Зошто е тоа така?
Првин, мислам дека повеќето книги кога станува збор за претприемништво започнуваат со бизнис идеја кога се зборува за препознавање на можност и искористување на таа пазарна можност. Се пишува и зборува за методи и техники за добивање на бизнис идеи, за анализа на најдобри бизнис идеи, за креативност…
Сепак, сето тоа не значи и крај на потребата од знаење, вештини и искуство кога станува збор за генерирање и имплементација на бизнис идеи за вас како еден претприемач. Започнување на бизнис не значи дека сте завршиле со потребата од генерирање на бизнис идеи затоа што бизнис идеи ќе ви бидат потребни секогаш и постојано во текот на растот и развојот на вашиот бизнис.
Второ, општо познато е дека повеќе се преферира еден праволиниски претприемачки процес во кој има почеток и крај, односно започнува со бизнис идеја а завршува со веќе отпочнат бизнис. Но, самото отпочнување на бизнис ќе доведе до многу други бизнис идеи кои може да се искористат за подобрување на:
- Постоечки производи и услуги
- Нови производи и услуги
- Екосистеми на производи и услуги
- Деловни процеси во самиот бизнис
Значи крајот на еден циклус во процесот неминовно ќе доведе до ново започнување на циклусот повторно преку генерирање на идеи и наместо овој пат отпочнат бизнис на крајот од циклусот ќе имате подобрен бизнис што пак повторно ќе доведе до генерирање на нови идеи.
Од друга страна, самиот претприемачки процес не е единствениот кој предизвикува генерирање на нови идеи. Тука сте вие како еден претприемач и вашата креативност, вашата способност за забележување на разни специфики околу вашето опкружување, вашата способност за поглед на малку подлабоко во иднината… Значи и ве како еден претприемач сте генератор, односно треба да бидете генератор на бизнис идеи за вашиот бизнис и во следните фази, а не само во стартап фазата.
Но, вие не сте сам имате и вработени. Многу идеи може да бидат генерирани токму од вашите вработени.
Но, тука се и купувачите кои постојано ќе ги менуваат нивните барања, потреби, желби… И тие се генератори на бизнис идеи за вас како еден претприемач и тоа постојани генератори.
Да не ја отвораме темата за опкружувањето на вашиот бизнис кое исто така има потенцијал и врши притисок постојано врз вашиот бизнис и бара различни промени кои може да бидат презентирани и како идеи.
Од кажаното, гледаме дека претприемачки процес не е праволиниски процес туку кружен, односно циклусен процес кој никогаш не завршува, односно завршува кога бизнисот нема веќе да постои.
Treto, мислам дека премногу се потенцира цврста врска на бизнис идеите само со идеи за производи или услуги. Бизнис идеи не се само идеи за производи или услуги. Подобро е да се каже дека бизнис идеите се се онаа што доведува до креирање на подобра вредност за купувачите. Што значи оваа?
Еве само дел од можни одговори:
- Вредност преку нов производ или услуга.
- Вредност преку подобрени карактеристики на производ или услуга.
- Вредност преку додавање на пдообри бенефити за купувачите во самите производи или услуги.
- Вредност преку подобра испорака на производот или услугата.
- Вредност преку поголем квалитет на производот или услугата.
- Вредност преку помала цена.
Значи, бизнис идеи и процес на генерирање и анализа на бизнис идеи е нешто што постојано ќе ви треба и не смеете да си дозволите да завшите со нив кога ќе го започнете бизнисот бидејќи времето во кое што живееме денес едноставно не го дозволува тоа за вас.
Speak Your Mind