video

Со KAIZEN до Lean и преку Lean до Зелен бизнис

Одлично три минутно видео во кое Masaaki Imai, основачот на Kaizen Institute и автор на Kaizen книги, објаснува како Kaizen води кон Lean и Lean води кон зелен бизнис.
video

Кога процесите ја намалуваат креативноста и продуктивноста

Знаеме дека процесите понекогаш ја намалуваат креативноста, но зошто истовремено понекогаш ја намалуваат и креативноста? Во оваа видео зборувам за три причини.
video

Жени со кариера во инженерство и програмирање

Одличен документарец од She++ за инволвираноста на жените во кариери како инженерство и програмирање преку дискусија и интервјуа на претприемачи, инженери и други жени од техничките индустрии.
video

Интересни размислувања за начинот на изведување на работата

Интересни размислувања, но и факти за начинот на изведување на работата, постигнувањата, продуктивноста… Вредат 10 минути од вашето време.
video

KAIZEN промени за постигнување на крупни цели

Причина за непостигнување на она што сакате да го постигнете и особено доколку постигнувањето е нешто големо и нешто неостварливо одеднаш, туку бара повеќе чекори, повеќе труд и работа е обид да се постигне одеднаш, обид да се постават нереални активности и нереален план без разлика на вашиот личен и бизнис капацитет и потенцијал. Во оваа видео зборувам за 4 совети кои ќе ви помогнат да работите на постојано доближување до целта и тоа преку KAIZEN филозофија на промени.
video

Зголемување на креативноста со Evernote и IdeaPaint

Навистина ми се допаѓа идејата за користење на физички ѕид за споделување на идеи и соработка на различни проекти. Се чини дека комбинацијата на Evernote и IdeaPaint претставува нешто навистина исклучително за зголемување на креативноста во вашиот бизнис.
video

Лансирање на бизнис – кога можете да тргнете

За да го лансирате вашиот супер бизнис уште пред да започнете ќе бара да се исполнат определени услови, нормално доколку сакате успех. Во оваа видео презентација на претприемач се презентирани некои од најважните услови кои треба да ги исполните пред да тргнете со започнување на вашиот бизнис.
video

Обидување и грешки според Tim Harford

Одлична TED презентација каде Tim Harford го покажува клучот на успехот, а тоа е да се обидете, да греите и секако да научите. Ако се обидувате и ќе успеете. Без обидување нема успех.
video

Од каде претприемачите добиваат пари?

Секое започнување има потреба од пари. Без разлика за каков вид на бизнис станува збор парите за започнување ќе бидат голема потреба. Погледнете го оваа видео во кое се презентирани начините на кои најчесто младите претприемачи доаѓаат до пари за да ја финансираат нивната идеја или бизнис план
video

Не бидете рамнодушни… Помогнете…

Времето во кое што живееме не прави да бидеме целосно рамнодушни на онаа што се случува околу нас. А многумина имаат потреба од нашата помош.

Едноставно повеќе сме заинтересирани за тоа што правиме ние и што треба да направиме од проблемот на некој кој го среќаваме на нашиот пат.

Една помош на некој друг, непознат, не прави добри луѓе, но и ни обезбедува подобро чувство.

A, aгендата, задачите и целите нема да останат нереализирани доколку за пет минути застанеме и пружиме помош на оној на кој навистина му е потребна.