Веќе месец дена Google+ (последниот обид на Google со социјални медиуми) e на глобалната сцена. Во ова време се појавија многу вести, многу пофалби и напаѓања, многу шпекулации во однос на „големата преселба на народите“…
Не сакам воопшто да навлегувам во тоа дали Google+ ќе биде закана за Facebook или за Twitter или пак за некоја друга социјална мрежа бидејќи единствено што знам е дека Google+ е тука веќе поставен на сцената (иако сеуште во тест период и само со покани), има брз раст, има подршка од повеќе луѓе на глобално ниво оние првите кои започнуваат и креваат врева за социјалните медиуми и секако има влијае на подобрување на искуството на социјалните медиуми.
Особено ова последното е нешто што покажува дека е добро да постои конкуренција, Facebook вќе е во оној иновативен модалитет.
Од друга страна иако ова е нов играч на пазарот (претходните обиди беа неуспешни) сепак не треба да се заборави дека има голема предност:
- Искуство и знаење од претходните промашувања,
- Комбинација на најдобрите елементи од најуспешните и отфрлање на сето она што не додава вредност и
- Има други производи кои останатите конкуренти ги немаат (пребарувач, Google Places, Docs, AdWords, AdSense, Gmail, Chrome, YouTube…)
Замислете ја само вистинската комбинација со овие производи и една социјална мрежа. На пример, со Google Docs може да се отвори широк спектар на real time групна соработка преку една социјална мрежа. Со Google AdWords би се добил конечно еден вистински систем за таргетирани реклами на социјални мрежи (што го сметам како една од најголемите слабости на Facebook во моментов иако имаат некои подобрувања, но сеуште се далеку од контекстуални реклами).
Но, дали Google+ ќе биде нешто корисно за бизнисите и особено малите бизниси?
Интересно прашање и секогаш важно пред еден претприемач да започне да гради присуство на некоја платформа. Но, она што е важно во овој момент е дека сеуште Google+ нема излезено со некоја официјална понуда за бизнисите. Дури и оние кои направија личен профил за да го презентирааат својот бизнис едноставно ги снемува (се бришат од страна на Google). Официјално е најавено дека набргу ќе излезат со една таква понуда и дека е најдобро да се почека бидејќи во моментов работат со одреден број на компании за подготовка на платформата за бизнисите.
Затоа и не можеме да дадеме еден конечен и квалтетен одговор на тоа дали ќе биде корисен за бизнисите, едноставно можеме да анализирам и да претпоставуваме. Но, она што во овој момент секој претприемач би требало да се запраша е следново:
- Дали моите потенцијални купувачи ќе бидат присутни на оваа нова социјална мрежа?
- Дали персоната, односно профилот на мојот идеален купувач може да одговара на она што во моментов се нуди на оваа социјална мрежа?
- Дали можам на некој начин и како да ја искористам оваа нова социјална мрежа за зајакнување и подобрување на односите со моите купувачи како и испорачаната вредност на мојот бизнис?
- Што би можел да понудам преку оваа социјална мрежа и дали тоа што можам да го понудам ќе биде вредно за моите потенцијални купувачи?
Ова се основните прашања на кои еден претприемач би требало да побара одговор.
Од друга страна, по скоро едномесечно користење на Google+ би навел и некои можности за малите бизниси кои едноставно ми навлегоа во глава.
- Прво што ми падна на памет е бреинсторминг сесии. Едноставно еден круг за лица со кои ќе бреинстормирате и сите учесници ќе имаат круг за таа специфична тема на бреинстормирање.
- Едноставно следење на ажурирања и персонализирање на истите ќе овозможи постојано учење на нешто ново.
- Hangout овозможува видео конференциска врска за до 10 лица.
- Продуктивна соработка со колеги заради подобрување на продуктивноста кај вашиот тим.
И за крај повторно, дали Google+ ќе биде корисен за малите бизниси?
Моето мислење е да, но сепак треба да почекаме да видиме како ќе се зголемува бројот на корисниците, каков профил на корисници ќе бидат присутни, што ќе понудат во однос на бизнис профили и секако во која насока ќе се движи идниот развој на социјалните медиуми бидејќи сепак ова е само почеток
.
Speak Your Mind