Во оваа и во следните неколку епизоди на “претприемачки пат” ќе се фокусираме на темата за продуктивност, поточно за ефективно менаџирање на времето за еден претприемач. На некој начин и оваа тема ќе биде поврзана со двете претходни во кои зборував за стандардизација и стабилизација на вашите работни процеси, бидејќи доколку се знае што треба, односно што мора да се направи ќе биде и полесно менаџирање на времето во вашиот бизнис.
Ефективно менаџирање на времето не потребно само за вас како еден претприемач. Вие имате и тим од вработени кои исто така треба да бидат продуктивни и квалитетно да си ја извршуваат сопствената работа во еден оптимален временски период. Затоа и сметам дека е важно да се фокусирате и на овие подобрувања во вашата компанија.
Кликни за слушање
Со слушањето на оваа епизода на претприемачки пат едноставно вие ќе:
- Дознаете како да започнете со процесот на ефективно менаџирање на времето.
- Какви категории на работни задачи постојат за кои вие како еден претприемач сте одговорни и ќе треба да ги сработите.
- Каков вид на време трошите во вашата секојдневна работа и кое од тоа време претставува рафрлање, односно “ѓубре” кое ќе треба да го отфрлите, а кое допринесува за реализација на вашите цели.
Транскрипт од оваа епизода
Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука (следува) доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.
Најава за онаа што следува
Следната епизода ќе биде на тема “систем за ефективно менаџирање на времето во вашиот бизнис” при што ќе зборувам за некои планови, справување со неизвеснота и случајности, најдобар систем за вашата продуктивност и други елементи кои ќе придонесат да имате еден ефективен систем за менаџирање на времето. Доколку имате прашања за оваа следна тема, можете да оставите гласовна порака на прашања за подкаст.
Speak Your Mind