post

Дали вашиот бизнис има проблеми?

Дали вашиот бизнис има проблеми?

Не знам дали денес може да се постави оваа прашање без да се добие позитивен одговор. Колку и да се чини дека ситуацијата е идеална сепак проблемите ќе постојат.

Но, во овој наслов сакам да зборувам за “страшни” проблеми, проблеми поради кои завршува животот на еден бизнис кој со голема еуфорија бил започнат од претприемачот. Нема да навлегувам тука во начинот на решавање на проблемите (ќе бидат потребни десетина книги), туку доволно е за почеток да биднете свесни дека можете да ги имате, а решението самите ќе си го барате.

Генерално постојат 10 клучни проблеми поради кои може да згасне еден бизнис. Што е уште пострашно, овие проблеми не се исклучиви, туку еден проблем поттикнува друг, со што потешко се менаџираат и решаваат.

Кои се тие 10 проблеми?

  1. Проблем поради недоволна продажба. Прв проблем кој може да биде поради сите останати проблеми кои ќе ги наведам претставува недоволна продажба. Јасно е дека бизнис без продажба не е бизнис, едноставно не може да опстане.
  2. Проблем поради заостанување зад конкуренцијата. Вториот проблем кој може да претставува навистина силна причина за пропаѓање е сериозно заостанување зад конкуренцијата. Овој проблем може да биде и причина за недоволна продажба. Во секој случај, не значи дека доколку постои ваков проблем тој е нерешлив. Напротив, овој проблем може да се реши.
  3. Проблем поради нестратешко изведување на деловните активности. Овој проблем претставува голема опасност, особено доколку не се открие навремено и веднаш да се работи на решавање. Колку активности кои што ги изведува бизнисот се стратешки активности? Решението на овој проблем најчесто лежи во водење на евиденција на секојдневните активности на бизнисот, но и секојдневна проверка дали тие активности допринесуваат за исполнување на стратешките цели на бизнисот. На пример, како еден поединец, претприема, доколку водите дневни во кој прецизно ги наведувате сите ваши активности и чекори во еден ден, лесно на крајот од денот ќе забележите дека половина од времето ви отишло на нестратешки активности. Исто е и со бизнисот.
  4. Проблем поради непредвидлива работа на бизнисот. Има па нема работа. Се фаќа едно темпо, па едноставно потребно е да се менува. Причината за ваквите проблеми е непостоење на системи интегрирани во бизнисот на кои ќе се потпира работата на истиот. Системите ќе се менуваат, но сепак клучните активности на бизнисот ќе продолжат да генерираат резултати.
  5. Проблем поради нефункционалноста на сите активности кои ги презема бизнисот. Понекогаш, што и да се направи не оди и не оди. Оваа и не претставува проблем доколку се открие дека нешто не оди и се реагира преку промени и прилагодувања на процесите кои се изведуваат. Но, ќе претставува “страшен” проблем доколку се продолжува со истите и истите активности, а без резултати.
  6. Проблем поради фактот дека трошоците се поголеми од профитот. Слаба продажба, а високи трошоци, нема профит туку загуба. трошоците мора да бидат и постојано да се одржуваат на нивото кое ќе обезбеди профит на бизнисот кој сте го зацртале како цел.
  7. Проблем поради неприфатливоста на пазарот. Постои проблем и кога производот или услугата или пак едноставно бизнисот не се прифаќа од страна на пазарот онака како што сака претприемачот. Тогаш, мора да се вратите во фазата “планирање” каде добро ќе навлезете во онаа што пазарот го сака доколку сакате да бидете прифатени.
  8. Проблем поради несоодветен маркетинг. Слаб маркетинг со високи трошоци, слабо препознавање од страна на купувачите, значи и слаба продажба. Никогаш не ја потценувајте улогата на маркетингот, туку добро разгледајте ги бројките. Можете да започнете од излезот на пари преку маркетинг буџетот и да се вратите до резултатите од секој потрошен денар.
  9. Проблем поради недостаток на соодветен менаџмент. Понекогаш претприемачите сакаат да држат се во свои раце, а растот на бизнисот едноставно не го дозволува тоа. Делегирајте колку што можете побргу.
  10. Проблем поради несоодвете кадар. И најдобриот претприамч и најдобриот менаџер може да биде уништен со несоодветен кадар. Добар систем за регрутација и селекција на вашиот бизнис тим ќе обезбеди да го намалите влијанието на ваквите проблеми.

Добро размислете за овие потенцијални проблеми. Мапирајте се околу нив, па дури и поврзете ги, односно презентирајте ги врските на влијанието и ќе видите како ќе ви наидат идеи за подобрување.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*