post

Идеи кои можете да ги искористите од Септември 2011

Претприемач

Претприемач

Кои се најкорисните идеи кои можете да ги искористите од минатиот месец кога станува збор за вашиот бизнис и искуство како еден претприемач? Овој месечен серијал на постови ги издвојува најдобрите наслови кои ќе влезат во страната Започни тука на претприемач на крајот на годината.

Оваа издание ќе го започнам со малку статистика. Во септември 2011 имаше 54 постови на претприемач. Ова е повеќе од вообичаено поради фактот што оди предизвикот за блогирање за бизнис во 30 дена. Оваа недела ќе заврши предизвикот но ќе започнеме со нов насловен како Подобри го твојот бизнис за 77 дена. Заклучно со 30.09.2011 има објавено 804 постови. Целта е да се стигне до 1000 до крајот на оваа година, но ќе видиме дали ќе може да се реализира.

Овој месец ја завршивме реализацијата на Бизнис совети 101 кој има за цел да ги групира многуте постови во еден прирачник кој може да ви помогне за вашиот бизнис. Но, она што ќе следува како на претприемач, така и на билтените и премиум претприемач носи голема возбудливост. Во секој случај ќе има многу промени, многу материјали и многу едукативни содржини.

Значи во септември на претприемач беа објавени вкупно 54 постови, да видиме кои може да влезат во категорија на најдоброто согласно идеите и посетеноста.

Започнување на бизнис

Започнување или стартапот е директно поврзано со претприемништво и претприемач. Но, сите три содржат и неизвесност, а неизвесноста е ризик. Многу елементи се поврзани директно со тебе – претприемачот. Сепак започнувањето иако можеби е најтешкиот тој е и највозбудливиот дел.

Продажба

Маркетинг

Бизнис план

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*