post

ИЗРАБОТКА НА ВЕБ ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ВАШИОТ БИЗНИС

Го пишувам овој напис во рани утрински часови бидејќи разгледував неколку македонски веб страни кои нудат одреден тип на услуга. Во пресрет на темата за интернет бизниси која ја започнавме пред одреден период и насловите кои што следуваат а се однесуваат за она што треба да споредите кога ќе се одлучувате да купите хостинг пакет, како и една анализа на македонските хостинг компании, и една споредба помеѓу две платформи (системи за менаџирање на web содржина) Joomla и WordPress би најавил нешто невидено во Македонија.

Од друга страна бев во една наша производствена компанија и разговарав за нивниот дизајн и она што би требале да го сменат на нивната страна како би биле подостапни на надворешниот пазар. Тоа ме поттикна да ги разгледувам малку компаниите кои ја нудат оваа услуга бидејќи видов дека сите нудат услуги од типот на оптимизација за пребарувачи итн… итн… Но, никаде не можев да видам пример на успешен проект.

Оваа го имав во глава од пред некое време но заради работата на www.entrepreneurshipinabox.com не можев да постигнам. Затоа се одлучив да напишам напис кој ќе ме држи за зборот да го сработам ова што го најавувам како нешто невидено во Македонија. Прва и единствена цел која што си ја поставив за pretpriemac.com е да се направи обид да се развие претприемништвото во Република Македонија. И можете да забележите дека за едно кратко време на блогот и на артиклите има огромен извор на информации и знаење. Материјализацијата на pretpriemac.com сеуште не е нешто за кое размислувам иако вложив многу труд, енергија па и пари.

Можете да забележите дека користиме професионален аутореспондер GetResponse кој не е бесплатен. Секој може секогаш и кога сака да се отпише од неделните билтени и трикови за претприемништвото со едноставно кликнување на Unsubscribe и нормално бесплатните материјали кои што сте ги добиле задржете си ги, нема лутење. Бидејќи цената на услугата на GetResponse ми е од број на регистрирани членови подобро ми е тоа отколку да плаќам за некој регистриран кого не го интересира проблематиката која ја обработува претпримач. Освен билтени понекогаш може да ви испратам и некои материјали кои ќе можете да ги купите скоро бесплатно. Јас сум регистриран и сум член на неколку големи обуки за интернет бизнис. И добивам редовно известување за најголемите промоции во однос на интернет бизнисите. На пример, така успеав за само 20$ да го добијам комплетниот пакет на Butterfly Marketing на Mike Filsaime кој чини 2000$. Пакетот ја содржи скриптата Butterfly Marketing, 2 книги – The 7 Figure Secrets и Butterfly Marketing Manuscript како и комплет од 10 диска од семинари и интервјуа. Пред некој ден успеав да го нарачам и курсот ListBuilding Course само со плаќање на транспортни трошоци кој се продавал за 2000$. За овој ви пратив информација.

Но да не должиме туку да видиме што е тоа невидено во Македонија. Секој регистриран член на претприемач ќе има можност да добие пристап до серијал на видео материјали за тоа како да направите веб страна и тоа без да платите ни еден денар. Единствено ќе ви биде потребно следење на видео материјалите на претприемач. Веќе наредната недела ќе го имате првото видео. Нема да зборувам за поддомеини во вид на www.vaseime.blogspot.com или пак www.vaseime.wordpress.com туку за многу попрофесионално домеин име и вистински хостинг сервис. Сепак ќе напоменам дека многу е подобро да најмите хостинг кој ќе си го платите особено заради сигурноста, но за да започнете со Вашата веб презентација во секој случај ќе ви биде добредојдено. Еве што ќе биде предмет на овој е-курс:

