Имате идеја за навистина крупна иновација со која сакате да го смените досегашниот начин на решавање на некој проблем или задоволување на потреба на купувачите. И сето тоа е ОК, но дали можете сами како претприемач и како бизнис да ја изнесете иновацијата на пазарот, односно до рацете на купувачите. Веројатно нема да можете. Зошто? Затоа што поголемиот дел на овие иновации функционираат преку екосистем за иновација во кој се вклучени и многу други страни со одредена одговорност и придонес за успех.
Кликни за слушање
Значи со слушањето на оваа епизода на претприемачки пат ќе:
- Откриете што всушност претставува екосистем за иновација преку два примери.
- Слушнете за можни чинители на тој екосистем за иновации преку практични примери.
- Дознаете три групи на чинители на еден екосистем за иновација кои ќе треба да ги земете во предвид уште пред да започнете со самиот процес на иновирање.
Оваа епизода на претприемачки пат наменета на екосистем за иновации претставува само почеток во расветлување на феноменот на иновирање на денешницата но и утрешницата.
Транскрипт од оваа епизода
Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука (следува) доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.
Најава за онаа што следува
Следната епизода ќе биде на тема “Да направам листа која ќе гарантира успешност” во која ќе зборувам малку за темата која и претходно ја имам начнувано на претприемач и која има за цел да обезбеди поголема ваша лична продуктивност. Од друга страна некои идеи кои ќе ги презентирам имаат потенцијал да обезбедат успех во обезбедување на поголеми резултати со многу помал вложен труд. Доколку имате прашања за оваа следна тема, можете да оставите гласовна порака на прашања за подкаст.
Speak Your Mind