Во оваа епизода зборувам за “Зголемување на вашата моќ за набљудување”. Набљудување е кога следите што се случува околу вас и вашиот бизнис и колку сте подобри во набљудувањето, толку подобри податоци и информации ќе можете да соберете кои ќе ви бидат од непроценлива вредност кога донесувате клучни одлуки за вашиот бизнис.
За што станува збор?
Во оваа епизода дискутирам за следниве работи:
- Што претставува набљудување, зошто се користи и зошто е потребно за вас како претприемач и вашиот бизнис?
- Што прават добри набљудувачи?
- Како најефикасно и најефективно да користите белешки за целите на вашето претприемачко набљудување?
- Што да користите како можна алатка за да го интегрирате набљудувањето како навика во секојдневниот живот?
- Кои алатки можете да ги користите за целите на набљудувањето?
- Кои чекори ќе треба да ги спроведете врз белешките за да ги синтетизирате и анализирате податоците од нив?
Цитати од подкастот
- Добрите набљудувачи се фокусираат на вистинскиот настан кој треба да го набљудуваат, но и само на важните активности во тие настани, прават белешки преку опис или цртање на графици на се она што го забележале.
- Креирање на белешки ќе ви овозможи да ги квантифицирате податоците.
- Но, белешките не служат само да се запишат и да се продолжи понатаму… Тие треба да се анализираат.
- Секогаш кога можете обидете се да користите бројки, како на пример купувач пред да одлучи да купи колку пати е контактиран, колку пати се јавил…
- Секоја недела или месец разгледајте го вашиот дневник. Не мора детално да се концентрирате на се што сте набљудувале, едноставно преку скенирање на секој ваш ден во тој период извлечете ги клучните работи кои што ви се случиле.
Прашање: Дали како еден претприемач го користите набљудувањето? Кои алатки и тактики користите? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.
Speak Your Mind