audio

Епизода #21: 10 елементи со бизнис потенцијална енергија

Се наоѓаме во дваесет и првата епизода на “претприемачки пат” на тема која ќе даде одговор за десетте најважни бизнис елементи кои можат и имаат бизнис потенцијална енергија.

Претприемачки пат

Всушност во оваа подкаст епизода зборувам за еден начин кој го користам во практиката и кој го развивам веќе пет години за да анализирам како бизнисот функционира и кои се слабостите кои бараат подобрување, односно промени. Развојот на оваа теорија започна некаде во 2008 година при што користев иницијална квантификација на повеќе фактори за пресметка на бизнис потенцијална енергија на бизнисот и специфично за секој елемент кој придонесува во интензитетот на таа бизнис потенцијална енергија. Дури пред некој месец кога ги разгледував првите документи за процесите на оваа методологија забележав дека скоро ништо не е исто. Развиените алатки како и процесите кои сум ги користел во почетните денови еволвирале и се развивале да денес се сосема различни. Едно нешто е исто, идејата на која започнав да ја базирам оваа теорија.

Кликни за слушање

Во секој случај, во оваа епизода на “претприемачки пат” зборувам за тие десет елементи кои се значајни и кои може да ви помогнат да размислите за подобрување на вашиот бизнис. Можеби навлегувам малку и во математиката, сепак се обидов да го презентирам сето тоа колку што можев поедноставно.

Значи со слушањето на оваа епизода на претприемачки пат ќе:

  • Слушнете за една методологија која ја користам во пракса базирана на теорија на бизнис потенцијална енергија.
  • Ги дознаете десетте најважни елементи со бизнис потенцијална енергија на кои треба да се фокусирате.
  • Знаете како да ја пресметате бизнис потенцијалната енергија на вашата бизнис идеја.
  • Стекнете сознанија за еден процес во кој енергијата се пренесува од еден елемент во друг и од еден вид во друг вид (од потенцијална во кинетичка).

Транскрипт од оваа епизода

Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.

Најава за онаа што следува

Следниот подкаст ќе биде на тема “Што доколку сеуште не постои пазар за вашата идеја/иновација”. Бидејќи главната тема на претприемач за оваа година е иновација и иновативност, така и подкастот „претприемачки пат” ќе се вклучи повеќе во истата иако во секоја епизода се обидувам да зборувам нешто за темата. Сметам дека темата за следната епизода е доста интересна и ќе се обидеме да навлеземе подлабоко во оваа една специфична ситуација.   Доколку имате прашања за оваа следна тема, можете да оставите гласовна порака на прашања за подкаст.

 

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*