post

Аутсурсинг како опција за малите бизниси

Како еден претприемач вие ќе мора да изведувате повеќе активности за вашиот бизнис. Исто така, доколку сакате вашиот бизнис да функционира секогаш на најдобар можен и најоптимале начин ќе мора тие активности да се спроведуваат секојдневно.

Дали вие и вашиот бизнис имате доволен потенцијал за се?

Знам дека сакате да контролирате се во вашите раце. Дека тоа е најсигурното нешто за вас. Но, многу поважно прашање е дали имате доволно потенцијал да држите се во вашите раце и така да овозможите вашиот бизнис да расне онака како што сакате?

Денес не е важно што можете да направите, туку како ќе го направите и вреди ли да го правите тоа за вас, вашата компанија, вашите вработени, вашите купувачи и вашите партнери.

Да бидеме искрени, не можете да контролирате се и сешто. Затоа е добра идејата да размислите за аутсурсинг како голем потенцијал кој може да ви помогне во вашите напори во раст на вашиот мал бизнис.

Каков вид на задачи можете да бидат предмет на аусурсинг?

Оваа е важно прашање за вас. Како што веќе знаете постојат многу задачи кои вашиот мал бизнис би требало да ги спроведува на дневна основа. Денес, со развојот на интернет, огромен број на социјални медиуми и различни платформи во кои секојдневно вашиот бизнис е вклучен на некој начин станува навистина невозможно да се изведуваат задачите.

Но, едно нешто е сигурно, не можете да користите аутсурсинг за се. Одередн дел од вашата работа се вашите суштински компетенции и тие задачи не смееат да бидат дел од аутсурсинг процесот. Доколку направите анализа на вашиот бизнис, лесно и едноставно ќе разберете дека денес голем дел од активностите може да бидат дел од аутсурсинг процесот.

Да разгледаме што можете да го ставите на листа за аутсурсинг.

  • Се онаа за што вие и вашиот бизнис немате доволно силни страни за квалитетно изведување на работата.
  • Се онаа за што вие и вашиот бизнис имате силни страни, но не додава доволно вредност за вашиот бизнис или пак вашите купувачи.
  • Се онаа што е поскапо да биде изведено од ваша истрана или пак од страна на некој во вашиот бизнис.
  • Се онаа што се повторува, а не е толку важно за вашиот бизнис.
  • Се онаа што бара многу повисоко ниво на експертиза, но не е трошочно ефективно за вашиот бизнис да биде опфатено од ваша страна или некој од вашиот бизнис.

Зошто треба да ја разгледате опцијата за аутсурсинг

Веројатно си мислите зошто треба да пренесам дел од задачите и да плаќам некој друг кога можам самиот да си ги изведам. Оваа не ви се случува само на вас, туку скоро на сите претприемачи затоа што логично размислувате низ призмата на парите, а тоа значи дека гледате во аутсурсинг како низ бројките кои треба да ги платите, а не преку бенефитите кои ќе ги добиете.

Зошто да ја намалам профитабилноста и да плаќам за стандардизирани активности?

Зошто да ја намалам мојата профитабилност и да платам за експертски задачи кога можам да создадам сопствен тим и да го направам тоа како дел од мојата компанија?

Погрешно размислување. Мора да размислувате така што ќе го гледате вашиот бизнис како целосно се фокусира на најважните работи за него. Затоа што доколку се онаа што не е дел од вашите несуштински активности стане предмет на аутсурсинг, целиот ваш фокус ќе биде насочен на онаа што обезбедува соодветен раст и развој на вашата компанија.

Уште една причина зошто аутсурсингот може да биде предност за вас е бидејќи е трошочно ефективен. Денешната технологија ви овозможува да најдете професионалци од било кој дел од светот и да завршат работа за вас за навистина евтина сума на пари.

Мора да разберете дека целата филозофија околу аутсурсингот е да го заштедите вашето време и времето на вашите вработени. На таков начин, вашиот бизнис ќе стане попродуктивно место за работа.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*