post

Значајност на навремени организациски промени

Значајноста на организациски промени е сè поголема во организациските системи од секаков вид, облик, големина, индустрија или пазар.

организациски промени

Притисокот од околината е сè поголем и поголем, особено изразен преку драстично зголемување на моќта на купувачите во последните пет до шест години и развојот на новата технологија која станува сè подостапна и за организациите и за индивидуалистите.

Продолжи…

image

Извори на информации за деловно разузнавање

Оваа слика е резултат на моето истражување за докторска дисертација која содржи некои извори на информации кои процесот на деловно разузнавање може да ги користи за иницирање на организациски промени. Овие извори се само еден мал дел од онаа што денес постои и може да се користи, но и се однесува само на 5 највлијателни извори на организациски промени: купувачи, конкуренти, човечки ресурси, технологија и промени во законодавство.
post

10 Чекори за успешен процес на промени кој ќе гарантира успех

Вашиот бизнис не може да преживее и во исто време да остане ист во текот со времето бидејќи околу него се случуваат огромни промени и тоа постојано. Едноставно или ќе ја промените вашата компанија или ќе ја оставите во позиција на „изумирање”.

промени чекори

Но, кога зборуваме за промените мора да напоменам дека ќе се појават многу препреки и работи со кои ќе се соочите на вашиот трансформационен пат.

Продолжи…

quote

Огинот на запалена амбиција

Трансферот од платформа која гори во запалена амбиција е критичен за успех. Додека стравот може да обезбеди иницијално поттикнување на акција, аспирацијата е многу поголем мотивирачки фактор. Одржливи промени бараат огин на запалена амбиција.

~ Dr. Peter Fuda

од книгата Leadership Transformed – How Ordinary Managers Become Extraordinary Leaders (книгата треба да излезе на 20.08.2013)

post

10 чекори за да се разликувате од конкуренцијата

Како еден претприемач дали сте се обиделе да обезбедите вашиот бизнис да се разликува од конкуренцијата?

Доколку одговорот е да, сигурно веќе знаете дека тој процес не е лесен, понекогаш навистина болен и бара вложување на голем труд.

Мора да ја следите конкуренцијата. Да знаете што тие прават. Мора да ги слушате купувачите за да знаете дека сите промени кои ќе ги преземете во обезбедувањето на разликата е нешто што тие го сакаат. Мора да имплементирате промени во вашиот бизнис кои ќе бараат многу промени на навики и однесувања во вашиот бизнис.

Тоа се еден вид на крупни организациски промени кои отвораат прашања поврзани со самиот процес на промената, но и прашања поврзани со отпорот кој ќе се појави при имплементација на истите.

Сепак, основата да се разликувате од конкуренцијата е постојано подобрување. Никогаш не треба да се задоволувате со тековната состојба во која се наоѓате иако можеби сте број еден на пазарот. Секогаш ќе постои некој кој ќе ви дише во вратот и ќе се обидува на секое ваше застанување или навлегување во длабок сон да поентира и да ве симне од тронот кој што го држите во моментов.

Подолу се дадени некои чекори кои доколку ги следите ќе ве воведат во процесот на континуирано подобрување во вашиот бизнис и воедно ќе направат секогаш да сте поразлични од вашата конкуренција, но во позитивна смисла на зборот.

Продолжи…

post

Може ли да фунцкионира вашиот бизнис без вас

Знам дека вие сте претприемач, некој кој го создал своето бебе – бизнисот, некој кој вложил се да го застане на нозе, да прооди, да функционира…

Но, дали тоа функционирање е самостојно?

Што доколку не сте тука, да кажеме цел еден месец?

Дали во една таква состојба бизнисот може да преживее?

Непредвидливи работи се случуваат, но бизнисот мора да има вградени механизми да функционира и без вас.

Продолжи…

post

Кога е вистинското време за пивотирање?

Со развојот на една сосема нова филозофија се развива и нова терминологија во кажување на работите кои можеби и досега сме ги применувале но, без некое посебно име.

Пивотирање (pivot) како еден процес, особено кај стартап компании за првпат се појавува во The Lean Startup на Erick Ries, каде што е дефинирано како:

…структурирана корекција на курсот, која е дизајнирана за да се тестираат нови фундаментални хипотези за производот, стратегијата и машинеријата на растот.