  • Ќе ви покажам реален вистински сајт кој е направен за помалку од неколку часа без да се потроши ниту еден денар.
  • Ќе ви покажам како да најдете професионален аутореспондер без да платитет ниту денар. Не e како GetResponse но, за она што го пишуваме на претприемач како гради листа во секој случај ќе ви помогне. Ќе ви покажам како да ја редизајнирате Вашата веб страна.
  • Ќе ви покажам како да најдете готови веб темплејти и со софтвер (повторно бесплатен) да го редизајнирате.
  • Ќе ви покажам како да ги сместите вашите html фајлови на веб сервер со помош на софтвер (и повторно бесплатен).
  • Ќе ви покажам како да инсталирате WordPress платформа (повтроно бесплатна) за Вашиот динамичен веб сајт. Морам да напоменам дека постои и друга опција како joomla (повтроно бесплатна) која јас ја имам и ја користам за артиклите на претприемач. Но, сите најголеми интернет маркетари па и јас сме подржувачи на WordPress. Во посебен напис ќе стане збор за споредбата.
  • Ќе ви покажам како да го оптимизирате за веб пребарувачи Вашата нова веб страна.
  • Ќе ви окажам се што ќе ми дојде на ум за интернет бизниси (и повтроно бесплатно)…

Единствено нешто што ќе биде побарано од Вас е пријателство преку неделни билтени. Затоа сите кои веќе се регистрирани не мора ништо да прават ќе добијат пристап веќе следната недела до првото видео. Оние кои не се регистрирани пополнете ја формата од десно и ќе бидете вклучени во системо на е-learning. Па нека ви е честито Вашиот нов веб сајт (БЕСПЛАТЕН се разбира).

Доколку имате некои идеи слободно оставете коментар и се што е во моја можност ќе биде опфатено во овој видео серијал. За слободно информирање и достапноста на знаење Напре!!!

post

МАРКЕТИНГ КАЛЕНДАР – ВИДЕО

Како што ветивме во написот за маркетинг календар изготвивме едно видео кое ќе ви помогне за изработка и користење на маркетинг календарот. Можете и да го користите темплејтот кој ќе го добиете со регистрација на неделни билтени на претприемач.

Во оваа видео ќе можете да видите:

  • Што е тоа маркетинг календар
  • Како да го симнете темплејтот на маркетинг календарот
  • Како да го користите маркетинг календарот и
  • Важноста на маркетинг календарот.

Да не должиме многу еве го видеото:

post

ТЕМИ НА ПРЕТПРИЕМАЧ – РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТА – 1

Претходната недела изготвивме една анкета за теми на претприемач на кои би сакале да се насочиме повеќе. Оваа анкета има за цел да воведе систем на постојано подобрување на насловите како на блогот така и на артиклите на претприемач. Од друга страна ја тестиравме услугата на новата верзија на нашиот ауторепондер.

На сликата подолу е даден графички и табеларен приказ на резултатите по првта недела од пуштање на анкетата.

Од резултатите може да се забележи дека најмногу посакувани теми се:

  • Бизнис софтвери со 12 гласа. Оваа тема ја почнавме пред 5-6 месеци со бесплатни алатки за бизнисите и 11 виртуелни алатки за бизнисите. Имаме подготвено една листа на бесплатни софтвери кои можат да најдат место во бизнис светот и која набргу ќе ја споделиме со Вас. Но, во нареден период можете да очекувате повеќе артикли и блог написи за бизнис софтвери.
  • Маркетинг со 11 гласа. Оваа тема постојано се ажурира и има 15 артикли на претприемач, како и серија на блог написи за маркетингот на блогот. Во наредниот период продолжуваме со уште 90-тина маркетинг средства на блогот.
  • Интернет бизниси со 10 гласа. Оваа тема ја актуелизиравме пред некој недела и веќе започнавме со истата. Веќе имавте можност да прочитате за основи  на интернет бизниси како и можности за зарабтка на интернет. Следуваат уште многу артикли како потребна технологија, интернет маркетинг, изработка на веб страни за интернет бизниси, SEО…
  • Понатаму следуваат бизнис идеи и SWOT анализа со 8 гласа, видео материјали со 7 гласа, бизнис план со 6 гласа и како до веб презентација со 5 гласа.

Како дополнителни теми кои не беа наведени во горната листа (второто прашање) се појавија следниве:

  • Финансиска анализа на компаниите – Анализа на финансиски извештаи
  • Профит
  • Теми од областа на менаџментот и менаџмент со човечки ресурси
  • Маркетинг-менаџмент
  • Поврзување со бизнис ангели
  • Фундрајзинг преку ЗФ
  • Малцински претприемачи
  • Статистика и анализа на пазари
  • Финансиски проекции

Некои од овие теми веќе се запонати, но сепак ќе биде даден дополнителен приоритет за истите.

