Во оваа епизода на “претприемачки пат” ќе начнам една тема која што често пати се заборава едноставно поради огромниот фокус кој го насочуваме кон купувачите, односно кон целниот пазар во кој се наоѓаат тековните купувачи и потенцијални купувачи. Прашањето е што можеме да добиеме доколку во нашите стратегии и планови за иднината ги вклучиме и некупувачите? Звучи збунувачки, но сепак имам забележано големи постигнувања на бизнисите со едноставно користење на некупувачите во дефинирање на идните стратегии за компанијата.

Епизода #26: Што се случува со некупувачите, кои се и што правите во однос на нив?

Епизода #25: Тестирање на претпоставки и стапици кои ќе треба да ги одбегнете
Продолжуваме со дваесет и петтата епизода на “претприемачки пат” во која станува збор за тема поврзана со иновации и стартапи, односно за тестирање на претпоставки, односно хипотези за нова идеја или иновации.
Во оваа епизода на “претприемачки пат” малку ќе се навратиме на темата на годината, иновациите која на некој начин е поврзана и со стартапи. Денеска не можеме да очекуваме дека можеме да научиме нешто и да го имплементираме онака како што сме го научиле во реалноста. Секој бизнис, ама баш секој бизнис функционира во крајно неизвесно опкружување. Дури слободно можеме да кажеме дека неизвесноста е единствената константа за секој бизнис.

Епизода #24: „Да направам” листа која ќе гарантира успешност
Со оваа епизода на “претприемачки пат” малку ќе се тргнеме од темата на годината, иновациите и ќе се префрлиме на продуктивноста. Не верувам дека постои некој кој не користел, користи или пак нема да користи во иднина одреден вид на „да направам” листа со цел да ја зголеми сопствената продуктивност, да остане фокусиран на онаа што го прави и да обезбеди дека се што е планирано ќе биде и завршено. Проблемот не е со самата алатка без разлика дали станува збор за ливче со цртички за се онаа што треба да направите или пак за некоја мобилна апликација или веб сервис за истата намена. Проблемот е со содржината на тоа ливче или било која друга алатка која ја користите. Бидејќи содржината е проблематична, тогаш проблемот е кај вас, затоа што едноставно вие ја креирате содржината, а не некој друг или самата апликација.

Епизода #23: Екосистем за иновации
Имате идеја за навистина крупна иновација со која сакате да го смените досегашниот начин на решавање на некој проблем или задоволување на потреба на купувачите. И сето тоа е ОК, но дали можете сами како претприемач и како бизнис да ја изнесете иновацијата на пазарот, односно до рацете на купувачите. Веројатно нема да можете. Зошто? Затоа што поголемиот дел на овие иновации функционираат преку екосистем за иновација во кој се вклучени и многу други страни со одредена одговорност и придонес за успех.

Епизода #22: Што доколку не постои пазар за вашиот иновативен производ?
Што се случува доколку имате идеја за извонредна иновација која може во целост да го промени досегашниот начин на решавање на проблем на купувачот или пак некоја негова потреба а сеуште таков пазар не постои, односно нема такви купувачи? Едноставно практиката познава во такви случаи само голем број на неуспеси од страна на претприемачите или менаџерите во големите компании. Нема пазар, нема купувачи нема ниту да знаете дали вашиот иновативен производ е ОК и дали сте на вистинскиот пат. Кога нема производ нормално е дека нема ни пазар за тој производ.

Епизода #21: 10 елементи со бизнис потенцијална енергија
Всушност во оваа подкаст епизода зборувам за еден начин кој го користам во практиката и кој го развивам веќе пет години за да анализирам како бизнисот функционира и кои се слабостите кои бараат подобрување, односно промени. Развојот на оваа теорија започна некаде во 2008 година при што користев иницијална квантификација на повеќе фактори за пресметка на бизнис потенцијална енергија на бизнисот и специфично за секој елемент кој придонесува во интензитетот на таа бизнис потенцијална енергија. Дури пред некој месец кога ги разгледував првите документи за процесите на оваа методологија забележав дека скоро ништо не е исто. Развиените алатки како и процесите кои сум ги користел во почетните денови еволвирале и се развивале да денес се сосема различни. Едно нешто е исто, идејата на која започнав да ја базирам оваа теорија.

Епизода #20: Зошто скоро сите имаат погрешно сфаќање на бизнисот
Насловот ”зошто скоро сите имаат погрешно сфаќање на бизнисот” можеби е преопшт, но сепак онаа што го дискутирам во оваа епизода обезбедува повеќе oд 90% од одговорот на прашањето. Иако секогаш можеме останатите 10% да ги дискутираме со уште стотици или илјадници одговори, но прашањето е дали се важни за нас токму во овој момент.

Епизода #19: Апликации без кои не можам
Како што веќе напишав во најавата, ќе стане збор за 10 апликации кои се на листата на апликации кои секојдневно на некој начин ги користам и кои ми овозможуваат поголема продуктивност и полесно изведување на различни работни задачи со помош на истите.
Да не должам многу преминете на слушање.

Епизода #18: Како да изведете дисквалификација на купувачи
Мора да напоменам дека во оваа епизода на “претприемачки пат” за разлика од досегашните во кои се фокусиравме на привлекување и задоволување на купувачи, во оваа епизода ќе се фокусираме на нешто поразлично, а тоа е да изведете дисквалификација на купувачи што значи како да го отстраните, односно отфрлите потенцијалните купувачи кои не го заслужуваат вашиот фокус.

Епизода #17: Што мора да направите како еден стартап претприемач
Оваа епизода на претприемачки пат всушност ќе биде надополнување на постот кој го напишав на претприемач насловен како 20 мора за стартап претприемачи. Во тој наслов само ги нафрлав тие 20 „мора” кои се дел од една листа на 100 такви мора. Таа листа како што напишав и на претприемач ја подготвив уште во 2009 година, а сега истата таа листа само што ја проширив со уште 87 нови „мора” кои очекувам по уште едно седнување и преразгледување лесно ќе ја надминат бројката 200.