audio

Епизода #22: Што доколку не постои пазар за вашиот иновативен производ?

Продолжуваме со дваесет и втората епизода на “претприемачки пат” на една доста интересна тема преку која ќе се обидам да ве воведам во еден процес кој можете да го примените доколку сеуште не постои пазар за вашиот иновативен производ.

Претприемачки пат

Што се случува доколку имате идеја за извонредна иновација која може во целост да го промени досегашниот начин на решавање на проблем на купувачот или пак некоја негова потреба а сеуште таков пазар не постои, односно нема такви купувачи? Едноставно практиката познава во такви случаи само голем број на неуспеси од страна на претприемачите или менаџерите во големите компании. Нема пазар, нема купувачи нема ниту да знаете дали вашиот иновативен производ е ОК и дали сте на вистинскиот пат. Кога нема производ нормално е дека нема ни пазар за тој производ.

Како да излезете со вистинскиот одговор од оваа ситуација која наликува на проблемот за тоа кој е постар кокошката или јајцето? Во овој случај производот или пазарот?

Во оваа дваесет и втора епизода на претприемачки пат се наоѓа одговор на оваа прашање, односно дава одговор на тоа како да изиграте најсоодветно и на крајот да победите во играта која токму вие ќе ја креирате.

Кликни за слушање

Значи со слушањето на оваа епизода на претприемачки пат ќе:

  • Дознаете какви иновативни производи постојат.
  • Бидете спремни да излезете од една непријатна ситуација кога сеуште нема пазар за вашиот производ.
  • Слушнете за еден соодветен процес кој можете да го примените во ситуација кога сеуште немате ниту производ ниту пазар за вашата иновативна идеја.

Транскрипт од оваа епизода

Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука (следува) доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.

Најава за онаа што следува

Следната епизода ќе биде на тема “Екосистеми за иновација” во која ќе навлеземе малку повеќе во онаа што повеќе пати тука на претприемач го кажував, а тоа е дека за една успешна иновација мора да постои добро дизајниран и силен екосистем за иновација. Доколку имате прашања за оваа следна тема, можете да оставите гласовна порака на прашања за подкаст.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*