Ианку анкетата ќе продолжи. Доколку некој не бил вклучен а сака може да пристапи преку блогот доколку кликне тука (анкетата е веќе затворена). А може и преку страничнта лента на блогот, од десна страна со кликнување на сликата – график. (Анкетата е веќе затворена).

post

БИЗНИС ТЕМПЛЕЈТИ – 10 ФОРМИ

Изработивме 10 специјални темплејти како дел од книгата Бизнис потенцијална енергија (Business Potential Energy) која е наменета www.EntrepreneurshipInaBox.com. Ова се дел од темплејти кои служат за зголемување на бизнис потенцијалната енергија на следниве бизнис елементи:

  • Започнување
  • Извршување на активностите на претприемачот
  • Маркетинг
  • Внатрешни и надворешни влијанија (SWOT – анализа)
  • Конкуренција

BiznisTemplejti

Овие бизнис темплејти служат да помогнат во спроведување на одредени важни бизнис активности, анализи и некои маркетинг средства. Во оваа прилика сакаме да ги споделиме и со Вас – читателите на www.pretpriemac.com. За да можете да ги симнете ќе треба да се регистрирате за неделни билтени на претприемач во формата од десната страна (слика).

2009-07-02_111936 Кои темплејти се во овој пакет?

  • Книга со бизнис идеи. Служи да ви помогне во организирање на Вашите бизнис идеи и збор на најдобрата која ќе има најголема бизнис потенцијална енергија.
  • Листа на активности за започнување на бизнис. Оваа е форма во која ќе можете да ги евидентирате сите основни активности како би започнале бизнис кој ќе има голема бизнис потенцијална енергија.
  • Листа на неделни активности. Оваа форма е дизајнирана да ви помогне да остнете организирани за извршување на најважни неделни активности поврзани со Вашиот бизнис. Целта е да се зголеми ефективноста и ефикасноста на претприемачот.
  • Годишен акционен план. Секогаш на крајот на годината реба да ги дефинирате најважните активности за наредната година кои ќе бидат во согласност со целите и стратегите на бизнисот. Оваа форма дава едноставно следење за тоа што кога ќе треба да се спроведе.
  • Конкурентна анализа. Оваа е една анализа која што секој бизнис треба да ја спроведува за да може лесно да се види каде се наоѓаме во однос на конкуренцијата. Оваа форма ги содржи најважните елементи во однос на кои ќе треба да се споредите со Вашата конкуренција и со едноставен поглед на пополнетата форма да знаете каде сте појаки, каде послаби во однос на Вашите конкуренти и што треба да спроведете за да се подобрите и со тоа да ја зголемите бизнис потенцијалната енергија.
  • SWOT анализа. Оваа форма ќе ве спроведе низ процесот на изведување на SWOT анализа и ќе ви овозможи едноставен увид во тоа кои се Вашите:
    • Слаби страни
    • Јаки страни
    • Можности и
    • Закани
    • Кои сратегии ќе ги спроведете за секои парови од горните елементи (СМ-стратегии, ЈМ-стратегии, СЗ-стратегии, ЈЗ-стратегии)
  • Маркетинг календар. Оваа форма мора секој бизнис да ја има и спроведува. Служи за бележење на сите планирани маркетинг активности за одреден период и за мерење на резултатите од секоја активност. Така сите оние маркетинг активности кои се неуспешни нема да ги спроведуваме, а со тоа ќе ја зголемиме ефективноста и ефикасноста на маркетингот, а со тоа и бизнис потенцијална енергија.
  • База на податоци за потенцијални и тековни потрошувачи. Оваа форма служи за водење на евиденција на сите маркетинг активности во однос на еден потенцијален (иден, можен) потрошувач и тековните потрошувачи. Со формата ќе следите и кога еден потрошувач преминува од потенцијален во вистински купувач.
  • Фактура и профактура. Оваа е форма на фактура која ги содржи сите елементи за фактура како маркетинг средство. На самиот темплејт имате упатство со црвена боја каде што треба самите да додадете за да ја направите Вашата фактура како вистинско маркетинг средство со што ќе ја зголемите вашата бизнис потенцијална енергија.

