post

Бесплатна проба – Маркетинг средство 36

Ќе продолжиме со серијалот за маркетинг средства на претприемач. Како 36-то маркетинг средство кое ќе го презентирам тука е бесплатна проба. Ова е едно маркетинг средство кое има големо влијание врз конечната одлука за купување. Се користи вообичаено откако потенцијалниот купувач е веќе влезен во Вашата продажна инка.

Секој претприемач би требало да размисли дали оваа опција би можела да се имплементира во неговиот бизнис како посебно маркетинг средство.

Што претставува бесплатна проба?

Сигурно сте забележале дека многу производи се продаваат преку бесплатна проба (Free Trial). Оваа е особено распространето на интернетот како продажно место. Но, кај некои типови на бизниси може да функционира и офлајн.

Бесплатна проба како маркетинг средство едноставно претставува овозможување н потенцијалниот купувач да го проба производот преку што ќе може да ги види сите функционалности и карактеристики, како и да ги почувствува поволностите од истиот пред да донесе одлука за конечно купување на тој производ.

На пример, голема е примената на оваа маркетинг средство на интернетот при продажба на некој софтвер. Продавачот ви овозможува да го симнете или пак да се регистрирате доколку се работи за онлајн апликација и да го користите со сите функционалности софтверот во одреден временски период (вообичаено 14 или пак 30 дена).

Втор пример за офлајн бизниси можеме да го земеме продавница за облека (бутик). Вие влегувате во продавницата, разгледувате и нешто ви се допаѓа. Се доближувате до тоа нешто го пипате и сакате да го пробате за да видите како ќе ви стои. Го пробувате, се гледате во огледалото и доколку ви стои убаво, и се чувствувате удобно носите одлука за купување. Доколку не ви стои убаво или пак не се чувствувате пријатно едноставно, го оставате и барате нешто друго.

Трет пример за офлајн бизнис кој нуди бесплатна проба е парфимерија. Во парфимеријата влегувате и гледате разни парфеми, но без да пробате од тестерот нема да знаете дали е добар или не. Можете да се намирисате со тестерот и да оставите до утре да видите каква му е трајноста за да одлучите дали ќе го купите или не.

Како функционира бесплатна проба како маркетинг средство?

Забележавте во претходниот наслов опфативме три примери на три различни бизниси кои нудат бесплатна проба како дел од нивната маркетинг кампања. Можеме да извлечеме неколку карактеристики од тие примери:

  • Пробата ја врши потенцијалниот купувач.
  • Целта на пробата е потенцијалниот купувач да ги провери карактеристиките и полезностите од користењ ена производот.
  • Пробата е ограничена во одреден временски период.
  • Врз основа на пробата потенцијалниот купува носи одлука за купување.

Значи купувачот треба веќе да е заинтересиран за Вашиот производ или пак услуга за која сакате да го примените ова маркетинг средство. Кога веќе е пробуден интересот потенцијалниот купувач го пробува, ужива одреден временски период во полезностите од производот или услугата и на крај одлучува дали вреди за парите за кои се продава.

Забележувате дека за да се стигне до оваа маркетинг средство морате да имате и некое друго маркетинг средство со кое ќе пробудите интерес кај потенцијалниот купувач. Затоа и сите овие маркетинг средства епотребно да ги сфатите како комбинација и надополнување на едно со друго бидејќи едно е јасно: не постои едно и единствено перфектно маркетинг средство, постои само перфектна комбинација на различни маркетинг средства.

Каде се може да се примени ова маркетинг средство?

Примената е навистина неограничена, но повтроно зависи од Вас како претпримач и Вашата креативност. Не можам да креирам една универзална листа на активности за да се примени оваа маркетинг средство, но можам да поставам некои прашања кои Вие како претприемач би се запрашале за да ја увидите можноста од користење на бесплатна проба како Ваше маркетинг средство.

  • Дали дизајнот на Вашиот бизнис овозможува користење на бесплатна проба?
  • Дали производот или пак услугата може да се испорачаат како бесплатна проба?
  • Како ќе се ограничи користењето на бесплатната проба во една временска рамка?
  • Колкав ериод на бесплатно користењ би бил оптимален?

Веќе опфативме неколку примери, во кои едниот е интернет базиран бизнис, а вториот и третиот пример се однесува на малопродажба. Ќе опфатам уште неколку примери за други типови на бизниси:

  • Производствен бизнис. Еден ваков бизнис има повеќе опции за интеграција на бесплатна проба. На пример, може да изработи ограничена количина на модели за проба преку кои потенцијалните купувачи (големопродавачи или пак други производствени бизниси) ќе го пробаат производот. Една честа практика е доколку постои можност секогаш да се оди на редовните клиенти да им се овозможи да го пробаат новиот производ како би се добиле повратни информации за можните недостатоци пред официјалното лансирање на производот.
  • Услужен бизнис. Можен начин на проба на Вашите услуги е да им дадете на потенцијалните клиенти еден извештај од некој Ваш претходен клиент со некое измислено име. На ваков начин потенциланиот клиент ќе може да види што би добил за Вашата услуга.

Примената на оваа маркетинг средство едноставно бара претходна анализа и дизајнирање за неговата примена. Обидете се да бидете креативни и да најдете начини за можна примена на оваа маркетинг средство бидејќи може да биде навистина ефикасно за Ваиот бизнис.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*