Согласно таа дефиниција, пивотирањето не е ништо друго освен промена која има за цел да се тестираат нови хипотези. Но, можеби како израз е поволен кога станува збор за стартап компании каде промените се случуваат со хипербрзина (може да се мерат и во секунди).

Но, тука прашањето е кога е вистинското време за пивотирање?

Продолжи…

post

Видови на промени врз основа на тоа што се менува

Долго време ги проучувам организациските промени (некаде од крајот на деведесетите години од минатиот век). Еден дел од моето прочување во тој период и особено работејќи на магистерската беше прибирање и анализирање на научна литература од оваа подрачје. Тогаш разработив повеќе класификации на промени. Но, тука би сакал малку да зборувам за една од најчестите, но и најпогрешно разбраните класификации.

Таа класификација се прави врз база на тоа што ќе се менува во организацијата. Доколку промените се насочени кон технологијата имаме технолошки промени. Доколку се насочени кон структурата тоа се структурни промени или пак доколку е насочена кон луѓето тоа се промени на луѓето. Така да класификацијата најчесто изгледа вака:

  • Технолошки промени
  • Структурни/процедурални промени
  • Промени насочени кон луѓето

Технолошки промени. Научниот развој на нова технологија претставува причинител на овој вид на промени. Оваа се едни од највидливите и најдраматичните промени кои што се направени во организациите во последниве години. Во последните три децении автоматизацијата на големи врати навлезе во бизнис организациите. Роботиката во процесот на производството е се поприсутна, а информациската технологија отвора нови погледи во начинот на работењето на организациите. Денес дури и не е можно да се замисли успешно функционирање на компанијата без компјутерите. Дали нам ни се допаѓа тоа или не, брзината на технолошките промени во организациите не може да се следи со голо око.

Структурни/процедурални промени. Овој вид на промени се доста популарни во последно време кај организациските експерти бидејќи организациите сакаат да воспостават што е можно поефикасен и поефективен организациски дизајн во поглед на што подобра комуникација, координација, стандардизација и специјализација на активностите. Исто така оваа промена се однесува и на прашањата за централизација и децентрализација во донесувањето на одлуките, како и на големината на работните единици. Пример на овој вид на промена е да се промени организациската структура што во моментов се користи (на пр. функционална) во некоја друга структура (на пр. матрична).

Промени насочени кон луѓето. Луѓето (вработените) се најважната компонента на организациите, бидејќи од нив зависи успехот на истата. Ние можеме да спроведеме технолошки или структурни промени, но доколку тие не бидат прифатени од членовите на организацијата кои што ќе треба да ги применуваат новите стандарди сета работа може да биде фрлена во вода. Овие промени се однесуваат на мотивацијата, вештините, однесувањето, вредностите, ставовите, нормите и перцепцијата на членовите на организацијата. Ова е и суштината на организациските промени, поради што тие во најголем број случаи се насочени кон луѓето, односно промената не може да биде успешна доколку не се извршат промени во човечкиот фактор.

Видови на промени На сликата се претставени овие видови на промени. Тие се претставени во вид на кругови кои меѓусебно се пресечуваат (Венови дијаграми со пресеци). Со ова сакам да укажем дека теоретски може да ги разгледуваме одвоено овие промени, но во реалноста тие се преплетени меѓу себе и се појавуваат како комбинација на една со друга или најчесто сите заедно. Така да од основните три вида на организациски промени ќе добиеме уште четири нови и тоа:

  • Техноструктурни промени  (промени кај технологија и структура);
  • Социотехнички промени (промени кај луѓето и технологијата)
  • Социоструктурни промени (промени кај луѓето и структурата)
  • Социотехноструктурни промени (промени кај луѓето, технологијата и структурата)
post

Колку е безбеден твојот бизнис во однос на надворешните промени?

Живееме во свет каде што промените се нормална работа. Нашите денешни очекувања се поголеми од вчерашните. Очекувањата во иднина ќе бидат поголеми од денешните.

Очекувањата на нашите купувачи се менуваат со голема брзина. Нашите снабдувачи прават промени во нивниот начин на водење бизнис. Нашите партнери стануваат сé поразлични со текот на времето. Нашите интереси се менуваат со текот на времето.