За користење на темплејтите ќе ви биде потребен најмалку Adobe Acrobat Reader 8.0 или понова верзија. Голем дел на полиња се направени во вид на паѓачка листа со изборни елементи за да се избегне забуната што да се стави во кое поле. Откако ја пополните потребно е да ја испринтате формата било во нов pdf формат или на хартија.

Па, се надеваме дека навистина ќе ја зголемите Вашата бизнис потенцијална енергија со користење на овие бизнис темплејти. А, дизајнирање на дополнителни допрва следува.

post

ВИДЕО – PIVOT ТАБЕЛИ – КАКО ДА СЕ КОРИСТАТ?

Секојдневно сме бомбардирани со огромен број на информации. Врз основа на тие информации треба да донесуваме одлуки. Колко подобро ги изанализираме и изинтерпретираме тие информации толку поквалитетни одлуки можеме да очекуваме дека ќе донесеме.

Затоа овој напис претставува продолжение на претходно започнатата тема за pivot табели. Како што ветивме во претходниот пост Pivot табели – што претставуваат во овој напис ќе можете да погледнете видео за Pivot табелите.

Она што ќе можете да го видите во видеото е:

  • Што се тоа pivot табели
    • Еден вовед односно дефинирање на pivot табелите како алатка за донесување на поквалитетни одлуки врз основа на анализирани и интерпретирани информации.
  • Кои се придобивките од користење на pivot табелите
  • Како да се користат pivot табелите
    • Дадена е една презентација за практична примена на Microsoft Office Excel на еден практичен пример со цел накратко да го опише процесот на креирање и користење на оваа алатка.
  • Бидејќи презентацијата е направена во MS Excell 2007 во видеото опфативме и сликовита презентација за користење на оваа алатка во претходните верзии на MS Office.

Погледајте ја презентацијата во оваа видео:

**********************************

Кликнете тука за текстуалниот транскрипт на видеото [PDF]

post

PRETPRIEMAC.COM ПО 6 МЕСЕЦИ

Поминаа шест месеци од постоење на претприемач на овие простори. Време е да сублимираме и да дадеме отчет за она што е сработено во претходните 6 месеци. Еве накратко што се можете да најдете на pretpriemac.com и на блогот на pretpriemac.com:

  • До 20.06.2009 има објавено 151 артикли на pretpriemac.com. Во просек секој артикал е по 3 страни при што се добива електронска книга за претприемништво од над 450 страници. Овој број постојано се зголемува и ќе се зголемува. Ова се материјали за претприемништво и бизнисот, започнување на бизнис, финансии, маркетинг, бизнис план, анализи итн. Тие се во вид на упатства, анализи, истражувања. Сите имаат одредена вредност која може да биде упоребна за Вашиот бизнис. Сите тие овозможуваат учење, а учењето ќе ве зајакне со знаење, а знаењето ќе ви даде моќ. Во изминатиот период поминавме и поминуваме три интересни и многу значајни теми за малите бизниси: Изработка на бизнис план, Менаџмент филозофии за организациски промени и Маркетинг микс.
  • До 20.06.2009 објавивме 102 блог написи на блогот на pretpriemac.com. Секој од овие блог постови е над 1 страна и тоа се над 100 страни материјал. Ова е необавезен материјал како мислења, ставови, препораки и слободни состави кои едноставно можат да ви дадат идеа за некои насоки за Вашиот бизнис. Тие се дизајнирани да можете да давате и Ваши коментари со цел да се подобрува целокупната содржина на pretpriemac.com. На блогот можете да прочитате за започнатите над 100 маркетиншки средства за малите бизниси.
  • Завршивме со едно исражување кое траеше 3 месеци. Оваа е општа нализа на пазарот во Република Македонија. Резултатите се објавени и на блогот и на pretpriemac.com. Изработивме извештај во pdf формат на резултатите од анализата проширен со поспецифични статистички методи и техники и истиот е проследен до сите кои се регистрирани за неделни билтени на претприемач. Инаку секој кога ќе се регистрира за добивање на неделни билтени ќе има можност и за симнување на извештајот.
  • Имаме изработено 5 видео материјали кои се од 3-7 минути едно. Доколку една слика менува 1000 зборови, колку зборови менува едно видео? Овие видео материјали се и ќе биднат со практични содржини како да направите нешто, како да користите некој софтвер и се тоа во полза на Вашиот бизнис. Искористете ги тие се БЕСПЛАТНИ.
  • Подготвуваме специјален премиум сајт на претприемач кој ќе содржи над 70 видео материјали, над 70 скрипти по секое видео и над 70 акциони планови за спроведување за започнување и градење на Вашиот бизнис. Освен тоа ќе има 2 е-курса од по една недела, виртуелен консултант и листа на ресурси за бизнисите и претприемачите. Вакво нешто не постои на овие простори. Набргу ќе имате можност да симнете неколку е-книги од премиум на претприемач.
  • Подготвивме еден електронски курс за започнување на бизнис кој ќе трае неколку недели. Секој кој ќе се регистрира за неделните билтени ќе има автоматски можност да биде вклучен во овој курс.

