post

ШТО МОЖЕ ДА ИМА ПОТЕНЦИЈАЛНА БИЗНИС ЕНЕРГИЈА?

Потенцијалната бизнис енергија е содржана во секој елемент на бизнисот како што секое тело согласно физиката содржи потенцијална енергија. Но, секогаш постои прашање што е тоа што содржи потенцијална бизнис енергија? Доколку ги определите вистинските елементи на бизнисот кои содржат или на кои треба да им се зголеми потенцијалната бизнис енергија тогаш сте завршиле пола работа на патот за успешен бизнис.

Воопшто секој бизнис е составен од следниве елементи:

  • Идеи
  • Луѓе
  • Финансии
  • Процеси
  • Производи и услуги

Продолжи…

post

ПРОИЗВОД КОЈ НЕ МОЖЕ ДА СЕ УБИЕ

Businesspundit објави текст со 25 најлоши пропаѓања на бизниси во кој ги опишува пропаѓањето на бизнисите со одлична бизнис идеа. Она што ни стана интересно е најлошото пропаѓање на трето место за компјутерите кои на многумина од нас било прво среќавање со чудото на тоа време.

Се сеќаваме на времето кога комјутерите беа само 64 килобајти. За што ги користевме? Секако за добри игри за тоа време кои гледани од денешно време се смешни. Во периодот од 1983 до 1986 година големите компании како IBM, Apple и Atari не можеа да се снајдат што им се случува. Commodore64 компјутерите се продаваа во 2 милиони примероци годишно и држеле скоро 50% од пазарот.

Секој производ си има свој животен век или животен циклус кој оди од раѓање до смрт (веќе не се произведува и користи). Затоа компаниите воведуваат нови производи кои ги заменуваат старите кои се во изумирање. Доколку ова не се случи, бизнисот пропаѓа. Така и Commodore се обидува да воведе нов производ кој ќе го замени славниот C64 со побрз и подобар. Но, што се случува? Новиот компјутер е скап и не ги задоволува потребите на потрошувачите за кои би требале да платат многу повеќе пари. Така си продолжуваат со користење на нивната омилена C64-ка.

Како што поминува времето од скалата на животниот циклус на производот се намалува и цената. Така компанијата не можеше веќе да ги произведува C64 по соодветна цена, а новите производи не и се трошеа. Така во 1994 година компанијата банкротираше.

Што може да се научи од искуството на Commodore:

  • Некои производи едноставно неможат лесно да се убијат, искористи ја таквата предност
  • Нов производ треба да ги задоволува потребите на пазарот многу повеќе отколку претходниот
  • Разликата во цена на новиот и стариот производ да не биде драстична, така купувачите ќе можат да ги пробаат новитетите
  • Потребна е соодветна стратегија за замена на производите која ќе биде прилагодена со потребите на потрошувачите.