Надворешните промени ќе се случуваат околу твојот бизнис без оглед дали го сакате вие тоа или не. Тогаш, колку е безбеден твојот бизнис од надворешните сили кои можат да предизвикаат промени во самиот бизнис?

Ќе може ли твојот бизнис да избега од промените кои се случуваат надвор од твојата компанија?

Едно нешто станува се појасно, а тоа е дека не може да избегаш од таквите промени доколку сакаш твојот бизнис да преживее во оваа динамично опкружување.

На располагање ви стојат четири можности:

  • Да го иновирате на сопствен начин вашиот пат и надворешните промени да ги направите ирелевантни. На пазарот, постојат компании кои иновираат, и ги произведуваат промените на свој начин. Од друга страна овие компании вршат притисок врз други компании за да се промени себе си. Ваквите бизниси не чекаат да се појават “силите” на промени, тие едноставно произведуваат промени кај себе, но и кај другите.
  • Да го промените бизнисот врз база на тие надворешни сили. Може да се видат и компании кои не се толку иновативни но, сепак тие следат што се случува околу нив и едноставно се прилагодуваат на тоа нивно опкружување. Овие компании се многу прилагодливи и лесно може да направат сè што врз основа на трендовите околу нив. Тие не чекаат да откријат дека надворешните сили имаат влијание врз нивните деловни резултати.
  • Да ги игнорирате силите и да продолжите како досега се додека не започнете да ги чувствувате вистинските болки. Исто така, можете да најдете компании кои чекаат се додека надворешните промени не започнат да влијаат на резултатите на нивниот бизнис. Овој вид на компании едноставно ги игнорираат сите промени околу нив и започнуваат да размислуваат за прилагодување само кога ќе го забележат трендот дека нешто не е во ред со бизнисот. За нив, многу потешко да се врати на вистинскиот пат.
  • Да останете целосно отпорни на таа промена се до крајот на бизнисот. Четвртата можност е кога компаниите чекаат без да преземат нешто се додека нивниот бизнис целосно не згасне. Тие не сакаат да се имплементираат промени за да се обезбеди динамички рамнотежа со нивната околина. Тие едноставно одлучуваат дека ќе продолжат со стандардни практики кои ги применувале пред  надворешните промени да почнат да притискат врз нив.

Каков вид на компанијата е на вашата компанија?

post

Фрактална филозофија за подобрување

Фрактална филозофија или фрактална фабрика, компанија како што може да се сретне во литературата како појава своите почетоци ги има во Теоријата на фрактална геометрија. Оваа теорија е откриена од математичарот Benoit Mandelbrot во 1975 година и го решава проблемот на анализирање и опишување на геометриски тела во повеќедимензионален простор.

Зборот фрактал доаѓа од латински збор fractus што значи скршено, фрагментирано. Објектите кои што ги опишува и анализира оваа теорија се наречени фрактали, односно неправилни површини кои што се наоѓаат во природата насекаде околу нас.

Со помош на Питагорова теорема можно е да се опише правоаголен триаголник, но објеките со кои се среќаваме во природата во секојдневниот живот немаат сите форма на правоаголен триаголник. Пример на една ваква неправилна овршина може да биде скршен камен кој што има доста комплексна површина. Тука се поставува прашањето каква геометриска формула треба да постои за да се опише оваа површина. Овој камен пак може да личи на една минијатурна планина од која што е изваден тој камен. Значи фракталите се самослични што претставува една од карактеристиките на оваа теорија.

Може да се постави прашањето каква примена би имала оваа теорија во бизнисите како системи кои како што знаеме се вештачки системи составени од технички и природни системи. Исто така бизнисите се комплексни системи.Тие имаат своја структура, која што колку е покомплексен организацискиот сстем толку и структурата е окомплексна, односно обликот и формата на организациската структура стануваат покомплексни. Динамичното окружување на денешните бизниси при се поголема глобализација на пазарот не дозволуваат компаниите да се потпрат на едноставни структури кои се бавни при промените, туку бараа такви структури кои ќе бидат спремни да одговорат на сите предизвици кои доаѓаат од променливата околина на компанијата. Токму поради оваа комплексност на организациските системи оваа теорија на фрактална геометрија откриена од Mandelbrot може да најде широка примена во организацискиот живот и во бизнисите.

