audio

Епизода #26: Што се случува со некупувачите, кои се и што правите во однос на нив?

Да продолжиме со дваесет и шестата епизода на “претприемачки пат” во која станува збор за некупувачите тема која што исто така е поврзана со иновации и подобрување на и раст на вашиот бизнис.

Претприемачки пат

Во оваа епизода на “претприемачки пат” ќе начнам една тема која што често пати се заборава едноставно поради огромниот фокус кој го насочуваме кон купувачите, односно кон целниот пазар во кој се наоѓаат тековните купувачи и потенцијални купувачи. Прашањето е што можеме да добиеме доколку во нашите стратегии и планови за иднината ги вклучиме и некупувачите? Звучи збунувачки, но сепак имам забележано големи постигнувања на бизнисите со едноставно користење на некупувачите во дефинирање на идните стратегии за компанијата.

Од трите групи на некупувачи и соодветно постапување со нив, вашата компанија може да влезе во процес на континуирано подобрување на процесите, постојано подобрување на тековни производи, раст преку проширување на асортиманот на производите, подобрување на тековните производи и иновација на сосема нови производи.

Кликни за слушање

Со слушањето на оваа епизода на претприемачки пат ќе:

  • Дознаете зошто треба и оние кои не се купувачи за вашата компанија да ги вклучите во вашите стратегии.
  • Дознаете кои три вида на некупувачи се важни за вас и вашиот бизнис.
  • Дознаете што можете да направите во однос на тие некупувачи за да ги доближите до вашиот целен пазар.

Транскрипт од оваа епизода

Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука (следува) доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.

Најава за онаа што следува

Следната епизода ќе биде на тема „стандардизирање на процеси во вашата компанија” во која ќе зборувам за некои идеи во однос на стандардизацијата како и улогата на стандардизирање во обезбедување на стабилни системи за континуирано подобрување и иновација во вашата компанија. Доколку имате прашања за оваа следна тема, можете да оставите гласовна порака на прашања за подкаст.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*