post

[Видео] Визијата на Steve Jobs за светот

Во изминатиот период доста време поминувам со автобиографската книга за Steve Jobs од Walter Isaacson, која едноставно во многу елементи од она што го знам ме насочи дека нешто е многу погрешно. Успехот на Apple како компанија е многу повеќе отколку она што може да се види, но забележително е влијанието на еден човек, човек кој најверојатно заскогаш го смени изгледот на компанијата која ја започна, но и изгледот на светот кој го знаевме до пред десетина години. Тоа, нешто е многу подлабинско, поемоционално, поневидливо…

Дел од тоа може да се види и од видеото во кое тој ја кажува неговата визија за светот.

Светот како што го гледал и замислувал Steve Jobs е окарактеризиран преку следниве негови зборови:

Кога ќе пораснеш имаш тенденција да кажеш дека светот е онаков каков што е и дека твојот живот е да го живееш животот во тој свет. не се обидувај премногу да ги пробиваш ѕидовите. Обиди се да формираш добро семејство, да се забавуваш, заработиш нешто пари…

Тоа е многу ограничувачки живот. Животот моѓже да биде многу поширок доколку откриеш еден единствен факт: Се околу тебе што го нарекуваш живот е направено од луѓе кои не се попаметни од тебе и ти можеш да го смениш тоа, да влијаеш на тоа, да изградиш твои сопствени работи кои другите луѓе ќе ги користат.

Еднаш кога ќе го научиш ова, никогаш веќе нема да бидеш истиот.

post

Биди најден и конвертирај повеќе со целни страни

Едно од почесто поставуваните прашања е како бизнисот да биде најден во една прашума од страни на интернетот од колку што може повеќе потенцијални потрошувачи и во исто време кога веќе ќе стигнат до страната да се конвертираат (да ја преземат акцијата која претприемачот ја сака) повеќе.

Затоа и вториот вебинар на премиум претприемач е од темата на интернет маркетингот: Како да бидеш најден и да конвертираш повеќе преку твоите целни (landing) страни? Кое сигурно си го поставуваш доста често доколку градиш присутност на интернет (а кој бизнис не гради).

Во овој вебинар станува збор за следниве прашања:

  • Што се тоа целни страни? Основата е да се знае точно што претставуваат целни страни. Постојат различни видувања кои се ограничувачки, но постојат и видувања кои се со многу пошироки видици. Целта е еден претприемач да го прошири сопствениот видик кога станува збор за целни страни.
  • Кои се трите фактори од кои зависи конверзијата? Многу е важно да постои двојна конверзија. Зошто? Потребна ти е конверзија на самата кампања (PPC реклама, банер, пребарување…) за да се стигне до таа целна страна. Поголема конверзија тука, повеќе посетители до страната, каде самата страна треба да ја преземе конверзијата во однос на преземање на акција од страна на посетителот (купувањље, нарачка, контакт, email листа…). Затоа во вебинарот навлегуваме во основните три фактори или како што уште се нарекуваат “троножец” на конверзија.
  • Примери од локално и глобално ниво во однос на целните страни и трите фактори на конверзија? Во минатите неколку месеци собиравме различни примери на кампањи (повеќето од локално ниво) и целни страни до кои водат тие кампањи кои во самиот вебинар ги анализираме и забележуваме што е добро, а што лошо.
  • Процес на креирање на целни страни. На крајот секако прикажан е еден процес на креирање на целни страни кој е најоптимален за најмалку можни грешки.
  • Акции кои треба да ги превземете. И секако и овој вебинар како и секој останат е проследен со акции кои ќе треба да ги преземете.

Пристап до еден вебинар на премиум претприемач е 500 денари, а со пристап до вебинарот имате и пристап до транскрипт на истиот, самата презентација и акциона листа.

Вебинарот трае еден час и 22 минути, а можеш и да го погледнеш воведниот дел на истиот во видеото подолу:

Уште еднаш линкот до вебинарот насловен како: Како да бидеш најден и да конвертираш повеќе преку твоите целни страни?

post

Претприемач: Интервју со Предраг Стојковски

Ова е прво интервју на претприемач во кое учество зеде господин Предраг Стојковски директор и сопственик на Интро Груп, компанија која се занимава со финансиски консалтинг, од Битола. За ова кратко време од 15-тина минути разговараме за инвестиции, финансии како бизнис плановите особено за малите бизниси.

post

[Видео] Muhammad Yunus за социјален бизнис модел

Уште едо видео од серијата видео материјали кои треба или МОРА да се изгледаат од страна на сегашни или идни претприемачи, а кое се однесува за социјален бизнис модел.