Во 1992 година, Професор Warnecke претстедател на Fraunhofer-Institute for Manufacturing Engineering and Automation во Stuttgart го развил концептот за „Фрактална фабрика“. Овој концепт всушност претставува соодветен одговор на јапонските и американските менаџмент филозофии, но прилагоден согласно окружувањето на бизнисите кои се во Европа. Целта на овој концепт е да се развие таква компанија која ќе се прилагоди на сите промени кои доаѓаат од околината со претпоставка дека компаниите се живи организми со огромен потенцијал на вработените кои треба на вистински начин да биде искористен. Овој концепт на „Фрактална фабрика“ подоцна наоѓа широка примена и во неиндустриските подрачја.

Да видиме како се дефинира оваа филозофија наречена фрактална?

Фракталната филозофија како што ни кажува самиот збор ја разгледува организацијата како состав од повеќе елементи кои се наречени фрактали. Целта на едно вакво разгледување е да може во секој момент преку фракталот да се огледа целата структура. Секој од овие фрактали се организациски ентитети кои рабтат независно едни од други но имаат голема сличност едни со други бидејќи секој на секого (фрактал) врши одредена услуга. Од тука и доаѓа карактеристиката на самосличност која ја користи оваа филозофија.

Помеѓу фракталите но и во самите фрактали се воспоставува една таква врска во која што сите добри идеи може да се имплементираат без разлика од кај доаѓаат, што пак доведува до процес на континуирано подобрување на работењето во самите фрактали и на целиот рганизациски ситем. Ова е поради карактеристиките на самоорганизирање и самооптимизирање кои ова филозофија ги применува на две нивоа:

  • оперативно ниво и
  • стратешко ниво

Целите на фракталите се интегрираат во целите на целиот рганизациски систем, односно целите на фракталите служат како начин на исполнување на целите на компанијата. Ова е четвртата карктеристика на фракталите – ориентација кон целите. Значи целите на фракталот се подцели на целата компанија со што се избегнува спротивставеност на целите помеѓу самите единици и со целата компанија.

Поради тоа што фракталите се помали независни ентитети во состав на компанијата, тие многу лесно се приспособуваат кон промените во окружувањето, што е резултат на динамичната карактеристика на фракталот. Кога сруктурата во самиот фрактал нема да одговара на новите барања и услови таа се менува, а со тоа се јавува пореба од промени во сите фрактали во една корпорација, што пак доведува до промени на целата структура на организацискиот систем. Ова претставува една од најважните карактеристики на фракталите, бидејќи овозможува брзи иновации во рамките на самите фрактали, а со тоа и иновации во целата корпорација.

Па сега што претставува фрактална филозофија?

Фрактална филозофија е еден интегриран приод кој ја дели организацијата на посебни ентитети кои работат независни едни од други (можат дури и целосно да се одвојат од неа), а чии цели и перформанси можат прецизно да бидат опишани врз основа на основните карактеристики на тие независни ентитети – фрактали:

  1. Самосличност
  2. Самоорганизирање
  3. Самооптимизирање
  4. Ориентација кон целта
  5. Динамичност

Основни карактеристики на фрактална филозофија

Да ги опишеме карактеристики кои ги потенциравме погоре.

Карактеристика на самосличност

Како што веќе кажавме при дефинирањето на фракталите една од неговите основни карактеристики претставува самосличноста. Сетовите на Mandelbrot прикажуваат самосличност не заради тоа што даваат подетална слика на поситните нивоа туку поради тоа што даваат детали со одредена константна симетричност иако тие сетови не се идентични. Во математиката за еден објект се вели дека е самосличен доколку тој има „груба“ сличност во однос на било која карактеристика. Објектите не треба да имаат точно иста структура на сите скали, но ист тип на структури мора да се појавуваат на сите скали. Самосличните структури се добиваат со итерација (повторување) на едноставни правила за процес на растење на сите скали на простор и време.

