post

[Апликација] CRM директно во вашето сандаче

Знаеме колку е важно да се менаџираат сите контакти и сите односи со купувачите, но и потенцијалните купувачи. Од првиот контакт, обиди за продажба па се до затворање на продажбата и понатамоѓни односи со купувачот.

За оваа цел, се попопуларни стануваат  CRM (Customers Relationship Management –  Менаџирање на односи со купувачите) системи.

Во некој од претходните постои пишував за една можност за користење на Gmail како еден CRM систем. Двата постоа се насловени како:

Презентираните можности се навистина корисни кога станува збор за еден мал бизнис и претприемач кој сака да изгради солиден систем за следење на сите негови активности во однос на потенцијалните купувачи и купувачи.

Имајќи во предвид дека денес голем дел од комуникацијата на еден бизнис со купувачите се одвива преку епошта и се повеќе стануваме зависни од нашиот email систем, повеќе од потребно е да имаме систем кој ќе обезбеди едноставна и корисна интеграција помеѓу епоштата и CRM системот. Токму за таа цел беа и напишани претходните два постови.

Пред некој ден налетав на една апликација во вид на екстензија за Google Chrome која едноставно интегрира еден солиден CRM систем во вашиот Gmail. Апликацијата е наречена како Streak. Интересно е што има повеќе опции за користење како Продажба/CRM, подршка преку епошта, развој на производ, следење на багови при развој на апликации, менаџирање на кандидати за вработување…

Се забележува дека оваа апликација е многу покомплексна и со многу повеќе опции за еден бизнис отколку само CRM  систем. Еве го првиот прозорец кој се појавува по самата инсталација:

CRM систем

Од друга страна, овозможува лесно следење и менаџирање на сите процеси на еден логички и нормално прилагодлив начин од вашата срана преку дизајн на една продажна или маркетинг инка низ која ќе се движат сите контакти и активности од ваша страна и од страна на купувачите.

CRM систем

Апликацијата е сеуште во бета верзија и е бесплатна. Но дизајнерите планираат да воведат премиум план со дополнителни карактеристики за кој ќе реба да се плаќа. Но, според нив секогаш ќе имаат и бесплатна верзија.

Повеќе детали за функционирањето можете да погледате во видеото подолу. И секако пробајте, ништо нема да загубите, но доколку добиете, добивката ќе биде огромна за вашиот бизнис.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*