Да се донесе одлука не значи ништо се додека не се спроведе донесената одлука. Но, проблемот кој се јавува е тоа што големите одлуки за да се спроведат ќе бараат многу, а во некои случаи и илјадници мали одлуки.
Одлука за подобрување на квалитет на производот ќе бара одлуки за проблемите во производството заради кои се добива крајниот производ со послаб квалитет, ќе бара одлуки на менаџментот на производството за соодветна распределба на човечки ресурси за да се избегне човечкиот фактор во креирање на грешки, ќе бара одлука на менаџерот на производството за воведување на контролни пунктови за да се врши контрола на квалитетот…
Лична одлука за намалување на телесна тежина ќе значи и донесување на одлука за помала исхрана, за поголемо движење, за спортување, за поздрава исхрана… Па, потоа одлуката за поздрава исхрана ќе бара донесување на одлука за тоа која храна спаѓа во групата на здрава храна, па потоа од кога ќе се имплементира таквата одлука, па одлуката за распоред на исхраната, па одлука за следење и мерење на резултатите…
Забележувате дека не е проблематично донесување на крупна одлука, бидејќи секој свесно или потсвесно размислува или пак веќе ја има донесено таквата одлука во својата глава. Поголем проблем лежи во малите, инкрементални одлуки кои произлегуваат од крупната одлука и нивното имплементирање во секојдневниот живот или пак во бизнисот воопшто.
На пример, тешко дека ќе се имплементира одлуката за подобрување на квалитетот, доколку не се имплементира одлуката за најприоритетни елементи во кои треба да се изврши подобрувањето. Тешко дека ќе се имплементира одлуката за најприоритетни елементи во кои треба да се изврши подобрувањето, доколку не се имплементира одлука за начинот на изведување на подобрувањето во тие елементи итн.
Затоа вашиот бизнис бара еден вид на конзистентност во секојдневно донесување на мали одлуки нивна имплементација и тоа се со цел да се реализираат големите, односно крупните одлуки.
Од друга страна, неконзистентноста во спроведување на тием мали одлуки лесно може да доведе до неуспех на големата одлука. Доколку не се придржувате секојдневно на планот за вежбање и јадење и брзо прекинете со имплементација на тие мали одлуки, телесната тежина лесно може да се врати на почетната позиција во која се наоѓала уште пред да ја донесете главната одлука. Затоа, конзистентноста во однос на имплементација, односно спроведување на тие мали одлуки е многу важна во процесот.
Speak Your Mind