Фрактална самосличност Оваа карактеристика на самосличност во организациските системи не се однесува само на структурата на фракталите, туку се однесува и на сличноста на целите помеѓу фракталите. Како во фрактална геометрија одредена фигура има карактеристика на самосличност доколку може да се подели на помали и помали делови кои личат на целината, но имаат различна големина (како на сликата лево) така и во концептот на фрактална фабрика секој фрактал мора самиот да биде во одреден степен посебна фрактална фабрика.

Ова значи дека можат да постојат слични, но никогаш идентични структури на различни фрактали (слика подолу).

Фрактална слична структура

Треба да напоменеме дека не мора да значи дека фракталот ќе остане како дел од фабриката, организацијата или пак бизнисот, туку може да стане целосно независен, така што ќе се формира мрежа од компании кои се поврзани меѓу себе и кои ќе се разгледуваат како фрактали. Со вака поставените работи ќе се дојде до децентрализација во фабриката и нема да постои монопол врз одредени ресурси на еден фрактал во однос на друг.

Карактеристика на самоорганизирање и самооптимизирање

Карактеристиката која им допушта на фракталите да имат слобода во организирање и изведување на задачите се нарекува самоорганизирање. Фракталите поседуваат одреден степен на слобода во дејствување и во процесот на донесување на одлуки, така што се поттикнуват самите да го изберат начинот на кој што ќе манипулираат со ресурсите на таков начин што ќе произведуваат производи и услуги во насока на исполнување на поставените цели.

Самоорганизирањето во фрактална фабрика влијае како на оперативно, така и на тактичко и стратешко ниво. Оперативната самоорганизација бара примена на соодветни методи за контрола на процесите. Овие контролни системи ќе доведат на оперативно ниво до максимизирање на добивките, минимизирање на загубите (расфрлања) и превенција од несреќни случаи и штетни ефекти. Фрактална фабрика овозможува интегрирање на масовното и поединечното производство со користење на флексибилни производствени системи со што ја зголемува флексибилноста на целиот систем. Со стратешката и тактичката самоорганизација се постигнуваат глобалните цели на локално ниво.

Поради тоа што денес бизнисите работат во една таква средина која што влијае на безброј начини на нејзиното работење, а тоа влијание може да има огромни последици, тие треба да се прилагодуваат кон тоа влијание. Времето за кое компанијата ќе го стори тоа е многу важно за продолжување на успешното работење. Затоа концептот на фрактална фабрика им дава карактеристика на самооптимизација на фракталите. Со оваа карактеристика на фракталите се добива континуитет во оптимално работење на целата компанија поради фактот што секој фрактал без разлика од кое ниво на сегментирање на компанијата се наоѓа врши соодветна оптимизација на работењето согласно своите потреби не заборавајќи ги притоа целите кои треба да се исполнат на глобално ниво.

Можеме да заклучиме дека фракталите самите се организираат и оптимизираат, што претпоставува дека овие активности се одвиваат од доле према горе. Овие карактеристики доведуваат до континуирано подобрување и тоа во вистински моменти поради тоа што секој фрактал тргнувајќи од најситниот па се до целата фрактална фабрика дава одреден придонес за начинот на организирање и оптимизирање на работењето.

Карактеристика на ориентација кон целите

Целите на фракталите претставуваат главен фактор кој управува со нив. Затоа сите фрактали ја имаат карактеристика на ориентација кон целите, односно ориентација кон исполнување на целите кои се поставени пред самиот фрактал, а со тоа и исполнување на целите на целиот организациски систем. Но, тука главното прашање кое се поставува е како да се определат целите, дали тие едноставно можат да им се наметнат на фракталите.

Вистинскиот начин за поставување на целите е преку координација на фракталите. Секој фрактал има индивидуален и конзистентен систем на цели. Системот на целите на фракталот се изведува преку координација со фракталот од прво погорно ниво.

Ова може да се објасни на следниов начин: целта на системот човек-машина (фрактал) е намалување на времето на производство на едно парче, оваа цел е изведена во координација со целта на погорен фрактал (намалување на време на производство на производот) каја пак е изведена во координација со целта на наредниот погорен фрактал (намалување на време на доставување на производот на купувачите).

Забележувате како секоја цел од најситното ниво на бизнисот е усогласена хиерархиски кон повисоките нивоа, за да на крајот бидат сите усогласени со бизнис целите.

