post

БИЗНИС СТАТИСТИКА, АХ ТАА СТАТИСТИКА

Како одмор од оние над сто маркетиншки средства сакам да разгледувам и чудно однесување на некои наши институции. По централниот регистар кој игра клучна улога за бизнисите сега ќе го опфатам и нашиот сакан Државен Завод за Статистика. Но, прво малку вовед.

dzs Заводите за статистика претствуваат или пак треба да претставуваат еден непресушен извор за бизнисите, а особено за малите. За анализа на пазар, многу податоци можете да обезбедите преку еден таков завод. На пример, сакате да започнете бизнис и ве интересира во бројки во некој град колку такви бизниси  има, колку приходи остваруваат, колкава е побарувачката и како ќе се одвива во иднина. Тоа се информации кои се потребни за секој претприемач, а не бла бла статистика и малку високи зборови кои две третини нема да ги разберат. Достапноста на таквите информации е од непроценливо значење за претприемачите, па можеби исто како и потреба од финансии.

КОНТАКТ БРОЈ 1. На сајтот на нашиот ДЗС (Државен Завод за Статистика) одам често барам информации за да можам на истите да ги базирам некои мои одлуки. Но, секогаш доаѓам до информации кои се или збирни или многу сиромашни и за ништо не вредат.

КОНТАКТ БРОЈ 2. Друг контакт ми беше кога ми се јавија за анкета за користење на интернет. Нормално, прифатив. По одговарање на прашалникот го прашувам човекот кај можам да најдам за да купам статистички годишник (над 6000 денари беше) ми кажа дека тие имаат само еден, а не знае каде се продава. Интересно е што тогаш и на сајтот можеше да прочиташ само цена, а не и како се доаѓа до него. Па, добро можеби нашите „експерти“ квази статистичари  мислат дека таквите продукти се потребни само на големи компании и владини институции. А, малите бизниси и претприемачи кој ги е… не им е потребно ништо. Па господа наши „експерти“ квази статистичари можеби е време да излезете од некои начини на размислување кој живее во погрешно време (пред 50-тина години кога и немаше многу мали бизниси и претприемништво.

КОНТАКТ БРОЈ 3. Трет некаков си контакт или да имам некоја работа со ДЗС е  добивање на една анкета како сум задоволен од нивниот богат асортиман на производи и услуги. УФ каде ме погодија. Прво, писмото го добив еден ден по поминување на рокот на доставување на одговори. Второ го добив во хартиена форма, што бара мој ангажман (заокружување и пакување во плико и носење во пошта). Можеби нашите „експерти“ квази статистичари не чуле дека постојат и електронски прашалници за кои ќе добијат и повеќе одговори, а со тоа и поголем статистички примерок, а со тоа и поголема веродостојност на анализата. ОВА Е САМО ЗА НАШИТЕ „ЕКСПЕРТИ“ КВАЗИ СТАТИСТИЧАРИ:

За ова и не мора многу знаење за да се направи само треба да се сака (но можеби просечната старост на нашите „експерти“ квази статистичари е доста голема па затоа она што си го знаеме лист и хартија е најсигурно).

Го одговорив прашалникот но не го пратив. Се извинувам господа „експерти“ квази статистичари но немам време да одам во пошта а ниту пак да ви ги скенирам и праќам одговорите. Вие за вашите анализи и анкети ќе наплатувате.

Но сепак сакав да дадам допринос во анкетата бидејќи се однесуваше на анализа на квалитетот на ДЗС. Ова заради можност да ги освестам за да поработат малку повеќе со што ќе дадат придонес во развој на претприемништвото, а со тоа и на економијата на Република Македонија. Па побарав на интернет и најдов не ист ама сличен прашалник и го одговорив но за жал немаше нула како опција бидејќи ни единицата не ја заслужуваат.

И закрај нешто! Господа „експерти“ статистичари и господа од нашата сакана влада не е се во пари. Треба да знаете дека за јак и здрав бизнис понекогаш квалитетна информација е многу повредна од милиони кредитчиња кои се делат за малите бизнис. Сватете си ја работата во вистински смисол и бидете сервис на граѓаните на оваа наша напатена држава, и тоа ќе биде сосема доволно, резултатите сами по себе ќе си дојдат.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*