Затоа искористете со регистрација за неделни билтени да добиете:

  1. Збирка со топ 20 бизнис идеи за 2009
  2. Е-курс за започнување на бизнис кој ќе го добивате еднаш неделно секој од наредните недели
  3. Општа анализа на пазарот
  4. Можност за симнување на калкулатор за анализа на готовински тек

Затоа преземете го чекорот како на сликата:

  • Подготовка на entrepreneurshipinabox.com кој ќе претставува претприемач на англиски јазик.

Да сублимираме: 550 страни материјал од областа на претприемништво за читање, едно завршено и објавено истражување, видео материјали од околу 25 минути, подготовка на премиум на претприемач, е-курс за започнување на бизнис и подготовка на entrepreneurshipinabox.com. Сето ова е достапно на pretpriemac.com за само 6 месеци. А што се ќе има по 3 месеци, сеуште и ние не можеме да замислиме. Се надеваме стартуван премиум претприемач, една нова е-книга, уште видео материјали и секако континуирано текстови на pretpriemac.com и на блогот на pretpriemac.com.

post

ОСТВАРЛИВА ЦЕЛ – ОСНОВА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ

Сите бизниси функционираат врз основа на поставување на цели и реализација на одредени активности за да се остварат тие цели. Поставената цел е таа која го води бизнисот на патот кон успехот. Без цел нема ни успешен бизнис, целта е таа која го померува бизнисот од status quo состојбата. Целта може да биде зголемување на продажба за толку и толку проценти, зголемување на приход за толку и толку проценти, зголемување на профитот за толку и толку проценти, зголемување на учеството на пазарот за толку и толку проценти…

Cel Многу често се случува бизнисите да пропаѓаат и како главна причина да биде нереално поставената цел. Оваа нереално поставена цел е целта за која знаеме дека не можеме да ја оствариме. Ние можеме лесно да поставиме цел за зголемување на приходи за 100%, но не е лесно да се остварат тие 100% зголемување. Затоа кога поставуваме цел треба да тргнеме од размислување дали ќе можеме да ја оствариме таа цел инаку подобро е воопшто да не поставиме таква цел.

Некои професионални програми за изработка на бизнис планови воопшто не ви даваат да пишувате проценти кои се неколку пати поголеми од просекот на индустријата за која се однесува Вашиот бизнис план. Многу пореално зголемување на приходи е 10-30% одколку зголемување на приходи од над 100%. Не, дека 100% зголемување не е остварливо, за некои бизниси и претприемачи можеда биде остварливо, но за некои и повеќето нема шанси. Затоа е потребно да се примени систематски приод во поставување на целите.