Карактеристика на динамичност

Традиционалните модели на организирање, вклучувајќи ги и Тејлоровите принципи на сегментација на работата имаат голема слабост поради нивната статичност. Фрактална фабрика својот успех го темели на својата динамичност. Тука доаѓа до израз терминот виталност на фракталот.

Терминот виталност е изведен од латинскиот збор vitalis кој се користи во биологијата и значи способност за живот, животна сила или животна енергија. Освен на живите организми овој термин може да се искористи и во опишување на карактеристиките на организациските системи кои реагираат и се адаптираат согласно влијанието на нивната околина.

Виталноста претставува термин за мерење на способноста и ефикасноста на фракталот. Таа зависи од внатрешни фактори (кадри, менаџмент, финансии, локација итн.) и надворешни фактори (конкренција, пазари, законодавство итн.). Од ова може да се заклучи дека за еден фрактал да биде витален влијаат силините или слабостите на самиот фрактал како внатрешни елементи и можностите и заканите односно надворешните барања кои треба да се исполнат од тој фрактал. Ова е веќе SWOT анализа. Повеќе можете да прочитате во основи на SWOT анализа и дијаграм на тек за SWOT анализа.

Колку е поголема виталноста на фракталот толку е поголема способноста на фракталот да преживее во неговото динамично окружување. Затоа фракталите имаат карактеристика на динамичност, односно брзо менување на нивната структура за дa одговорат на променетите барања од околината.

Согласно системската теорија фракталите треба да се формират на таков начин да релациите (тек на материјали, кадри и информации) внатре во фракталот бидат посилни од оние релации со надворешни фрактали. Доколку ова правило не се исполнува препорачливо е да се менуваат структурите.

Во текот на работењето како што е прикажано на сликата подолу, соработката помеѓу фракталите во фабриката се карактеризира со висока индивидуална динамичност и максимална способност да се адаптираат и да реагираат на влијанијата од страна на околината. Од сликата може да се забележат сите карактеристики кои накратко ги опишавме погоре.

Фрактални ентитети Од досега изложеното можеме да заклучиме дека фракталниот концепт како еден интегриран приод ја нагласува улогата на околината како и улогата на човечкиот фактор во развивање на флексибилни производствени, организациски и бизнис системи кои ќе бидат способни да одговорат на утрешните предизвици.

Методи и техники

Oваа филозофија претставува одредена комбинација на мали промени во кратки временски интервали (KAIZEN) и радикални промени во еден подолг временски период (Реинженеринг). Според тоа слободно може да се каже дека фракталната филозофија може да ги користи комбинациите на методите и техниките кои беа опишани за реинженеринг и Kaizen.

Тука би се насочил на малку покомплексни методи и техники кои се применуваат при фракталната филозофија за организациски промени. Hans-Jürgen Warnecke како методи и техники на фракталната фабрика ги дава следниве:

  • Методи и техники кои овозможуват креирање на простор за маневар со соодветни степени на слобода.
  • Методи и техники кои обезбедуваат динамични организациски структури. Ова значи организациската структура да биде променлива по потреба и потребата да ја дефинира структурата а не структурата да ги дефинира бизнис потребите.
  • Методи и техники кои овозможуват самооптимизацијана фракталите како и на бизнисот во целина.
  • Методи и техники кои описно ги претставуваат процесите и даваат добра слика на тековните состојбите.
  • Методи и техники за оптимална употреба на ресурсите. Сите методи и техники за оптимална употреба на ресурсите.
  • Комуникација. Соодветна комуникација од горе надолу и одоздола нагоре како и хоризонталната комуникација овозможува брзо откривање на проблемите и со тоа и нивно брзо решавање.
  • Претприемничка перцепција. Се бара размилсување, размена на идеи и акција од сите членови на бизнисот. Со тоа се запира стареењето на бизнисот и постојано држење на фазата озбилност (врвната форма) од животните циклуси на бизнисите.
  • Мотивациски контролен јазол. Оваа филозофија подразбира користење на контролни јазоли како еден вид на повратна врска (feedback) врз основа на која ќе се применуваат мотивациските принципи на менаџментот. На таков начин ќе се обезбеди наградување по вистинска заслуга на секој од организациските членови.