post

Бизнис блог – ден 21: Ставање на сервер преку платформата за блогирање

WordPress лого Ќе продолжиме со дваесетипрвиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот, дваесети ден од предизвикот се однесуваше на оптимизација на постовите кој доколку не си го поминал би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој дваесетипрви ден.

Ден 21: Ставање на сервер преку платформата за блогирање

Ова можеби е и наједноставната работа, затоа што ти во претходните десетина дена веќе работеше на подготовката на постовите кои сега се целосно комплетни и спремни за објавување. Затоа денес сето она што го имате завршено едноставно едноставно го пренесувате да биде на сервер во драфт верзија.

Веќе имате 100-тина наслови напишано и оптимизирано во однос на клучните зборови кои ќе ги користе. Сега е време сите тие постови да ги поставите на сервер преку платформата за блогирање која ја користите (во Блогирање за бизнис ја препорачав WordPress). Сите тие сеуште се драфт верзии, не брзајте со објавување, важно е денеска да ги имате подготвено на сервер заради објавување.

Следува: Бизнис блог – ден 22: Уредувачки календар

post

Бизнис блог – ден 20: Оптимизација на постовите

SEO Да продолжиме со дваесетиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот, деветнаесети ден од предизвикот се однесуваше на пишување на додавање на повик за акција во твоите постови кој доколку не си го поминал би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој дваесети ден.

Ден 20: Оптимизација на постовите

Задачите од овој ден се едни од поважните кои што ќе треба да ги спроведеш за твојто бизнис блог. Она што сакам да го напоменам е дека оптимизација не значи „превара“ туку едноставно да им помогнете на пребарувачите полесно да дојдат до секој блог пост и полесно да сватат за што станува збор. Доколку започнеш со еден ваков пристап се друго е полесно и секако ќе ти се исплати.

Овој ден твојата задача ќе биде да ги оптимизираш постовите за пребарувачи. Како добро почетно место за она што ќе треба да го правиш го предлагам серијалот на постови на претприемач за SEO кои сеуште се актуелни и можат да ти помогнат секој твој пост да биде одлично оптимизиран.

Но, да презентираме една листа на активности за овој ден:

  • Секој пост на кој работевте во претходните неколку дена проверете го во однос на клучните зборови. Дали ги има доволни и дали случајно некаде си претерал?
  • Дали содржината е структурирана така да биде лесно разбирлива за потенцијалниот читател? Оваа прашање мора да го одговорите бидејќи интеракцијата на читателот со вашиот блог пост може да влијае и врз пребарувачите (подетално за ова ќе стане збор во книгата која ќе произлезе од овој предизвик).
  • Провери дали содржината содржи корисни линкови до твоите останати постови.
  • Провери дали URL-ата на постовите ги содржат клучните зборови.
  • Напиши го насловот на постот кој ќе биде читан и прикажан од пребарувачите.
  • Напиши го описот кој ќе биде читан и прикажан на страната со резултатите на пребарувачите.

Следува: Бизнис блог – ден 21: Ставање на сервер преку платформата за блогирање

post

Предизвик за бизнис блог – ден 19: Повик за акција

Продолжуваме со деветнаесетиот ден од предизвикот за бизнис блог  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да користат бизнис блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба.

бизнис блог

Претходниот, осумнаесетиот ден од предизвикот се однесуваше на пишување на вовед и заклучок за секој пост кој доколку не си го поминал би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој деветнаесети ден.

Продолжи…

post

Предизвик за бизнис блог – ден 18: Вовед и заклучок

Да продолжиме со осумнаесетиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да користат бизнис блог за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба.

бизнис блог

Претходниот, односно од четиринаесетиот до седумнаесетиот ден од овој предизвик за подготовка на бизнис блог се однесуваше на пишување на текстот за секој од поднасловите кој доколку не сте го поминале би било добро да се вратите на тие денови пред да продолжите со активности од овој осумнаесети ден од подготовка на вашиот бизнис блог.

Продолжи…

post

Бизнис блог – ден 14-17: Пишување на постови

Бизнис блог Да продолжиме со четиринаесетиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот тринаесети ден од предизвикот се однесуваше на пишување на поднаслови на насловите кој доколку не си го поминал би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој четиринаесети ден.

