audio

Епизода #31: Kако да бидете и останете поорганизиран претприемач

Ќе продолжам со триесет и првата епизода на “претприемачки пат” во која повторно продолжуваме со продуктивноста односно како да бидете и останете поорганизиран претприемач.

поорганизиран претприемач

Добро, веќе најавив дека до паузата со овие епизоди на “претприемачки пат” фокусот ќе биде на темата продуктивност, поточно за ефективно менаџирање на времето за еден претприемач што значи и обезбедување на поголема организираност како дел од тие напори.

Со оваа епизода сакам да поставам две клучни цели за вас како еден претприемач. Прво да бидете поорганизирани и второ да останете поорганизирани. Едноставно не е доволно само да станете поорганизиран претприемач бидејќи промени кои ќе ги направите за да ја постигнете оваа цел не гарантираат дека тие ќе бидат вткаени во вашиот начин на работа. Постигнување на втората цел бара и промена на навики, односно промените да станат навики во секојдневно ваше работење кои постојано ќе се унапредуваат и подобруваат од ден на ден.

Кликни за слушање

Со слушањето на оваа епизода на претприемачки пат едноставно вие ќе:

  • Дознаете што се случува кога сте слабо организирани, или зошто слабата организација доведува до подолго време за изведување на задачите?
  • Дознаете за некои работи кои ќе треба да ги преземете за да биднете и останете поорганизиран?
  • Слушнете за две вида на систем за подобра организација на вашето работно место.
  • Дознаете за неколку категоризации на задачи кои можете да ги користите во вашиот план, односно “да направам” листа.

Транскрипт од оваа епизода

Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука (следува) доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.

Најава за онаа што следува

Следната епизода ќе биде на тема “каде најмногу губите време и како да се справите со овој проблем”.  Значи продолжувам со оваа тема за ваша лична продуктивност како еден претприемач. Доколку имате прашања за оваа следна тема, можете да оставите гласовна порака на прашања за подкаст.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*