audio

Епизода #12: Отпадоци или расфрлања во бизнисот

Оваа е дванаесета епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме нова епизода, а во оваа епизода зборуваме за отпадоци или расфрлања во бизнисот и справување со истите.

Претприемачки пат

Темава е доста интересна бидејќи според некои мои анализи и истражувања од терен скоро 60% од деловните активности на малите бизниси припаѓаат на онаа што се нарекува отпадоци. И оваа не се однесува само за малите бизниси, туку и за средните и големите, а да не споменувам пак за државните служби и органи.

Кликни за слушање

Во оваа епизода зборувам за десет критични отпадоци во бизнисот на кои ќе треба да се фокусирате и да ги елиминирате. Седум од отпадоците се оние познати 7W на Тојота, додека осмиот вид на отпад е добро дефиниран од страна на Jeffrey Liker, авторот на книгата The Toyota Way. Деветиот вид на отпадоци се препорачува од некои експерти како нешто за кое новото време го налага кај бизнисите и секако десетиот вид на отпадоци го додавам јас кои пак се цврсто врзани со сегашниот начин на работа на луѓето во компаниите.

Најава за онаа што следува

Следниот подкаст ќе биде на тема Како да го преживеете преоптеретувањето со информации и при тоа да ги трансформирате во резултати за вашиот бизнис, Доколку имате прашања за оваа тема, можете да оставите гласовна порака на подкаст прашања или да напишете прашање преку контакт формата.

Ресурси од епизодата

Во оваа епизода споменувам неколку ресурси меѓу кои и:

Книга: The Toyota Way од Jeffrey Likker

Претприемач линкови: методи и техники за лин стартап и лин менаџмент како филозофија.

Курс: премиум претприемач

Подкаст: Мерење и следење на резултати/перформанси

Транскрипт од оваа епизода

Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.

Се слушаме следната недела со нова епизода на “претприемачки пат”.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*