Како да се изведе тој систематски приод? Еве некои чекори кои во најмала мерка би требало да ги примените:

  • Постојано следете ги бројките на Вашиот бизнис:
    • Продажба
    • Приходи
    • Профит
    • Готовински тек
  • Најдета ја меѓузависноста на тие бројки
  • Видете како во минатото се зголемувале тие бројки на годишно ниво и колкав е процентот на тоа зголемување
  • Размислете колку нови потрошувачи ќе ви треба за остварување на некоја цел која ќе претставува зголемување на тие бројки
  • Размислете дали и како би можело тоа да се оствари
  • Доколку може и знаете како да се остваи тогаш вашата цел е реална и остварлива.

Поставете ја како цел за нареден период таа која е реална и остварлива. Ова ќе овозможи:

  • Постигнување на целта
  • Зголемување на потенцијалната енергија на претприемачот и на вработените во бизнисот заради остварување на целите
  • Остварување на плановите и зголемување на ефикасноста и ефективноста на бизнисот
  • Среденост на целиот бизнис систем бидејќи нема да се брка она што не може да се оствари.
post

ДВИЖЕЧКА СИЛА НА ПРЕТПРИЕМАЧОТ КАКО ОСНОВА ЗА УСПЕХ

Многу добри бизниси се започнати но сепак доаѓаат до рана смрт заради непостоење или пак немање на движечка сила која ќе го води на патот кон успехот. Оваа движечка сила на секој мал бизнис се наоѓа во претприемачот. Во почетокот можеби тој ќе е сам и газда, и продавач, и набавувач, и ќе води сметка за маркетинг, финансии, право… Доколку во сите овие подрачја нема движечка сила која ќе го натера да ги изврши сите тие активности, веројатноста за поминување во наредната фаза од животниот циклус на бизнисите –  проблематичен период е премала. Подоцна, кога ќе се премине во фазата на проблематичен период, финансиите ќе бидат стабилизирани, односно ќе има постојан прилив ќе може да се вработат луѓе кои би ги изведувале сите овие активности. Во, оваа фаза одреден дел од движечката сила ќе треба да се префрли на вработените. Но, сепак главната улога во поттикнување и префрлување на таа движечка сила ќе биде претприемачот. Е, тука влегуваме во едно ново подрачје кое се нарекува менаџмент.

Dvizecka_Sila Во раната фаза на бизнисот – започнување, движечката сила ќе зависи од:

  • Едукацијата или знаењето на претприемачот
  • Бизнис како хоби
  • Пасија кон тоа што го работи претприемачот
  • Желба за успех.

Првите три беа и првите чекори при креирање на бизнис идеја. Четвртото е желбата за успех која во секоја работа што ја работиме има свое влијание. Доколку немаме желба за успех логично е и да не постигнеме успех. На таков начин на првите проблеми (сопки) ќе се откажеме. А проблеми ќе има секогаш.

Но, движечка сила може да бидат и првите знаци на успех. На пример, првата продажба, првите повисоки приходи, првите задоволни купувачи кои се враќаат. Сето ова може да ја зголеми движечката сила на претприемачот. Сепак, првите успеси може да дојдат и подоцна. Но, доколку се очекуват и се знае дека она што денес го правиме ќе даде резултати утре, секако дека ќе имаме движечка сила.

Она што е најважно е секогаш да постои движечка сила за претприемачите. Ова ќе го постигнеме со:

  • Постојано зголемување на нашата потенцијалната енергија
  • Постојано имање на желба за успех
  • Да имаме пасија за она што го работиме
  • Работата во бизнисот да претставува забава и задоволство
  • Да знаеме да ги префрлиме обврските кон вработените
  • Да знаеме да ги мотивираме вработените за појава на движечка сила и кај нив
  • Планирање кое ќе бара систематско спроведување на активности на патот кон успехот.

