Да, големината на пазарот е важен индикатор за секоја компанија без разлика дали станува збор за веќе постоечка или стартап. Од таа големина зависат многу идни акции но и успеси на бизнисот.

Не само колкав е пазарот, туку и каков е

На кого се се потпира вашата иновација
За да постои некоја иновација согласно дефинирање на терминот треба да постои корисност и тоа не само за еден човек (вас или било кој друг) туку за поголем број на луѓе кои навистина ќе се најдат зависни од таа ваша иновација.

Потекло на одлични иновации
~ Scott Belsky (книга: Making Ideas Happen)

Разорна иновација

Претприемачки мајндсет – во 2014 бидете поиновативен претприемач
Станува збор за тоа да станете поиновативен претприемач, за иновација, односно иновативноста која во себе ја содржи и креативноста.

Епизода #16: Паметни одлуки при иновирање
Сега сигурно ќе се запрашате каков е тој наслов на оваа епизода, особено за паметни одлуки или пак дали одлуките може да се делат на паметни и глупави одлуки. Во секој случај, целта на оваа епизода на претприемачки пат е токму тоа, да разјасни нешто што може да се каже дека претставуваат паметни одлуки, а се останато нормално ќе се најде во останатата група. Сепак тука ќе слушнете за 6 паметни одлуки при иновирање кои ќе ви ќе ви помогнат во креирање на беспрекорен иновациски процес

Дали вие сте иновативен претприемач
Вие ги решавате проблемите на подобар или поиновативен начин за вашите купувачи. Вие креирате компанија која значи нешто за вас, вашите вработени и вашите купувачи и тоа од ништо.

6 Тактики за повторна иновација во вашиот бизнис
Но, како што поминува времето и вашиот бизнис расте, циклусот на иновацијата ќе биде се поголем и поголем, што значи се поспоро ќе се иновира, а се повеќе фокусот ќе биде на одржување на тековната состојба со растот на бизнисот.

3И прогресија во однос на нoви идеи
~ Warren Buffet
во интервју на Charlie Rose цитат од книгата Practicaly Radical, Not-So-Crazy Ways to Transform Your Company, Shake Up Your Industry and Challenge Yourself

Иновација преку поставување на прашања
Извор: Innovation Excellence
Прашања кои се однесуваат на важни аспекти на еден бизнис и нивниот одговор се основа за иновација кај малите бизниси. Во овој одличен текст се дадени три клучни подрачја во кои вие како еден претприемач ќе треба да поставувате прашања и да барате одговори кои ќе ги користите како основа за иновирање во однос на вредноста, процесите и технологијата во вашиот мал бизнис.
- Поставување на прашања на купувачите. Да поставувате прашања на вашите купувачи претставува фидбек за се онаа што вие како еден бизнис го работите. Не само што ќе дојдете до квалитетни идеи за иновација, туку ќе дојдете и до квалитетни информации и знаење за најпроблематичните процеси во вашиот бизнис кои лесно може да станат предмет на подобрување.
- Поставување на прашања за конкурентите. Следното подрачје каде прашањата може да водат до квалитетна иновација е конкуренцијата. Уште во 2011 година дизајнирав 22 основни прашања кои постојано ќе треба да си ги поставувате во однос на вашите клучни конкуренти. Истите прашања лесно ќе се надоградат со повеќе подпрашања, само треба да започнете. Инаку, што прават вашите конкуренти, како го прават, која е нивната вредност и многу слични прашања како и одговорите ќе ве поттикнат да преземете нешто и вие во вашиот бизнис.
- Поставување на прашања за заедницата. Заедницата која постои околу еден бизнис е поширока и опфаќа повеќе ентитети освен тековни купувачи и конкуренти. Тука се вработени, потенцијални вработени, поддржувачи, критичари, потенцијални купувачи, потенцијални конкуренти, снабдувачи, потенцијални снабдувачи… Сите овие ентитети кои ја сочинуваат заедницата на еден бизнис имаат потенцијал да поттикнат иновација во еден мал бизнис. Затоа и прашањата во однос на заедницата околу вашиот бизнис ќе можат да поттикнат иновација во вашата компанија.
Поставувајте прашања. Поставувајте многу прашања за се околу вас и вашиот бизнис. Тие ќе ја поттикнат креативноста кај вас, а со тоа полесно ќе станете многу поиновативна компанија. А, на поиновативните компании им е загарантиран успехот.