Нобеловецот Muhammad Yunus зборува, односно го објаснува принципот за креирање на социјален бизнис модел. Она што е интересно е што овие бизнис модели стануваат се посупешни во светски рамки, а не тргнуваат и не се однесуваат само на претприемачот, туку на другата страна – општеството. Ваквите бизниси опстојуваат, обезбедуваат зголемување на вработеноста, но и ги решаваат вистинските проблеми кои постојат во општеството. Токму и затоа се успешни.

post

[Видео] Seth Godin за идеите и успехот

Уште едно видео за кое сметам дека треба и МОРА да се погледа (бара само 8 минути од твоето време) а сепак објаснува кои идеи успеваат и зошто? Дали се во однос на идејата или се бара и нешто друго – привлекување на внимание?

post

Добар менаџер – видео

Денеска објавивме пост во кој пишувавме за некои особини на еден “добар” менаџер. Истите тие се визуелизирани преку оваа видео.

post

Претприемнички пат кон успехот преку цик-цак принцип

За секој претприемач е важно да го дефинира патот кој треба да го помине за да стигне до посакуваниот успех. Но, ова е тешка задача, особено поради фактот што тој пат не е една едноставна права линија која ја поврзува сегашната ситуација со онаа посакуваната (успехот).

Ова е едно видео во кое се презентирани основите при дефинирање на тој пат преку цик-цак принцип од книгата на Rich Christiansen.

post

Видео: 3 Состојки на вирозност

Секој претприемач бара или барем би требало да бара начини како да ја зголеми вирозноста на своите маркетинг кампањи. Тоа е цел на сите мали бизниси.

Во оваа видео презентација ќе зборуваме за 3 основни (централни) состојки на еден вирозен објект кои треба да постојат за да се обезбеди што поголема вирозност на маркетинг кампањата.

post

Видео: MindMap со iThoughtsHD за iPad

MindMaps се можеби едни од најкористените мапи во скоро сите уреди кои ги користам. Дали е тоа кога бреинстормирам некои идеи, или кога правам структура за некој блог пост, или структура за е-книга како блогирање за бизнис, или пак обликување на бизнис идеја, или пак некоја почетна верзија на некој проект овие мапи се тука да ми помогнат.

Помошта е особено драгоцена што едноставно со нивна помош мојот мозок излегува од онаа линеарно размислување кое е доста ограничувачко и влегува во еден покреативен момент.

Ова е едно видео кое го направив уште во период кога го напишав постот iPad и неколку корисни апликации за продуктивност, но пред извесен период чистејќи ја мојата камера ги забележав и одлучив кога веќе ги има да одат онлајн на претприемач.

 

post

5 TED презентации кои ќе ви го зголемат знаењето

TED

TED

Во овој пост би сакале да предложиме неколку видео презентации од TED (Technology, Entertainment, Design) од кои навистина може да се извлечат корисни елементи за зголемување на знаењето на претприемачите.

1. Simon Sinek: Како големите лидери инспирираат акција

Во оваа презентација Simon Sinek зборува за тоа како големите лидери без разлика од која компанија доаѓаат или пак со што се занимаваат имаат заеднички особини – сите рзмислуваат, дејствуваат и комуницираат на ист начин.

2. Malcolm Gladwell за сос за шпагети

Во оваа презентација преку случај на сос за шпагети Malcol Gladwell (автор на бестселерот The Tipping Point) дава неколку аргументи за природата на изборот и среќата.

3. Seth Godin за племињата кои ги водиме

Во оваа презентација (алку постара од 2009-та година) Seth Godin авторот на повеќе книги бестселери од кои последната е Poke The Box зборува за влијанието на интернетот на традиционалниот маркетинг.

4. Dan Cobley: Што физиката ме научи за маркетингот

Dan Cobley, маркетинг директор во Google претставува врска помеѓу физиката за да ги објасни основните теории на брендирање.

5. Stanley McChrystal: Слушај, учи … потоа води

Неговото повеќе децениско искуство во армијата го преточува во одлични лекции за лидерство.