Без движечка сила, ќе нема ни потенцијална енергија на бизнисот. Колку имаме поголема движечка сила, толку и потенцијалната енергија ќе биде поголема, толку ќе бидат поголеми и бизнис перформансите, толку ќе биде поголема и веројатноста за успех на бизнисот. А секој успех предизвикува уште поголема движечка сила. Така да влетуваме во еден кружен циклус кој е постојан и никогаш не прекинува. Но, сепак од претприемачот зависи да ги помине првите две фази од животниот циклус на бизнисите.

post

БИЗНИС СТАТИСТИКА, АХ ТАА СТАТИСТИКА

Како одмор од оние над сто маркетиншки средства сакам да разгледувам и чудно однесување на некои наши институции. По централниот регистар кој игра клучна улога за бизнисите сега ќе го опфатам и нашиот сакан Државен Завод за Статистика. Но, прво малку вовед.

dzs Заводите за статистика претствуваат или пак треба да претставуваат еден непресушен извор за бизнисите, а особено за малите. За анализа на пазар, многу податоци можете да обезбедите преку еден таков завод. На пример, сакате да започнете бизнис и ве интересира во бројки во некој град колку такви бизниси  има, колку приходи остваруваат, колкава е побарувачката и како ќе се одвива во иднина. Тоа се информации кои се потребни за секој претприемач, а не бла бла статистика и малку високи зборови кои две третини нема да ги разберат. Достапноста на таквите информации е од непроценливо значење за претприемачите, па можеби исто како и потреба од финансии.

КОНТАКТ БРОЈ 1. На сајтот на нашиот ДЗС (Државен Завод за Статистика) одам често барам информации за да можам на истите да ги базирам некои мои одлуки. Но, секогаш доаѓам до информации кои се или збирни или многу сиромашни и за ништо не вредат.

КОНТАКТ БРОЈ 2. Друг контакт ми беше кога ми се јавија за анкета за користење на интернет. Нормално, прифатив. По одговарање на прашалникот го прашувам човекот кај можам да најдам за да купам статистички годишник (над 6000 денари беше) ми кажа дека тие имаат само еден, а не знае каде се продава. Интересно е што тогаш и на сајтот можеше да прочиташ само цена, а не и како се доаѓа до него. Па, добро можеби нашите „експерти“ квази статистичари  мислат дека таквите продукти се потребни само на големи компании и владини институции. А, малите бизниси и претприемачи кој ги е… не им е потребно ништо. Па господа наши „експерти“ квази статистичари можеби е време да излезете од некои начини на размислување кој живее во погрешно време (пред 50-тина години кога и немаше многу мали бизниси и претприемништво.

КОНТАКТ БРОЈ 3. Трет некаков си контакт или да имам некоја работа со ДЗС е  добивање на една анкета како сум задоволен од нивниот богат асортиман на производи и услуги. УФ каде ме погодија. Прво, писмото го добив еден ден по поминување на рокот на доставување на одговори. Второ го добив во хартиена форма, што бара мој ангажман (заокружување и пакување во плико и носење во пошта). Можеби нашите „експерти“ квази статистичари не чуле дека постојат и електронски прашалници за кои ќе добијат и повеќе одговори, а со тоа и поголем статистички примерок, а со тоа и поголема веродостојност на анализата. ОВА Е САМО ЗА НАШИТЕ „ЕКСПЕРТИ“ КВАЗИ СТАТИСТИЧАРИ:

За ова и не мора многу знаење за да се направи само треба да се сака (но можеби просечната старост на нашите „експерти“ квази статистичари е доста голема па затоа она што си го знаеме лист и хартија е најсигурно).

Го одговорив прашалникот но не го пратив. Се извинувам господа „експерти“ квази статистичари но немам време да одам во пошта а ниту пак да ви ги скенирам и праќам одговорите. Вие за вашите анализи и анкети ќе наплатувате.

Но сепак сакав да дадам допринос во анкетата бидејќи се однесуваше на анализа на квалитетот на ДЗС. Ова заради можност да ги освестам за да поработат малку повеќе со што ќе дадат придонес во развој на претприемништвото, а со тоа и на економијата на Република Македонија. Па побарав на интернет и најдов не ист ама сличен прашалник и го одговорив но за жал немаше нула како опција бидејќи ни единицата не ја заслужуваат.