Ден 14-17: Пишување на постовите

Досега имаш завршено голема работа. Листовите не се празни, туку има наслови и поднаслови што едноставно сега треба да се поврзат со текстот кој се однесува на секој поднаслов. Доколку поднасловот е прашање одговорете го. Напи за што се однесува самиот поднаслов. Дај ги потребните одговори што твојот потенцијален купувач би се запрашувал за темата од поднасловот. Така ќе стигнете до една функционална целина.

Овие 3 дена потрошете ги да ги напишете сите пасоси кои се однесуваат на поднасловите. Користете обичен (човечки) јазик, не стручни зборови кои не се разбираат.

Додека пишувате запрашаувајте се за следниве работи:

  • Која ќе биде корисноста за читателот?
  • Дали е доволно јасно да се разбере од обичен човек?
  • Дали е доволно интересно?

Следува: Бизнис блог – ден 18: Вовед и заклучок за секој пост

post

Бизнис блог – ден 13: Поднаслови за секој наслов од претходниот ден

Бизнис блог - поднаслови

Бизнис блог - поднаслови

Ќе продолжиме со тринаесетиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот дванаесети ден од предизвикот се однесуваше на конечно дефинирање на наслови  кој доколку не си го поминали би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој дванаесетти ден.

Ден 13: Напишете ги поднасловите за секој наслов од претходниот ден

Доколку се оди како што треба од овој предизвик би требало веќе да имаш барем 100-тина наслови за твојот бизнис блог. Тоа е доволно за една година однапред да се осигураш дека ќе нема да имаш проблем со недостаток на содржина.

Повторно тука би напоменал дека постојат различни мислења од страна на експертите дали прво да се пишува содржина или пак да се започне со наслов и потоа да се структурира и довршува постот. Сепак сметам дека многу е полесно доколку започнеш да пишуваш кога страната не е целосно бела (има барем наслов), а подтоа доколку има потреба ќе извршиш потребна измена и во насловот.

За секој наслов од претходниот ден размисли за можните поднаслови. Овие поднаслови во голема мерка ќе го поедностават процесот на пишување на постовите бидејќи едноставно ќе знаете за секој дел што треба да напишете. Внимавајте во поднасловите да бидат содржани или примарните или секундарните зборови (сепак не треба да се претерува).

Целта е на крајот од овој ден да имате за секој наслов нешто вакво:

Наслов (примарен збор + други зборови)

Поднаслов 1 (Секундарен збор + други зборови)

Поднаслов 2 (Секундарен збор + други зборови)

Поднаслов N (Секундарен збор + други зборови)

Сакам уште еднаш да напоменам (иако во е-книгата која што ќе произлезе од оваа содржина ќе навлеземе подлабоко во оваа проблематика) немора секој поднаслов да содржи секундарен збор, туку може и без него. Сепак основната цел е да пишуваш за читателот, а не за пребарувачите. Од друга страна не можете, но и не е соодветно со еден пост или една страна да ги таргетирате сите клучни зборови (примарни, секундарни, терцијални…). Ова е поради фактот што секој клучен збор има одредено значење и соодветна тема која може да ја опише и која се разликува од останатите теми. Секој збор има свои приказни зад него кои не се соодветни со другите зборови. Замислете каква каша попара ќе стане доколку се обидете во еден пост да опфатите се и сешто. Забележувам многу грешки кога се „лупаат“ зборовите во meta tags само колку да ги има, но едно нешто ми е јасно од анализите кои ги правам на оваа поле – последните резултати се дека keyword meta tag има корелација 0 во однос на резултати од пребарување. Мислам дека само уште еден пребарувач (и тоа маргинален) ги користи и тоа со многу слаба корелација.

Сепак овој ден ја имате структурата на секој наслов, така да она што од утре и следните неколку денови што ќе треба да го правите ќе биде многу поедноставно.

Следува: Бизнис блог – ден 14-17:  Пишување на постови

post

Бизнис блог – ден 12: Дефинирање на конечните наслови

Бизнис блог Продолжуваме со дванаесеттиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот единаесетти ден од предизвикот се однесуваше на бреинстормирање на идеи на наслови  кој доколку не си го поминали би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој дванаесетти ден.

