Во оваа епизода дискутирам за една алатка, односно техника која ја имам развиено за да ги рангирам повеќето бизнис идеи кои ги имаат претприемачите со кои што работам кога сакаме да бидеме сигурни дека вредноста на избраната идеја, односно бизнис потенцијалната енергија на истата е најголема.
Едноставно, постоење на повеќе бизнис идеи е нормална работа, но избор на една или комбинација на неколку од повеќе бизнис идеи претставува првиот чекор за да започнете со имплементација на бизнис идеите. Идеите се бесплатни. Самото доаѓање до бизнис идеи ниту бара вложување на труд, енергија ни пари. Но, имплементацијата е нешто што на крајот се оценува, мери и вреднува. Имплементацијата ќе каже дали сте успеале или не.
Затоа ви требаат алатки за анализа и рангирање на бизнис идеите.
За што станува збор?
Во оваа епизода дискутирам за следниве работи:
- Техника на термометар за ниво на спремност, односно подготвеност на купувачите да платат за решението кое претставува резултат на вашата бизнис идеја.
- Кои се клучните елементи на термометарот кои го опишуваат нивото на подготвеност на купувачите да платат за вашето решение?
- Кои се oсновните работи кои ќе треба да ги направите како еден претприемач во зависност од тоа во кое ниво на подготвеност за плаќање се наоѓаат купувачите?
Цитати од подкастот
- Колку поголема бизнис потенцијална енергија има во бизнис идејата, толку поголема ќе биде и веројатноста за успех на бизнисот.
- Сигурно не сакате да го вложите сиот ваш труд, енергија и пари во бизнис идеја која не гарантира дека купувачите ќе платат за тие производи или услуги.
- Вашата задача е да се прилагодувате, да работите на развојот на вашите купувачи, а притоа прилагодувајќи ја вашата бизнис идеја, вашето решение и вашиот производ и услуга.
Прашање: Какви критериуми вие користите за анализа и вреднување на повеќе бизнис идеи за да ги приоритизирате истите? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.
Speak Your Mind