И закрај нешто! Господа „експерти“ статистичари и господа од нашата сакана влада не е се во пари. Треба да знаете дека за јак и здрав бизнис понекогаш квалитетна информација е многу повредна од милиони кредитчиња кои се делат за малите бизнис. Сватете си ја работата во вистински смисол и бидете сервис на граѓаните на оваа наша напатена држава, и тоа ќе биде сосема доволно, резултатите сами по себе ќе си дојдат.

post

БИЗНИС ОД ЗАБАВА, БИЗНИС СО ЉУБОВ И ЗДРАВЈЕ

Малку еден друг момент или пак друга страна на претприемништвото и бизнисот. Досега често пишувавме треба ова или она со цел зголемување на успешноста и рофитабилноста на бизнисот. На таков начин запоставивме неколку важни сегменти од бизнисот атоа е надворешната страна. Не треба да се лажеме и да велиме дека започнуваме бизнис заради тоа и тоа што претставува секаков друг изговор без да се каже дека започнуваме бизнис заради пари. Во суштина длабоко во срцето на секој претприемач целта за започнување на бизнис се пари. Парите претставуваат извор на сигурност. Со пари можеме да си приуштиме добар одмор, да возиме скап автомобил, да си дозволиме било каква играчка за нас или пак за нашите деца.

Но од друга страна парите неможат да ни ги обезбедат следниве работи:

  • љубов
  • здравје
  • среќа

Значи, за успешен претприемач и успешен бизнис ќе бидат потребни пари од бизнисот и љубов, здравје и среќа за претприемачот.

Во овој натпис ќе опфатиме нешто што често пати се заборава, а тоа е среќата. Кога сме среќни? Среќни сме кога сме здрави. Среќни сме кога сме вљубени. Среќни сме кога се забавуваме. Среќни сме кога имаме пари.

Значи за прбите три причинители на среќата не ни е потребен бизнис. Бизнис не ни е потребен за љубов, здравје и и забава. Парите можат на некој начин да влијаат на овие три елементи. И не само на некој начин туку во реалноста навистина влијаат. За пари потребен ни е бизнис или вработување. Но, при вработување сигурно нема да ја имаме можноста за доволно пари при што би се задоволиле апетитите на еден просечен човек. Па затоа како поголема финансиска сигурност останува бизнисот.

Љубов можете да имате и пред започнување на бизнисот. Можете да имате и солидна забава пред започнување на бизнисот.ljubov-pari-sreca-zdravje Здравјето може да биде на одлично ниво пред започнување на бизнисот. Но, бизнисот од друга страна може да допринесе во расипување на овие три елементи кои не се обезбедуваат со пари. Доколку е таков случај што сме направиле? Имаме бизнис и пари, а немаме љубов, здравје или пак среќа.

Па во последно време претприемнштвото како наука бара начини и врши истражувања како да се интегрираат сите овие елементи во еден успешен  бизнис. Постојат многу истражувања за оваа подрачје.

Значи, доколку при работата што ја работиме не се забавуваме нема да бидеме среќни? Доколку заради работата ја изгубиме нашата љубов, повторно нема да бидеме среќни. За здравјето пак да не зборуваме. Сите овие елементи се испреплетени и влијаат еден на друг. На, пример без љубов ќе бидеме депресивни, што ќе влијае на нашето здравје, нема да се забавуваме и бизнисот ќе трпи. Значи едно без друго не оди. Сите пари на светот не можат да заменат некој момент со некој кој го сакате. Изгубеното здравје нема да можат да го надоместат парите. Вашата среќа и среќата на вашето семејство не можат да се надоместат со било која сума на пари.

Значи сево ова може и треба да се интегрира. Целта на бизнисот е да ја зајакне нашата љубов кон оној кој го сакаме, да ни обезбеди добра забава и нормално да ни го одржува здравјето на високо ниво. Но, како ова да се постигне?

Љубовта е поголема доколку повеќе време се поминува со саканата личност. Забавата е подобра кога не работиме или пак имаме бизнис. Со работа се троши и здравјето. Па, што тогаш останува? Три работи:

  • АВТОМАТИЗАЦИЈА,
  • ЕФЕКТИВНОСТ И ЕФИКАСНОСТ,
  • 80/20 ПРАВИЛО

Со автомаизација на сите акивности кои се рутински незабавни ќе ослободиме повеќе време за љубовта и ќе го заштедиме нашето здравје. Со ефективност и ефикасност и 80/20 правило (парето принцип) ќе ги работиме работите кои ни се најзабавни, ни носат најмногу пари и не прават најсреќни.