Ден 12: Дефинирање на конечните наслови за идеите до кои дојдовте претходниот ден

Доколку ги следеше советите и упатствата од претходниот ден веќе денес треба да имаш можеби и 200 идеи за наслови во вашиот тефтер од овој предизвик за блогирање. Но, не се сите приоритетни или пак добри за твојот бизнис. Денешниот ден е повеќе за анализа на тие наслови и нивно прилагодување за твојот бизнис блог.

Кога веќе знаеш што ќе пишуваш (имаш 200-тина идеи) сега е време за секоја од тие идеи да направиш наслов во вистински смисол на зборот. Она на што треба да внимаваш е во тие наслови да биде содржан и твојот клучен збор (ден 5 и ден 7). Второ нешто на што треба да внимаваш е тој наслов да биде инспиративен за превземање на акција од страна на оној кој ќе дојде до него, барем за да кликне и да го прочита.

Да ги дефинираме практичните чекори кои ќе треба да го направиш токму овој ден:

  • Провери ги сите идеи-наслови од претходниот ден и едноставно претвори ги во наслови за твојот бизнис блог кои ќе одговараат на твојата индустрија и секако на потребите на твоите потрошувачи.
  • Осигурај се дека во секој од насловите ќе биде содржан по еден клучен збор (примарен или пак секундарен). Не обидувај се во еден наслов да сместуваш повеќе клучни зборови, тоа нема да ги даде резултатите кои мислиш дека ќе се добијат, но може да направи твојот наслов да изгледа глупаво и невредно.
  • Провери дали се инспиративни тие наслови или пак дали поттикнуваат некаков вид на акција. Дали се доволно информативни или не се? Доколку не се инспиративни, ориентирани кон акција или пак информативни, тогаш направи ги такви.

Следува: Бизнис блог – ден 13: Поднаслови за секој наслов од претходниот ден

post

Бизнис блог – ден 11: Бреинстормирање на наслови

Бизнис блог Ова е единаесетиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот десети ден од предизвикот се однесуваше на инсталација на додатоци кои ќе ја зголемат функционалноста на твојот бизнис блог кој доколку не сте го поминале би било добро да се вратите пред да одите со активности од овој единаесети ден.

Ден 11: Бреинстормирање на наслови

Насловите се многу важни елементи од вашиот бизнис блог, но можеби и за вашиот иден бизнис успех. Постојат различни мислења дали да се оди првин со пишување на содржината, па од неа да се извлече насловот или обратно, првин насловот а потоа содржината. Во секој случај можеш да ги користиш и двата начина, но идејата во овој предизвик е да започнете со наслови заради полесно обезбедување на содржина во иднина.

Овој ден ќе биде многу важен ден за идниот развој на вашиот бизнис блог. Вие веќе ги имате категориите и тие може да бидат стартна позиција за бреинстормирање на наслови. Едноставно обидете се од секоја категорија да извлечете барем по 10 можни наслови. Од друга страна ги имате и 50-те идеи за блог постови во книгата блогирање за бизнис. Вашата задача за овој 11-ти ден е да дојдете до колку што можете повеќе наслови. Иако овој предизвик е на дневна основа, сепак секоја активност можете да ја имплементирате онолку колку што ви е потребно време. Врз основа на тие 50 идеи можете да дојдете до 100 уникатни наслови за вашиот бизнис блог. Тоа би било доволно за цела година доколку објавувате по 2-3 наслови неделно.

Од друга страна, тука ќе ја најавам ексклузивно уште едната алатка која скоро е подготвена и се однесува токму на овие наслови, а тоа се 100 идеи-наслови за блог постови преку претприемач каде првите 50 ќе бидат оние опфатени во книгата блогирање за бизнис, додека останатите 50 ќе бидат сосема нови и спремни за прилагодување кон твојата индустрија.

