, можете да започнете со креирање на мапата која ќе треба да ја селдите. Првата задача е да бреинстормирате што треба да направите за да стигнете таму каде што сакате да стигнете.
  3. Кога треба да го направам она што реба да направам за да постигнам она што сакам да постигнам? Следно што треба да направите е да поставите временски ограничувања, или кога ќе требада завршите нешто.
  4. Како ќе треба да се организирам себеси за да го направам она што треба да го направам кога треба да го направам за да го постигнам она што сакам да постигнам? Понатаму, размислете за организациските аспекти на вашата работа. Подобра организација значи повеќе завршена работа во пократко време, или наједноставно кажано поголема продуктивност.
  5. Кој ќе ми помогне за да го направам она што треба да го направам кога треба да го направам за да го постигнам она што сакам да постигнам? Понекогаш (ако не и во поголем број на случаи) не можете да ги постигнете вашите цели без помош од страна на други луѓе. Доколку сте претприемач, или пак менаџер, вашата задача ќе биде да делегирате. Одговорот на оваа рашање ќе ви помогне подобро да ја разберете целината на работата која треба да се заврши.
  6. Кои ќе бидат моите и одговорностите на другите луѓе во завршување на она што треба да го направам кога треба да го направам за да го постигнам она што сакам да постигнам? Одговорноста е важно прашање во целиов систем. Секој кој ќе учествува во постигнување на вашите цели треба да има јасни одговорности.
  7. Како ќе ја следам помошта во правење на она што треба да го направам кога треба да го направам за да го постигнам она што сакам да постигнам? На крајот, ќе треба да го следите успехот на вашиот пат во постигнување на целите. Оваа прашање ќе треба да одговори како ќе ги следите вашите постигнувања.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*