post

Дали имаме премалку време за да завршиме се што сакаме

Оваа прашање често си го поставував во минатото, па дури и сега понекогаш ми поминува во главата. Дали имаме премалку време да завршиме се што сакаме да завршиме?

премалку време

Времето, кога зборуваме за продуктивност претставува ограничена категорија. Не можеме да имаме повеќе од 24 часа во едно деноноќие. Тука нема бегање. Тоа е факт.

Во тој временски интервал освен работните обврски имаме и други лични обврски како основни физиолошки потреби. И кога вака размислувам за времето, лесно се доаѓа до избрзан заклучок дека имаме премалку време и вината е во времето.

Но, сепак тука не можеме ништо да смениме.

Овие неколку месеци бев толку многу зафатен што на пример неколку денови на пат се случува да ми се соберат 500-600 пораки во email инбокост. Еден дел се оние кои не бараат одговори, еден дел се со прашања, еден мал дел се оние несакани пораки, еден дел се приоритетни кои бараат некаква акција итн. Значи иако можеби само 20% од тие пораки се важни за мојата работа 80% бараат некаков вид на процесирање како на пример преглед, бришење или оставање за да ги одговорам подоцна. Приоритетните ги процесирам онака во од без разлика со кој уред го вршам процесирањето и од каде. Но, проблемот останува со оние останати 80% пораки.

Кога станува збор за email одлучив подредување на примени пораки во Inbox-от да го направам така што првин да ми се појавуваат најстарите пораки, а најновите да одат како последни. И само поради една ваква одлука веќе извесен период успевам да го одржувам нивото на пораките во Inbox да биде некаде околу 30-тина. Едноставно за да стигнам до најновите мора барем со погледот да поминам преку некои од постари и конечно да одлучам дали ќе преземам нешто или едноставно ќе го притиснам копчето „Delete” или пак „Архивирај”.

И во една таква ситуација кога сакам да направам нешто не можам ж бидејќи согласно GTD принципот кој го применувам тоа бара повеќе од две минути мое внимание и фокус често пати се случува да стои некоја порака неизбришана затоа што сакам да одговорам но повторно и повторно во моментот кога ќе ја видам бара повеќе од две минути. Поминувајќи денови се случува да поминат и месеци кога веќе ми пука филмот и си велам „зошто веќе се лажам себеси кога нема да стигнам да одговорам, па дури и срамота е да одговорам по неколку месеци” со што едноставно заигрува и копчето „Delete” или „Архивирај”.

Чисто измачување за нешто што сме свесни дека нема да го направиме.

Овој пример и уште десетици други ме доведоа до еден заклучок а тоа е дека:

Не е точно дека имаме премалку време за да завршиме се што сакаме или треба да завршиме, тоа е онолку колку што треба да биде. Проблемот е што сакаме да завршиме премногу работи во невозможен временски рок.

Со вакво однесување само зголемуваме, додаваме, префрлуваме од денес за утре и повторно додаваме за утре пти што листата се зголемува за двапати, па трипати… Па ќе се вратиме ќе избришеме што сме додале и штотуку ќе помислиме дека си го враќаме животот во сопствените раце, повторно експоненцијално зголемување на листата.

За можни решенија заради бегање од една ваква ситуација зборував во епизодата број 24 на претприемачки пат насловена како да направам листа која ќе гарантира успешност.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*