Да ги дефинираме практичните чекори кои ќе треба да го направиш токму овој ден:

  • Добро разгледај ги твоите категории и во тефтерот или нотесот кој ви служи за овој предизвик определете по една страна за една категорија.
  • За секоја категорија размислете што е она што првин би го прашал твојот потенцијален купувач. Врз основа на одговорите напиши ги насловите на таа страна која е определена за таа категорија. Истото повтори го и со останатите категории. Доколку имаш 8 категории ќе имаши 80 наслови.
  • Искористете ги 50-те идеи од книгата блогирање за бизнис и едноставно дојдете до уште 100-тина наслови. Запомнете дека колку повеќе наслови толку подобро и за вас и за вашиот бизнис блог.

Следува: Бизнис блог – ден 12: Дефинирање на конечни наслови

post

Бизнис блог – ден 10: Инсталација на додатоци

WordPress лого Да продолжиме со десетиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот девети ден од предизвикот се однесуваше на подготовка на технологијата кој доколку не сте го поминале би било добро да се вратите пред да одите со активности од овој десети ден.

Ден 10: Инсталација на додатоци

Word Press е одлична платформа која во старт ќе ти обезбеди многу функционалности. Сепак додатоците (Plugins) само уште повеќе ќе ја подобрат функционалноста на твојот бизнис блог, а ги има премногу. Сакам да напоменам да не се залетувате со се и сеште. Секогаш запрашајте се дали навистина ќе ви биде потребно нешто.

Овој ден е за да ги инсталирате додатоците (plugins) за Word Press со што ќе му ја зголемите функционалноста на истиот. Во книгата блогирање за бизнис ги наведовме основните кои би требало да ги инсталирате. Но, тука би напоменал уште некои (можеби некои и ќе се преклопат со книгата). На пример, инсталирајте WP Backup, All In One SEO Pack, Akismet, Google Analytics, Google XML Sitemap Generator, и Contact Form 7.

Врз основа на темата која ќе ја користите некои може и да нем потреба да ги инсталирате. На пример, јас веќе не го користам All in One SEO Pack бидејќи самата тема која ја користам ми го обезбедува се она што ми го нуди тој додаток.

Да ги дефинираме практичните чекори кои ќе треба да го направиш токму овој ден:

  • Инсталирајте ги гореспоменатите додатоци.
  • Извршете ги неопходните подесувања за истите.

Следува: Бизнис блог – ден 11: Бреинстормирање на наслови

post

Бизнис блог – ден 9: Подготовка на технологија

WordPress лого Ќе продолжуваме со деветиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба.  Претходниот осми ден од предизвикот се однесуваше на дефинирање и подготовка на категориите и основните страни кој доколку не сте го поминале би било добро да се вратите пред да одите со активности од овој девети ден.

Ден 9: Подготовка на технологија

Како што можете да забележите од овој предизвик технологијата е само мал дел (само еден ден) од овој предизвик за блогирање за бизнис. Но, сепак мора да се помине без разлика дали тоа ќе го направи твојот дизајнер или ќе бидеш направи сам претприемач. Пред да продолжиме со овој ден сакам да напоменам дека постојат повеќе платформи за блогирање, но како препорака во овој предизвик ќе го користиме WordPress.

Овој ден ќе го искористиш за инсталација на платформата за блогирање. Имаш 10 видео материјали во првиот email доколку сте регистрирани за двонеделните билтени на претприемач кои ќе ве водат низ процесот на инсталација на WordPress. Направете ги неопходните подесувања како General Settings и Permalinks, направете ги категориите и подкатегориите кои ги определивте претходниот ден.

Да ги дефинираме практичните чекори кои ќе треба да го направиш токму овој ден:

  • Инсталирајте го WordPress.
  • Во општите сетинзи напишете го насловот како и поднасловот на твојот бизнис блог. Обиди се и во насловот и во поднасловот да користиш некои од примарните клучни зборови. Во истиот овој дел подесте ги URL-ата како и временската зона.
  • Следното важно подесување, ако не и најважно е да ги подесиш permalinks. Овие подесувања ќе го определат изгледот и структурата на URL-ата кои ќе се покажуваат за страните и постовите на твојот бизнис. Не избирајте ја опцијата со бројчаник, туку изберете описен изглед. На пример: www.tvojblog.mk/naslov-post.
  • Направете ги сите страни кои ги одготвивте вчера.
  • Креирајте ги категориите и подкатегориите кои ги подготвивте вчера.

Слдеува: Бизнис блог – ден 10: Инсталација на додатоци