post

Епизода #1: Процес на следење и мерење на резултати [подкаст]

Добредојдовте во нашиот нов подкаст насловен како “претприемачки пат”. Исто како и сајтов претприемач, и овој подкаст ќе биде наменет за обработка на теми од претприемништво за претприемачи, при што ќе одиме еден чекор понапред, олеснување и подобрување на вашиот претприемачки пат. Нашата цел е да ви помогнеме да го подигнете патот на нивото кое со сигурност ќе ви обезбеди успех во вашата претприемачка кариера.

Оваа е прва епизода, сигурно дека ќе има многу грешки, особено што сите технички предуслови не се прилагодени онака како што треба, но сепак без да започнеме нема ни да знаеме што треба да подобриме или промениме. Во секој случај очекувам дека по првите десет се ќе биде на свое место.

Планираме овој подкаст да биде неделен подкаст, што значи секоја недела по една нова епизода од различни теми.

Претприемачки пат подкаст

Кликни за слушање

Во оваа прва епизода дискутирам за тоа како целиот процес на следење и мерење кога станува збор за вашиот бизнис го направите поефикасен и поефективен, а при тоа да обезбедите континуирано подобрување за вашиот бизнис. Следниве препораки ги обработувам во подкастот:

  • Оценка на тековните мерки кои што ги следите.
  • Дефинирање на една мерка која навистина има значење за вашиот бизнис.
  • Дефинирање на процес кој секогаш ќе ја потврдува или отфрла мерката која што ја следите.
  • Постојано подобрување на процесот.

Ресурси кои што се споменати во оваа епизода

Транскриптот од оваа епизода можете да го симнете тука.

Следната епизода на подкастингот “претприемачки пат” е предвидена за понеделник 27.05.2013 на тема “Бизнис планот во услови на крајно променливо опкружување“. За да оставите прашање кое ќе биде вклучено во таа епизода одете на страната за подкаст прашања.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*